Преглед



ford

Опуштање и освежување

Кога веќе паметната технологија беспрекорно работи во Вашата куќа, тогаш би требало истото да го прави и во Вашиот автомобил. Затоа, потполно новата Ford Fiesta е опремена со SYNC 3 системот (во верзиите Zetec и нагоре) за да го олесни живеењето, со системот B&O PLAY (опција) кој го прави животот позабавен и панорамскиот кров кој може да се отвори за да го направи секое возење уште попријатно. Подгответе се да го откриете ова и уште повеќе – во простор така уреден да Ви овозможи целосна удобност и практичност која ја посакувате.

ford

Уживајте во перформансите. Радувајте се на економичноста

Зошто би морале да бирате помеѓу стимулирачки перформанси и економичност која заштедува пари? Со потполно новата Ford Fiesta можете да имате сé. Под ваша команда е 1,0-литарски Ford EcoBoost бензински мотор, петкратен носител на титулата Меѓународен мотор на годината (International Engine of the Year). Автоматскиот систем Start-Stop Ви помага да заштедите гориво секој пат кога ќе застанете на семафор. И софистицираната динамика на возењето и прецизното ракување овозможуваат надградено, бескромпромисно искуство во возењето.

ford

Вашата безбедност и сигурност се приоритет

Потполно новата Ford Fiesta нуди низа на напредни технологии осмислени да ве заштитат Вас, Вашите сопатници и Вашето возило во случај на несреќа. Клучните функции вклучуваат помош пред судир (Pre-Collision Assist) и Заштитници на рабовите на вратите (Door Edge Protectors). Исто така, постојат и голем број други системи, од кои некои се првенствено направени за да спречат несреќа.


Bookmark & Share