Безбедност и сигурност

Потполно новата Ford Fiesta нуди низа на напредни технологии осмислени да ве заштитат Вас, Вашите сопатници и Вашето возило во случај на несреќа. Клучните функции вклучуваат помош пред судир (Pre-Collision Assist) и Заштитници на рабовите на вратите (Door Edge Protectors). Исто така, постојат и голем број други системи, од кои некои се првенствено направени за да спречат несреќа.


ford

Систем кој може да помогне во заштита на пешаци

Помошта при судар со детекција на пешаци открива возила и пешаци до 130 метри нанапред, или оние кои може да го пресечат патот на возилото и предпредува за нивното присуство. Ако не одговорите, системот автоматски ја користи кочницата. Оваа технологија е смислена да помогне во намалување на последиците од несреќа или целосно да ги избегне. И да, функционира не само при брзина од 50 km/h, туку и навечер.
ford

Воздушни перничиња за Ваша заштита од сите агли

Покрај воздушните перничиња за возачот и совозачот, страничните воздушни перничиња пружаат заштита на градниот кош, а направени се да го насочат возачот подалеку од зоната на сударот. Исто така, во можност се да ја подигнат раката на патникот обезбедувајќи поголем простор помеѓу него и структурата која упаѓа. Воздушните завеси овозможуваат максимална покриеност, а потпирачите за глава пружаат заштита од удар од позади. Со предните и задните безбедносни појаси со предзатегачи и граничници за оптоварување, со потсетник за безбедносен појас, Fiesta помага Вашата безбедност да се стави на прво место.

ford

Безбедност на високо ниво

Со двојна блокада, вратата не може да се отвори од внатрешна страна, дури и ако обидот за влез е направен со кршење на страничното стакло. За да ја активирате двојната блокада, сé што треба да направите е да притиснете два пати на копчето "заклучи" на привезокот за клучот. Безбедносниот систем Thatcham категорија 1 е вграден на верзијата Zetec и нагоре како стандардна опрема и вклучува периметарски аларм и двојна блокада.

ford

Напреден систем за подобра контрола на кочењето

Анти-блокирачки систем за сопирање (ABS) и електронско распределување на силата на сопирање (EBD) се комбинирани да ви обезбедат поконтролирано сопирање. Помошта при сопирање во итни ситуации, исто така, им помага на Вашите кочници да бидат поефикасни во вонредни ситуации. Тие работат чувствувајќи ја количината на притисок кој сте го примениле на педалата и автоматски го зголемуваат, доколку е потребно.

ford

Безбедно ја одржува Вашата приколка во линија

Контролата на занесување на приколката открива поместување на правецот на приколката и ја намалува брзината на Вашето возило за да го реши проблемот, со што го контролира влечењето. Системот го успорува возилото со намалување на вртежите на моторот и постепено зголемување на притисокот на кочењена сите тркала.

ford

Предупредување од позади при остро кочење

Ако морате остро да закочите во итни случаи, сигналните светла (четири трепкачи) се вклучуваат автоматски за да ги предупредите останатите возачи и учесници во сообраќајот. Светлото за кочници, исто така, трепери, предупредувајќи ги возилата позади Вас за одредена потенцијално опасна ситуација.

Bookmark & Share