Возачко искуство

Технологијата секогаш треба да има намена. А кога ќе ја стартувате потполно новата Ford Fiesta, Вие оживувате низа интелигентни функции и системи. На пример, активна помош при паркирање (Active Park Assist), прилагодлив темпомат (Adaptive Cruise Control), помош при одржување правец (Lane Keeping Aid), препознавање на сообраќајни знаци... Подгответе се да доживеете технологија толку паметна и толку корисна што ќе се запрашате како досега сте возеле без неа.


ford

Опуштање и освежување

Кога веќе паметната технологија беспрекорно работи во Вашата куќа, тогаш би требало истото да го прави и во Вашиот автомобил. Затоа, потполно новата Ford Fiesta е опремена со SYNC 3 системот (во верзиите Zetec и нагоре) за да го олесни живеењето, со системот B&O PLAY (опција) кој го прави животот позабавен и панорамскиот кров кој може да се отвори за да го направи секое возење уште попријатно. Подгответе се да го откриете ова и уште повеќе – во простор така уреден да Ви овозможи целосна удобност и практичност која ја посакувате.

ford

Уживајте во перформансите. Радувајте се на економичноста.

Зошто би морале да бирате помеѓу стимулирачки перформанси и економичност која заштедува пари? Со потполно новата Ford Fiesta можете да имате сé. Под ваша команда е 1,0-литарски Ford EcoBoost бензински мотор, петкратен носител на титулата Меѓународен мотор на годината (International Engine of the Year). Автоматскиот систем Start-Stop Ви помага да заштедите гориво секој пат кога ќе застанете на семафор. И софистицираната динамика на возењето и прецизното ракување овозможуваат надградено, бескромпромисно искуство во возењето.
ford

Вашата безбедност и сигурност се приоритет

Потполно новата Ford Fiesta нуди низа на напредни технологии осмислени да ве заштитат Вас, Вашите сопатници и Вашето возило во случај на несреќа. Клучните функции вклучуваат помош пред судир (Pre-Collision Assist) и Заштитници на рабовите на вратите (Door Edge Protectors). Исто така, постојат и голем број други системи, од кои некои се првенствено направени за да спречат несреќа.

ford

Напреден систем кој ќе Ви помогне да останете во својата лента

Системот за држење на правец користи камера со поглед напред за да открие дали ненамерно излегувате од лентата. Lane Keeping Alert Ве предупредува со вибрации на воланот и прикажува визуелни предупредувања. Доколку бавно реагирате или не одговорите, Lane Keeping Alert може да Ви асистира со вртење на воланот за да Ви помогне безбедно да се вратите во десната лента. Технологијата е смислена за патишта со повеќе ленти (како што се автопатиштата), така што автоматски ќе се деактивира на брзина под 65 km/h или може рачно да се исклучи.

ford

Ги гледа патните знаци кои може сте ги пропуштиле

Независно дали се знаци од страна на патот или над него, трајни или привремени, системот за препознавање на сообраќајни знаци може да ги идентификува. На инструмент таблата се појавува икона од брзината или знакот за престројување и секој пат кога ќе внесете нов лимит.

ford

Ви помага да гледате, без да ги заслепите другите

Корисен помошник за ноќно возење, системот Auto High Beam привремено ги намалува високите светла кога ќе открие возило кое надоаѓа или возило пред Вас, со што спречува да ги заслепите другите возачи. Потоа автоматски ги враќа високите светла, овозможувајќи Ви максимална видливост.

ford

Серво асистенција во управувачот која одговара на секоја ситуација

Електро – серво асистенцијата во управувачот (EPAS) автоматски се подесува според брзината и условите за возење. При ниски брзини системот го прави вртењето полесно, со подобрување на маневрирањето. При високи брзини, кога Ви е потребна поголема контрола, се грижи за "цврсто" управување. EPAS воедно ги зема во предвид и ветровите и другите услови за возење, додека активната контрола ја намалува секоја непосакувана вибрација на управувачот.


Bookmark & Share