Комфор и удобност

Кога веќе паметната технологија беспрекорно работи во Вашата куќа, тогаш би требало истото да го прави и во Вашиот автомобил. Затоа, потполно новата Ford Fiesta е опремена со SYNC 3 системот (во верзиите Zetec и нагоре) за да го олесни живеењето, со системот B&O PLAY (опција) кој го прави животот позабавен и панорамскиот кров кој може да се отвори за да го направи секое возење уште попријатно. Подгответе се да го откриете ова и уште повеќе – во простор така уреден да Ви овозможи целосна удобност и практичност која ја посакувате.


ford

Вашата омилена музика – онака како би требало да се слушне

Каков и да е Вашиот музички вкус, заслужува звук каков што го замислил уметникот. И токму тоа можете да го очекувате од својата нова Fiesta. Зошто? Затоа што е достапна со B&O PLAY системот. Овој врвен аудио систем од 675 W дава богат и моќен звук преку 10 звучници, вуфер и субвуфер. Оваа напредна технологија е специјално смислена, развиена и фино подесена за Fiesta од страна на специјалист – акустичар за B&O PLAY. Затоа уклучете го и уживајте во омилените бендови и песни – во концертната сала во која се претвара кабината на Вашиот автомобил.

ford

Беспрекорна технологија која можете да ја контролирате со гласот

Ford SYNC 3 е најсовремен систем кој Ви овозможува да останате поврзани и да го контролирате својот телефон, музика и навигациски систем со интуитивните гласовни команди или 8" екран во боја осетлив на допир. Се поврзува со Apple CarPlay и Android Auto, а со Applink можете да си дозволите некоја од омилените апликации за паметни телефони, вклучувајќи и Spotify. Live Traffic, исто така, Ви помага да избегнете гужви во сообраќајот. Дури можете да се јавите на листа на локални ресторани само со изговарање на "Јас сум гладен" или да пристапите до водичот Michelin - како би Ви помогнал да изберете и резервирате место.

ford

Голем панорамски покрив за полесно, воздушно чувство

За разлика од останатите мали автомобили со нејзината величина, оваа Fiesta доаѓа со опција за луксузен дводелен стаклен панорамски покрив. Тој се отвара или лизга наназад преку задниот дел на покривот – за да се направи лесен и воздушен внатрешен простор. Додека покривот овозможува природното светло да навлезе во внатрешноста, соларните рефлекторски стакла ја зачувуваат ладовината и Ве штитат од UV зрачења. Со притискање на тастерот, електрично управуваната кровна "ролетна" Ви овозможува да го покриете или откриете покривот.

ford

Простор за испружање на Вашите нозе

Со паметно искористениот простор, Fiesta Ви дава доволно простор за нозете и напред и позади – повеќе од било кога претходно. И затоа што задните седишта имаат издолжени тенки наслони, Вашите патници имаат поголема удобност.

ford

Седишта и управувач кои Ве загреваат

Грејачи на предните седишта за возачот и совозачот се достапни како опција. Постојат три различни нивоа на топлина; лесно можете да ги одберете со притискање на копче кое ги контролира левото и десното седиште, а црвеното светло прикажува кое ниво на топлина сте го одбрале. Без разлика дали е ледено утро, ладен ден или ноќ во која сé замрзнува, загреаниот управувач, исто така, гарантира дека ќе ги загрете рацете подобро отколку со пар ракавици.

ford

Нема клучеви - нема проблеми

Пријдете му на Вашиот автомобил и Ford KeyFree системот ќе го почувствува присуството на Вашиот клуч и, кога ќе седнете, нема потреба од клуч за стартување на моторот. Само притиснете на педалата за кумплунг, притиснете го копчето за стартување на моторот Ford Power и моторот "оживува".

Bookmark & Share