Перформанси и ефикасност

Зошто би морале да бирате помеѓу стимулирачки перформанси и економичност која заштедува пари? Со потполно новата Ford Fiesta можете да имате сé. Под ваша команда е 1,0-литарски Ford EcoBoost бензински мотор, петкратен носител на титулата Меѓународен мотор на годината (International Engine of the Year). Автоматскиот систем Start-Stop Ви помага да заштедите гориво секој пат кога ќе застанете на семафор. И софистицираната динамика на возењето и прецизното ракување овозможуваат надградено, бескромпромисно искуство во возењето.


ford

Поголема сила. Поголема економичност. Поголемо уживање

Револуционерниот 1,0-литарски трицилиндричен Ford EcoBoost бензински мотор Ви дава сила која би ја очекувале од конвенционален 1,6-литарски мотор, но постигнува поекономична потрошувачка на гориво и пониска емисија на CO2, 97 g/km. Двојна победа! Исто така, можете да одберете 1,1-литарски TiVCT мотор кој Ви дава до 85кс, со што емисијата се намалува на само 82 g/km.

ford

Дизел моќност

Преферирате дизел? Тогаш одлучете се за 1,5-литарски TDCi мотор дава 85кс и постигнува штедлива економичност од 2,66 l/100 km (во комбиниран циклус) со емисија на CO2 од само 82 g/km во верзија со три врати и 3,3 l/100 km со емисија од само 84 g/km во верзија со пет врати. Ако сакате уште повеќе сила и економичност, моторот со 120кс Ви овозможува потрошувачка од 2,66 l/100 km (во комбиниран циклус) и емисија на CO2 од 89 g/km.

ford

Потрошете помалку гориво со системот Auto Start-Stop

Кога стоите на семафор или Вашата Fiesta се движи во колона, оваа технологија може автоматски да го исклучи моторот, но сепак да овозможува снабдување со струја на основната опрема како предните светла, клима уредот и Ford SYNC 3 системот. Кога сте подготвени да тргнете, само притиснете ја педалата за кумплунг или гас на верзиите со автоматски менувач и моторот повторно почнува да работи. Auto Start-Stop е особено економичен во град, каде може да ја намали потрошувачката на гориво до 10% (урбан циклус).

ford

Економичност со притискање на копче

Генијалната функција на новата Ford Fiesta е Eco Button. Притиснете за да го уклучите, а со системот и подесувањата, прилагодете го за да заштедите гориво. На пример, може да се намали брзината на забрзување, бројот на вртежи на моторот во лер, како и брзината на вентилаторот на клима уредот. Во комбинација, сите овие мали ставки може да направат голема разлика.

Bookmark & Share