Ви го претставуваме FORD B-MAX

Новиот Ford B-MAX е развиен специјално за урбаните возачи. Иако има компактна големина, генијалниот систем за врати со лесен пристап отвора влез со широчина од 1,5 m кон пространиот и префинет ентериер, најдобар во својата класа.  

Покрај уникатниот дизајн, B-MAX има голем број технологии што го прават возењето полесно, попријатно и поефикасно. На пример, активното сопирање во град спречува судирање при  бавен сообраќај така што автоматски ќе сопре наместо вас ако биде потребно. Со Ford SYNC можете да ја контролирате музиката и мобилниот телефон со едноставни гласовни наредби, а системот може да ги чита дури и вашите текстуални пораки. Револуционерниот бензински морот EcoBoost од 1,0 литри дава моќност од 1,6 литри и е најекономичен во својата класа. 

 

Дознајте повеќе за новиот и генијален Ford B-MAX: дизајнот, искуството во возењето, изведбата, ефикасноста и безбедносните карактеристики.


Bookmark & Share