Задоволство во градското возење

Со новиот B-MAX возењето низ град е полесно и попријатно, благодарение на напредните технологии за возење и група карактеристики од кои ќе се изненадите кога ќе ги сретнете во возило од неговата големина. Кога ќе го додадете уникатниот систем на врати, тогаш возилото ќе ги исполни сите потреби на модерниот возач.

  • Возачка Технологија

    B-MAX е опремен со најдобра технологија во својата класа за да ви помогне во секој аспект од возењето.

    B-MAX сопира наместо вас за да спечи судир при мали брзини

    Иновативниот систем за активно сопирање во град ви помага да ублажите, па дури и да спречите судир кога сообраќајот е побавен од 30 kmh (20 mph). Ако системот открие дека возилото пред вас ненадејно сопира, возилото автоматски ги активира сопирачките.  

    Дополнителна контрола при поаѓањето на нагорнина

    Помошта при поаѓање на нагорнина спречува да се вратите назад кога поаѓате на нагорнина. Системот го одржува притисокот во системот за кочење за дополнителни 2,5 секунди и така ви дава повеќе време и контрола кога ја преместувате ногата од педалата за сопирање на педалата за гас. Исто така помага кога запирате и поаѓате на лизгави површини. Помошта при поаѓање на нагорнина е достапна со поголемиот дел од опциите за мотори. 

    Полесно возење во рикверц со задната камера

    Ступчиња, ниски ѕидови, деца кои играат... задната камера ви прикажува сè што е зад вас на екран во боја што е вграден на контролната табла. Покрај тоа што ви ги покажува работите што можете да ги пропуштите, ви помага и при паркирањето така што ќе прикаже виртуелни линии кои ве насочуваат и во најтесните простори. За дополнителна помош, задната камера автоматски се активира кога ќе го ставите менувачот во рикверц.

    Со сензорите нема стрес при паркирањето

    Дополнителните сензори за оддалеченост при паркирање ви помагаат да го оцените растојанието помеѓу возилото и пречката, пред или зад вас. Испраќаат звучно предупредување што се засилува како што се приближувате. Сензорите се дизајнирани да ви помогнат да паркирате брзо и сигурно.

    Максимално прилепување за поголема контрола

    Контролата за насочување на силата на вртежите реагира на патот 100 пати во една секунда. Користејќи ја оваа информација, таа постојано поставува рамнотежа помеѓу моќноста и сопирањето што се пренесува на секое од двете предни тркала. Така се максимизира прилепувањето и се подобрува управувањето, што ви овозможува кога возите околу аглите и преку брановидна подлога. Контролата за насочување на силата                                 на вртежите е најнова технологија што доаѓа како стандардна                                   карактеристика.

    Електронска помош при управување што користи помалку моќност

    B-MAX има електронска помош при управување (EPAS) што автоматски се приспособува на дадена ситуација. Така, ако бавно возите низ град или се паркирате, системот прави да чувствувате дека управувачот е полесен за да ви овозможи полесно маневрирање. При поголеми брзини (на пример на автопат), управувачот ќе биде покрут за да ви овозможи поголема контрола                               и сигурност. Овој иновативен систем се активира кога е потребен,                               што значи дека користи помалку енергија, што дополнително ја                                   подобрува економичноста.

    Темпоматот помага долгите возења да бидат попријатни

    Ако возите на автопат, можете да ја поставите брзината со користење на копчињата поставени на управувачот. Потоа системот ја одржува таа брзина, а вие можете да ја тргнете ногата од педалата за гас. Ако сакате да забрзате или да забавите, едноставно користете ги истите рачни контроли.   

    Use less fuel with Auto-Start-Stop

    The B-MAX has an auto-start-stop for EcoBoost engines which means the system will automatically shut down when the vehicle is idle, at a red light for example. When the driver is ready to move off the engine will restart, convenient and fuel efficient. With 114grams, the B-Max has a Best In Class level of CO2 emissions and a Best in Class Fuel efficiency of 4.9l 100/km.

     

  • Удобност

    Уживајте во елегантната и тивка околина во којашто патувате низ тесните градски улици со густ сообраќај.

    Unrivalled Access with the Ford Easy Access Door System

    Opening the front and sliding rear doors gives you an unobstructed 1.5m wide aperture on each side, making it easier to get in and get out. B-MAX’s unique system achieves this by cleverly concealing its central strengthening pillar within the doors, rather than having it fixed into the body side.  

    Потивок начин на патување

    Спроведени се многу мерки за да се минимизира бучавата и вибрациите од моторот, патот и ветрот за вие и вашите сопатници да имате пријатно патување. Особено новиот систем на врати со лесен пристап има софистициран систем за затворање на вратите за да се елиминира бучавата од ветрот.  

    Подобар поглед од возачкото седиште

    B-MAX ви овозможува јасен поглед на сообраќајот пред вас од издигнатото возачко седиште. Ќе се чувствувате посигурно зад управувачот, дури и на патиштата со најгуст сообраќај.

    Панорамски покрив за чувство на посветол и поширок простор

    B-MAX има панорамски покрив што ја пропушта природната светлина и прави кабината да изгледа уште попросторна. Исто така, им овозможува на вашите сопатници прекрасен поглед на небото и на пејзажот надвор. На покривот има слој што ја одбива сончевата светлина и спречува преголемо затоплување. Ако е потребно, можете да го користите вградениот штитник од сонце                                 за да го спречите навлегувањето на сончевите зраци.

    Поставете температура што ќе ви одговара

    Со електронската автоматска контрола на температурата (EATC) што е достапна како опција, можете да ја изберете точната внатрешна температура што ја сакате и системот ќе ја одржува преку напредната климатизација. 

    Ноќно осветлување според вашето расположение

    Амбиенталното осветлување ви овозможува да додадете суптилни и префинети црвени тонови на внатрешноста на возилото навечер. Осветлувањето доаѓа од конзолата над главата, централната конзола и просторот кај нозете.

    Екстра удобност со приспособливи седишта што се загреваат

    Без оглед на надворешните услови, ќе ви биде пријатно во B-MAX. Можете да изберете предни седишта што се загреваат за да ви биде топло дури и во зима. И да бидете сигурни дека секој е во најудобната положба за патување.

     

  • Практичност

    Дизајнот на вратите за лесен пристап го прави B-MAX најгенијалното возило од неговиот тип, но има многу други начини на кои B-MAX ви го олеснува животот.

    Неверојатен пристап до внатрешноста

    Системот на вратите за лесен пристап кај B-MAX многу го олеснува пристапот во тесни места. Двојните лизгачки задни врати и предните врати на шарки ви даваат екстра широк страничен отвор од 1,5 м. Исто така, нема никакви пречки затоа што носечките столбови, коишто обично ги разделуваат предниот и задниот дел на возилата, се паметно вградени во самите врати. 

    Систем за седење што можете да го преконфигурирате според вашите потреби

    Можете да создадете багажен простор со преклопување на задните седишта и тоа само со една рака. Едноставно повлечете ја назад рачката на задното седиште и спуштете го секој од двата дела (сооднос 60/40 ). Исто така, можете да го преклопите и совозачкото седиште - карактеристика што е уникатна за B-MAX. Така го добивате најдолгиот можен простор, во којшто можат да се сметат предмети долги до 2,35 м.

    Приспособете го подот во багажникот според товарот

    B-MAX има приспособлив под на багажникот што може да се постави во две положби: да се спушти за да се добие подлабок простор за повисоки предмети или да се израмни со подот од кабината (122 мм повисоко) 
    Со последната положба се добива рамен багажен простор под него каде што можат да се стават кршливи или вредни предмети кои ќе бидат заштитени и скриени од погледи. Дури и кога ќе биде во највисока положба, подот може да смести товар од 300 кг.

    Системот без клуч значи без проблеми

    Системот Ford KeyFree ви овозможува да го заклучувате и да го отклучувате автомобилот без да го вадите клучот од џебот или торбата. Идеално кога рацете ви се зафатени.

    Стартувајте го возилото со допир на копче

    Нема потреба да го користите вашиот клуч. Едноставно притиснете го копчето за стартување додека го притискате куплунгот (или педалата за сопирање кај автоматски менувач) и го стартувате моторот. 

    Вие сте главни со иновативната централна конзола

    Мултифункционалната централна конзола на B-MAX ви овозможува да контролирате голем број од системите на возилото од едно место. Сите функции јасно се прикажуваат на екранот, а до нив можете да пристапите и преку копчињата на управувачот. 

    Новиот Ford SYNC. Напредна технологија за слободни раце 

    Со гласовната контрола Ford SYNC можете да ја контролирате вашата музика и да се јавувате на мобилниот телефон со едноставни, директни гласовни наредби. Тоа значи дека рацете можат да останат на управувачот, а очите да се фокусираат на патот. SYNC дури и ќе ги прочита на глас текстуалните пораки што се испратени на вашиот мобилен телефон.

    SYNC помага при непрекинат тек на музика, препознава песни и прави списоци за репродуцирање

    Покрај тоа што ви овозможува да пуштате песни од USB или MP3, па дури и да пуштате непрекинат тек на музика од мобилен телефон што е компатибилен со Bluetooth, овој напреден систем SYNC може да го даде името на песната или изведувачот на радиото. Сепак, неговиот најимпресивен трик е создавањето список со песни што се слични на оние што ги слушате. 

    Аудиосистем Ford DAB со кристално јасен звук

    Покрај тоа што дава совршен звук со ЦД-квалитет, овој најсовремен дигитален систем ги прикажува клучните информации за песната што ја слушате. Тој се нуди како опција на секој аудио систем или систем со овозможен SYNC што се поставуваат во B-MAX.

    Бришачи што автоматски се приспособуваат на дождот

    Бришачите се активираат веднаш штом ќе откријат влажност на ветробранот, а потоа ја приспособуваат брзината за да се справат со сè што ќе ви донесе времето. Можете дури и да изберете од шесте нивоа на чувствителност што определува колку влага да се насобере пред бришачите да ја избришат. Бришачите чувствителни на дожд се достапни како опција со автоматските фарови (видете подолу).

    Фарови што се вклучуваат автоматски кога е потребно

    Можеби нема да забележите кога избледува дневната светлина. B-MAX има сензори што го откриваат избледувањето на дневната светлина и предните фарови се вклучуваат автоматски што го прави возењето во самрак полесно и побезбедно. Исто така, тие се вклучуваат автоматски кога ќе влезете во тунел. Автоматските фарови се достапни како опција со бришачите чувствителни на дожд (видете погоре).

    B-MAX ви го осветлува патот до вашата врата

    Кога ќе стигнете дома навечер, само светнете со левата рачка и 
    предните фарови Home Safe на B-MAX ќе продолжат да светат уште малку осветлувајќи ви го патот до влезната врата. Нема веќе сопнување на пречки што не сте ги виделе во мракот. Оваа карактеристика е стандардна кај сите модели.

    Ретровизори што самите се штитат од оштетување 

    За да се избегне случајно оштетување, опционалните електрични ретровизори што се преклопуваат автоматски се преклопуваат кон внатре кога ќе се заклучи возилото (или, се разбира, кога го користите прекинувачот за приспособување на ретровизорот). Така преклопени ги штитат и стилските вградени трепкачи.

    Кажете му збогум на гребењето со ветробранот што се загрева Quickclear

    амо притиснете копче и невидливите грејачи брзо го чистат мразот наместо вас.

     

Bookmark & Share