Импресивна моќност и економичност

Гамата мотори и менувачи што се достапни со B-MAX ви овозможуваат да ја изберете сопствената комбинација на моќност и ефикасност. Тука е новиот бензински мотор од 1,0 литри EcoBoost, што дава моќност од 1,6 литри со најдобра економичност во својата класа, како и подобрениот дизел мотор 1,6 TDCi. 

 

B-MAX е опремен и со неколку паметни карактеристики за дополнително да ја подобри изведбата и ефикасноста на своите мотори. За да ги погледнете сите информации за изведбата, економичноста и нивоата на ефикасност на возилото, погледнете го делот Факти и бројки.


  • Моќност

    Моќ и контрола

    Ке можете да бирате помеѓу сеопфатен опсег од четири големини на мотор и три менувачи, за да ги задоволите вашите барања - без разлика дали за чести крстарења по автопатот, нормалното застани/тргни градско возење или мешавина од двете.

    Нов бензински мотор EcoBoost - најдобар во својата класа

    B-MAX е достапен со револуционерниот мотор од 1.0 литри којшто, со 100 КС или 120 КС, дава моќност за 1,6 литри. Сепак, сè уште успева да потроши 20% помалку гориво од другите соодветни бензински мотори. Всушност, неговата економичност и испуштањето на CO2 повеќе одговараат на дизел мотор. За да се постигне тоа, моторот беше темелно преработен – побрзото                                     загревање на моторот и намаленото триење се само две од                                         повеќето подобрувања. Покрај неговата моќност и економичност,                             ќе уживате и во неговиот единствен цврст и спортски изглед.

    Два други докажани бензински мотори

    Покрај со новиот мотор EcoBoost, B-MAX е достапен и со основниот мотор Duratec од 1,4 литри што дава 90 КС, како и 1,6 Ti-VCT – смирена и ефикасна опција што дава 105 КС со менувач PowerShift. 

    Два дизел мотори што даваат најдобра ефикасност во класата

    Ефикасниот 1,6 TDCi, дава 95 КС и достигнува најекономична потрошувачка во класата од 4,0l/100km, а испуштањето на CO2 изнесува само 104g/km. Дополнително, економичниот 1,5 TDCi дава 75 КС, потрошувачката на гориво е ниска и изнесува 4,1l/100km, додека испуштањето на CO2 е само 109g/km. 

    Економичен рачен менувач со 5 степени на пренос

    Двата дизел мотори, бензинскиот мотор 1,4 Duratec и моторот EcoBoost од 1,0 литри доаѓаат со рачен менувач со 5 степени на пренос и глатко менување, којшто е внимателно приспособен за да одговара на карактеристиките на секој од моторите. 

    Ултра-глатко менување со ефикасниот автоматски менувач

    Бензинскиот мотор TI-VCT од 1,6 литри доаѓа со менувачот PowerShift. Овој автоматски менувач со шест степени на пренос и двојна спојка ја комбинира удобноста на автоматското менување со контролата на рачното и однапред го избира следниот степен на пренос за да не ја изгубите моќноста кога менувате. Молскавичното и незабележливото менување не само што го                                       прави возењето поглатко и попријатно, туку помага и во                                             заштедата на гориво и помали испуштања на CO2 во споредба со                               традиционалните автоматски менувачи. 

     

  • Економичност

    Покрај гамата на високо-ефикасни бензински и дизел мотори, B-MAX има голем број напредни карактеристики дизајнирани за да се подобри економичноста.

    Користи и до 10% помалку гориво со автоматското тргнување и сопирање

    Кога B-MAX не се движи, како на пример на семафор или во ред, оваа технологија автоматски го гаси моторот (но обезбедува напојување за неопходните системи како што е вентилаторот, фаровите и радиото). Потоа повторно го стартува штом сте подготвени за тргнување. Идеално е ако претежно возите во град, затоа што може да ја намали потрошувачката на гориво и                                 до 10% (градско возење) или до 5% во комбинирани услови.  

    Поекономичен начин за повторно полнење на акумулаторот

    За разлика од конвенционалните системи, паметното регенеративно полнење го полни акумулаторот само кога ќе биде потребно и кога е најекономично да се полни. На пример, кога кочите, технологијата ја претвора силата на сопирање во електрична енергија за да помогне во полнењето на акумулаторот додека патувате. Така ќе заштедите гориво и ќе го                               намалите испуштањето CO2. 

    Индикатор за менување степени на пренос за економично менување

    Индикаторот на инструмент-таблата ви кажува кога да го промените степенот на пренос за максимална заштеда на гориво. Едноставен, но ефикасен начин за секое патување да биде поекономично. Индикаторот за менување степени на пренос е достапен со поголемиот дел од опциите за мотори.

    Паметен информативен систем што ќе ви помогне да возите поефикасно

    Иновативниот систем Ford EcoMode постојано го проценува влијанието на вашето возење врз потрошувачката на гориво, вклучувајќи ја: брзината, менувањето степени на пренос, нивоа на предвидување, плус соодносот на кратки и долги патувања. Потоа, паметниот софтвер ве советува како да ја подобрите потрошувачката според вашиот единствен стил на возење.

     

Bookmark & Share