Едно од нашите најбезбедни возила досега

B-MAX постигна неверојатни резултати на нашите интерни тестови за безбедност. Така што сега, кога моделот е готов за производство со голем број напредни безбедносни карактеристики, треба да постигне одлични официјални оцени, дури и со новите, построги стандарди Euro NCAP.

 

Безбедносните карактеристики на возилото се еднакво унапредени, вклучувајќи го глобалното заклучување со коешто ќе можете да ги затворите сите врати и електрични прозорци од далечина со користење на клучот. (Алармниот систем за периметар е достапен со одредени опционални пакети).

 

Функцијата за двојно заклучување го спречува провалникот да ги отклучи вратите од внатре, а вклучува и алармен систем Thatcham од категорија 1.


  • Безбедност на возилото

    Има голем број начини на кои B-MAX може да ви помогне да останете на патот.

    B-MAX сопира наместо вас за да спечи судир при мали брзини

    Иновативниот систем Активно сопирање во град (Active City Stop) ви помага да ублажите, па дури и да спречите судир кога сообраќајот е побавен од 30 kmh (20 mph). Ако системот открие дека возилото пред вас ненадејно сопира, возилото автоматски ги активира сопирачките. 

    Рано предупредување ако некоја гума се издишува

    Ако некоја од гумите почне да се намалува притисокот за време на патувањето, системот за откривање издишана гума веднаш ќе ве предупреди со тоа што ќе вклучи икона на инструмент-таблата. На тој начин имате шанса безбедно да застанете и да го поправите проблемот.

    Специјално зајакната каросерија

    Каросеријата на возилото е специјално зајакната во главните области за да го надомести отстранувањето на традиционалниот централен столб (столбот Б) во системот на врати со лесен пристап. Ова е поради тоа што столбот Б на B-MAX е вграден во самите врати.

    Инженерите за безбедност на Ford дури направија и дополнителен сопствен тест за удар за да бидат сигурни дека B-MAX ги исполнува највисоките безбедносни стандарди.

    Координирани безбедносни системи што се активираат во дел од секундата

    B-MAX е опремен со напреден систем за интелигентна заштита (IPS), којшто координира голем број безбедносни системи за да обезбеди максимална заштита за вас и за вашите сопатници. 

    Покрај цврстата каросерија што ги апсорбира ударите, тука е и напредната технологија за седишта и појаси за да се намали можноста за повреда во случај на незгода. 

    Воздушни перничиња за да ве заштитат од сите страни 

    Покрај предните воздушни перничиња за возачот и совозачот, има и странични перничиња за заштита на градниот кош и воздушни завеси за заштита на главата. Има дури и воздушно перниче за заштита на колената на возачот.

    ESP ви помага да ја задржите контролата без оглед на условите

    Програмата за електронска стабилност (ESP) постојано го следи напредокот на вашето возило. Ги забележува отстапувањата од вашата избрана патека на движење, на пример ако почнете да се лизгате, и автоматски ја поправа вашата положба на патот и ви помага да ја задржите контролата над возилото. Исто така, оваа технологија помага да се намалат растојанијата на сопирање во итни случаи.

    Напредни системи за сопирање со поголема контрола

    Системот против блокирање при сопирање (ABS) и електронското распределување на силата на сопирање (EBD) се дополнуваат за да обезбедат поголема контрола врз сопирањето.

    EBA додава моќност при сопирање во итни случаи

    Помошта при сопирање во итни случаи (EBA) помага B-MAX да постигне максимална ефикасност при сопирање во итни случаи. Системот функционира така што регистрира со колкав притисок сте ја притиснале педалата за сопирање и автоматски го зголемува ако за тоа има потреба. (Интегриран во ESP.)

    Ретровизор што не дозволува да бидете заслепени 

    Ноќното возење е полесно ако не ве заслепуваат светлата од возилата зад вас. Иновативниот ретровизор што автоматски се затемнува автоматски ја открива светлоста на предните светла и го вклучува поставувањето за затемнување. 

    Посјајни фарови за побезбедно ноќно возење 

    Халогенските фарови даваат посветло, поинтензивно и попродорно светло за да можете да гледате (и да ве забележат) подобро и да возите побезбедно. Дневните LED-светла се опремени со халогенски светилки за да ви помогнат да бидете забележани на патот.

     

  • Сигурност

    B-MAX има неколку генијални начини што ќе спречат да падне во погрешни раце.

    Едноставен начин за сигурно возило

    Со глобалното заклучување можете да ги отворите и да ги затворите сите врати и електрични прозорци од далечина со користење на вашиот клуч. (Алармниот систем за периметар е достапен со одредени опционални пакети).

     

     

Bookmark & Share