Екстериер 

Надворешност што се забележува на прв поглед

Привлечните C-MAX и Grand C-MAX го имаат стилскиот изглед обликуван според кинетичкиот дизајн на Ford, но имаат сосема различни карактери. Тие отсликуваат различни потреби за простор и функционалност, а истовремено ја прикажуваат пожелноста и овозможуваат штедливо возење.

  • Стајлинг

    Енергија во движење

    Начинот на кој кинетичкиот дизајн на Ford ја обликува и осовременува надворешноста се забележува веднаш штом ќе ги погледнете новите C-MAX и Grand C-MAX. Како дополнување на динамичниот стил, новите складни линии создаваат поатлетски профил.

    Панорамски покрив

    Едноделниот панорамски покрив на целото семејство му дава прекрасно чувство на слобода, раскош и простор. Електричните ролетни во овозможуваат лесно да го контролирате нивото на светлина што доаѓа од покривот.

    Хромирани детали 

    Допадливите хромирани детали ги нагласуваат динамичните линии, високата класа на квалитет и хармоничниот дизајн на новите C-MAX и Grand C-MAX. Достапни кај нашиот модел Titanium, хромираните детали дискретно ја нагласуваат решетката, светлата за магла и лајсните на прозорците, означувајќи ја најновата еволуција на кинетичкиот дизајн на Ford.

    Стил на предница

    Голема долна трапезоидна решетка и мала горна решетка, и двете со хромиран завршеток, се дизајнерски печат на семејството Ford. Долгите складни предни светла создаваат атлетски изглед, а извајаната хауба продолжува до задните рабови што го дополнува спортскиот изглед. Надворешните рабови на браникот имаат стилизирани отвори за воздух и за светла за магла, кои исто така се достапни со хромирани детали.

    Стилот на Grand C-MAX

    Едноставно вклопени во рамката на новиот Grand C-MAX, лизгачките врати овозможуваат лесен пристап до задните седишта. Нагласените лакови над тркалата му даваат мускулест изглед, додека дизајнот на задниот дел ја отсликува просторноста на возилото.

    C-MAX styling

    Едноставно вклопени во рамката на новиот Grand C-MAX, лизгачките врати овозможуваат лесен пристап до задните седишта. Нагласените лакови над тркалата му даваат мускулест изглед, додека дизајнот на задниот дел ја отсликува просторноста на возилото.

     

  • Тркала 

    Лесно (алуминиумско) тркало од 16" со 5-Y краци

    (стандардни лесни (алуминиумски) тркала кај Zetec)

    Лесно (алуминиумско тркало) од 16" со 10 краци

    (Стандард кај Grand C-MAX Titanium)

    Лесно (алуминиумско тркало) од 17" со 5x2 краци

    (дополнителна опрема) 

    Лесно (алуминиумско тркало) од 17" со 15 краци

    (Стандардно лесно (алуминиумско) тркало кај C-MAX Titanium со 5 седишта)

    Лесно (алуминиумско тркало) од 18" со 7 краци

    (Опција и дополнителна опрема)

     

  • Надворешен дизајн

    Инфрацрвен ветробран

    Дизајниран е да блокира поголем дел од сончевата светлина во споредба со стандардното стакло. Ова значи дека внатрешноста потешко ќе се загрева во топлите денови, што ќе овозможи удобен амбиент за вас и за вашето семејство.

    Би-ксенон HID предни светла 

    Овие предни светла со голема ефикасност даваат двојно повеќе интензитет од конвенционалните халогенски предни светла и создаваат многу подолг зрак светлина, а сепак користат само две третини од енергијата.

    Светла за магла

    Моќните предни светла за магла продираат во мрачните услови за возење, а истовремено додаваат современ визуелен изглед на предницата. Исто така, тие се достапни со хромирани детали кај моделите Titanium.

     

Bookmark & Share