Перформанси

Напреден инженеринг

Новите C-MAX и Grand C-MAX воведуваат напреден инженеринг што ги подобрува перформансите, одржливоста и помага да се намали трошокот на сопственост.

 

Можете да изберете од надградените верзии на нашите познати дизел мотори Duratorq TDCi, сосема новиот турбо бензински мотор EcoBoost од 1,6 литри и секогаш популарните бензински мотори Duratec. Исто така, нашите мотори со намалено испуштање на CO2 се достапни со напредни преноси, вклучувајќи го новиот рачен менувач Durashift со шест брзини, којшто за првпат се користи во новите C-MAX и Grand C-MAX, како и автоматскиот менувач PowerShift со шест брзини и двојна спојка.

  • Мотори и пренос

    Нов бензински мотор EcoBoost од 1,6 литри

    Новиот бензински мотор EcoBoost од 1,6 литри е достапен со моќност од 150 КС. Моторот постигнува штедливост во потрошувачката на гориво (комбинирано) од 6,9 l/100km (Grand C-MAX) и 6,6 l/100km (C-MAX) со испуштање на CO2 од 159 g/km (Grand C-MAX) и 154 g/km* (C-MAX). Сепак, уште подобро, моторите EcoBoost даваат подобрена моќност и намалена потрошувачка на гориво, а истовремено испуштањата на CO2 се намалени до 18% во споредба со бензинскиот мотор Duratec од 2,0 литри. Нема потреба да се напоменува дека овие мотори ги исполнуваат денешните построги глобални стандарди за испуштање штетни гасови.

     

    Реакцијата на EcoBoost на наредбите како и широката распределба на моќта при ниски вртежи во комбинација со намалената големина, тежина и економичност на потрошувачката на гориво значи повозбудливо возење.


    Надградени дизел мотори Duratorq TDCi

    Дизел моторите Duratorq TDCi од 1,6 и 2,0 литри кои се достапни кај новите C-MAX и Grand C-MAX се комплетно обновени за да обезбедат подобра изведба, помала потрошувачка и потивко работење. Возните перформанси се значително подобрени со подобрениот одговор на вашите наредби и голема моќност дури и при мали брзини на моторот.

     

    Новиот Duratorq TDCi од 1,6 литри е достапен со моќност од 115 PS. Така може да даде дополнителна изведба кога е потребно нагло забрзување. Тоа го прави со зголемување на компресијата, што го зголемува вртежниот момент од 270 Nm на 285 Nm за најмногу 15 секунди. И двете варијанти имаат извонредна економичност при потрошувачката на гориво (комбинирано) од 4,6 l/100km и испуштања на CO2 од само 119 g/km кај новиот C-MAX (и 4,9 l/100km и 129 g/km кај Grand C-MAX).

     

    Најновиот мотор Duratorq TDCi од 2,0 литри дава моќна изведба на дизел гамата на C-MAX, не тоа не го прави на сметка на економичноста на потрошувачката на гориво и испуштањата на CO2. Моторот од 140 КС дава повеќе моќност, поширок опсег на вртежи и подобра реакција на вашите наредби при мали брзини на моторот, а истовремено економичноста на потрошувачката на гориво изнесува 5,1 l/100km, а испуштањата на CO2 изнесуваат 139 g/km* кај новиот C-MAX (со рачен менувач).


    Други бензински мотори

    Во гамата на бензински мотори кај новиот C-MAX и Grand C-MAX спаѓа веќе докажаниот мотор на Ford Duratec Ti-VCT од 1,6 литри со моќност од 105 КС и 125 КС.

     

    Овој целосно алуминиумски мотор Ti-VCT со 16 вентили што брзо ги следи вашите наредби е дополнително оптимизиран и подобрен за да постигне намалена потрошувачка на гориво и подобрена изведба. Економичноста на потрошувачката на гориво (комбинирано) е подобрена на 6,6 l/100km и испуштања на CO2 од 154 g/km* кај новиот C-MAX.

     

    Најголемата брзина што ја постигнува новиот мотор од 105 КС е 180 km/h, а забрзува од нула од 100 km/h за 12,6 секунди. Со новиот мотор од 125 КС, најголемата брзина достигнува до 188 km/h, додека забрзувањето од нула до 100 km/h се постигнува за 11,5 секунди.



    Автоматски менувач Ford PowerShift со двојна спојка

    Исто така можете да го изберете мошне ефикасниот автоматски менувач PowerShift со шест брзини и двојна спојка, што е достапен во изведба од 140 КС на најновиот дизел мотор Duratorq TDCi од 2,0 литри.

                              

    Лесниот и напреден пренос PowerShift е дизајн со двојна спојка што ја комбинира ефикасноста, оптимизираниот сооднос на брзините и уживањето во возењето што се постигнува кај рачниот менувач со рамномерното и лесно користење на автоматскиот менувач. Преносот е значително поефикасен од конвенционалниот автоматски менувач што дава импресивни нивоа на економичност на потрошувачка на гориво и ниски испуштања на CO2. Со моторот Duratorq TDCi од 2,0 литри и 140 КС, новиот C-MAX со Ford PowerShift има (комбинирана) потрошувачка на гориво од 5,6 l/100km и испуштање на CO2 од 149 g/km*, а забрзувањето од 0-100 km/h го постигнува за импресивни 10,1 секунди.

    Новиот рачен менувач Ford Durashift со шест брзини

    Новите возила C-MAX и Grand C-MAX опремени со бензинскиот мотор EcoBoost од 1,6 литри и дизел моторот Duratorq TDCi од 1,6 литри се достапни со сосема новиот рачен пренос со шест брзини.

     

    Новиот пренос Durashift ги заменува постојните преноси со пет брзини со дизајн што е исклучително лесен и компактен за моќноста што ја произведува. Новиот пренос е за 30% полесен од нашиот рачен пренос со шест брзини, а ја има истата големина и тежина како и тековниот пренос со пет брзини кај малите автомобили и покрај тоа што има дополнителен сооднос и 50% поголем капацитет на вртежи.

     

    За дополнително да се намали потрошувачката на гориво, новиот дизајн ги минимизира загубите на ефикасност, како што е протокот на масло во менувачот. Исто така овој менувач нуди најдобар квалитет на менување брзини во својата класа со максимална прецизност и економичност.

     

    *Забелешка: сите податоци за испуштање на CO2 во g/km и податоци за потрошувачка на гориво се добиени од официјално одобрени тестирања во согласност со Директивата на ЕЗ 93/116/ЕЗ. Податоците за потрошувачката на гориво се добиени според Европската директива за потрошувачка на гориво ЕУ 80/1268/ЕЕЗ и ќе се разликуваат од резултатите за потрошувачка на гориво во други региони во светот.

     

  • Технологии

    Активна помош при паркирање

    Активната помош при паркирање ви помага да се паркирате во простор што е само 1,2 пати поголем од возилото. Уште повеќе, оваа помош всушност ќе направи полуавтоматски маневар за паралелно паркирање. Користи бројни сензори поставени на шасијата, така што возачот треба само да ги притиска педалите за гас или сопирачка и да менува брзини, а управувањето се прави автоматски! Звучните сигнали и информациите што се покажуваат на екранот од централната конзола го насочуваат возачот додека не се заврши успешно маневарот за паркирање. (Опција како дел од пакетот за удобност).



    Систем за информирање при „мртви агли“

    Оваа визуелна помош со висока технологија ви стои на располагање за да ви ги олесни долгите патувања. Штом некое возило ќе влезе во вашиот „мртов агол“, системот ве предупредува со вклучување светло за предупредување на ретровизорот на вратата.




    Контрола за насочување на силата на вртежите

    Ја подобрува стабилноста во остри кривини со тоа што применува сила на кочење на внатрешното тркало и го пренесува погонот на надворешното тркало. Острите кривини се безбедни со зголемениот погон и подобреното управување.





    Електронска програма за стабилност (ESP) со систем за контрола на погонот (TA) и систем за итно сопирање (EBA)

    Најсовремениот ESP се наоѓа во основата на голем број карактеристики на активната безбедност. Овој систем го следи напредокот на возилото и секогаш е подготвен да интервенира, често незабележително, кога тоа е потребно. Системот не може да се отфрли, а новиот режим за намалена помош му помага на возилото во случаи на лизгава подлога, како на пример кога возилото излегува од длабок снег.

     

    ESP исто така вклучува и Контрола на погонот за да спречи преголемо вртење на тркалото и да гарантира оптимално влечење, изведба и стабилност. Кога треба брзо да сопрете, EBA овозможува да имате целосна сила на сопирање секогаш кога ви е потребна и помага да се намалат растојанијата на запирање во итни случаи. А ако треба да сопрете одеднаш, Предупредувањето за итно сопирање ќе ги активира задните стоп-светла за да ги предупреди другите возачи.

    Суспензија поставена под конструкцијата

    Подобрениот систем на суспензија во новиот C-MAX и Grand C-MAX го намалува триењето и ја унапредува контролата при управувањето. Предната и задната суспензија се поставени под конструкцијата на возилото што помага за да се обезбеди оптимална изведба, одлично управување и удобно патување.

    Управување и контрола

    Системот за управување што се приспособува по висина и длабочина со помош на хидраулика обезбедува најдобро можно управување. За да се постигне подобра стабилност, беше посветено големо внимание на приспособувањето на системите за суспензија и управување.

    Електронска помош при управување (EPAS)

    Системот лесно може да определи одредени ситуации за возење, како што се возење на отворен пат или паркирање и автоматски применува прецизно ниво на хидраулична поддршка. Како што се зголемува брзината, потребна е помала помош при управување и EPAS автоматски го прави управувањето потврдо за подобра реакција и подобар контакт со патот. Како дел од системот за управување, компензирањето на влечење при застранување го минимизира напорот за држење на управувачот кога се вози по нерамни патишта или со постојан страничен ветер. Дополнително, EPAS дава помош само кога е потребно, што може да ја намали потрошувачката на гориво до 3% во споредба со конвенционалните хидраулични системи за управување.

     

Bookmark & Share