Сигурност и безбедност 

Максимална заштита

 

Новите C-MAX и Grand C-MAX се направени да ги заштитат патниците со највисоки нивоа на активна и пасивна безбедност. Двата модели ги користат најновите технологии  за безбедност и превенција, како и редизајнирана структура на каросеријата што е направена за да ги исполни најстрогите светски стандарди за безбедност.

 

  • Пасивна сигурност

    Интелигентен систем за заштита (IPS)

    Новите C-MAX и Grand C-MAX ја покажуваат нашата заложба за произведување возила коишто на прво место ја ставаат вашата безбедност и безбедноста на вашето семејство.

     

    Користејќи ја најмодерната технологија за заштита на возачот и патниците, нашиот пакет за пасивна заштита наречен IPS ги добива сите 5 ѕвезди на тестот Euro NCAP за заштита на возрасни патници. Во него спаѓаат следните напредни системи кои се подготвени да се активираат во дел од секундата:

    • Воздушни перничиња со целосна големина за возач (60 литри) и патник (110 литри) со најновата технологија за надувување во една фаза*
    • Напредни затегнувачи за појас со ограничување на притисокот на појасот за предните појаси
    • Стандардни странични завеси на надувување за патниците на предните седишта и на седиштата од вториот ред и странични воздушни перничиња за заштита на градниот кош за патниците на предните седишта
    • Склоплив столб на управувачот којшто се собира подалеку од возачот во случај на удар и оптимизиран за апсорпција на енергијата и заштита на нозете
    • Систем за повлекување на педалите (PIPS) каде што педалите се собираат подалеку од возачот за да спречат повреди во случај на удар
    • Пасивен систем за заштита на вратот на предните седишта за да му помогнат на возачот и совозачот да избегнат повреда на вратот
    • Појаси со три точки во сите положби со држачи кои се приспособуваат по висина на предните појаси
    • Потсетници за појаси за возачот и совозачот, како и (само кај Grand C-MAX) за седиштата од вториот и третиот ред
    • Држачи за приклучоци за детско седиште ISOFIX на надворешните седишта во вториот ред
    • Одобрение за универзални детски седишта ISOFIX
    • Опционален пакет за деактивирање на воздушното перниче на совозачот (според продавачот)
    • Дополнително оптимизирање за голем број профили на човечко тело
    • Систем за откривање на сериозност на несреќа со сензори што го информираат возилото кои безбедносни мерки треба да се применат за да се оптимизира вашата заштита
    • Автоматско предупредување за опасност – се активира автоматски во случај на незгода

    *Забелешка: детското седиште никогаш не треба да се става на предното совозачко седиште кога возилото на Ford има функционално воздушно перниче на совозачкото седиште. Најбезбедното место за децата е правилно да седат на седиштата во вториот ред.

     

  • Активна сигурност

    Контрола за насочување на силата на вртежите

    Ја подобрува стабилноста во остри кривини со тоа што применува сила на кочење на внатрешното тркало и го пренесува погонот на надворешното тркало. Острите кривини се безбедни со зголемениот погон и подобреното управување.


    Контрола на вртежите при моторно кочење

    Ја подобрува стабилноста на возилото на лизгав коловоз со зголемување на вртежниот момент на моторот со тоа што спречува тркалата со погон да се закочат како резултат на моторното кочење. Системот повторно го забрзува тркалото(та) кое се лизга за да ја воспостави врската помеѓу гумите и подлогата.

    Подобрување на спречување на заклучување на задната оска

    Кога системот против блокирање на сопирачките (ABS) е активен на предните тркала на возило кое носи тежок товар, притисокот на сопирање на задната оска автоматски се зголемува за да даде најдобро можно кочење.

    Електронска програма за стабилност (ESP) со Контрола на погонот

    Најсовремениот ESP се наоѓа во срцето на голем број системи на активната безбедност. Овој систем го следи напредокот на возилото и секогаш е подготвен да интервенира, често незабележително, кога тоа е потребно. Системот не може да се отфрли, а новиот режим за намалена помош му помага на возилото во случаи на лизгава подлога, како на пример кога возилото излегува од длабок снег. ESP исто така вклучува и Контрола на погонот за да спречи преголемо вртење на тркалото и да гарантира оптимално влечење, изведба и стабилност.

    Светла за итно сопирање

    Автоматски ги вклучува светлата за предупредување за опасност при маневар за итно сопирање за да ги предупреди возилата зад вас.

    Електронско пред-полнење на сопирачките

    Кога возилото ќе препознае потенцијална ситуација за итно сопирање, ESP однапред го полни системот за сопирање затворајќи го просторот меѓу плочките и дисковите за сопирање за да помогне во намалувањето на растојанието на сопирање.

    Помош за итно сопирање

    Помага да се постигне најдобро сопирање во итни ситуации со зголемување на притисокот на сопирање ако системот открие дека возачот применил недоволен притисок.

    Помош при поаѓање на нагорнина

    Оваа иновација спречува да се вратите назад кога поаѓате на нагорнина. Откако ќе ја отпуштите педалата за сопирање кога не се движите, технологијата ги сопира тркалата и му помага на возачот безбедно да тргне.

    Контрола на нишање на приколката

    Овозможува дополнително ниво на безбедност и контрола при влечење. Користи комбинација од технологии за да открие и да примени противмерки на моторот и сопирачките што ги поправаат движењата на страна на приколката. 

     

  • Возач/Активна сигурност

    Задна камера 

    Кога ќе ставите во рикверц, на инструмент-таблата автоматски се појавува задниот приказ. Можете да видите колку сте блиску до објектите зад вас, а графиката што се прикажува над сликата ја покажува насоката на движење на возилото. (Опција како дел од системот за навигација Sony DAB со доплата, кај C-MAX и Grand C-MAX Titanium).

    Ограничувач на брзината

    Овој систем е достапен е како дел од темпоматот и ви овозможува да ја поставите најголемата брзина помеѓу 30 и 180 km/h. Системот за управување со моторот обезбедува возилото да се движи во рамките на поставеното ограничување на брзината и ви помага да се концентрирате на патот пред вас, наместо на брзинометарот. (Стандард кај C-MAX и Grand C-MAX Titanium).

     Систем за информирање при „мртви агли“
    Оваа визуелна помош со висока технологија ви стои на располагање за да ви ги олесни долгите патувања. Штом некое возило ќе влезе во вашиот „мртов агол“, системот ве предупредува со вклучување светло за предупредување на ретровизорот на вратата..

    Бришачи со сензори за дожд

    Автоматските бришачи на новите C-MAX и Grand C-MAX имаат шест нивоа на чувствителност и се вклучуваат при првата капка дожд и ја зголемуваат брзината за да се справат со сѐ што времето може да ви донесе. Корисна карактеристика што ви помага да останете концентрирани во услови за возење што претставуваат предизвик.

    Активна помош при паркирање

    Ви помага да се паркирате во простор што е само 1,2 пати поголем од возилото. Откако ќе потврди дека просторот е доволно голем, системот управува со управувачот, а вие со педалите. Звучните и визуелните упатства ви помагаат во маневрирањето. (Опција како дел од пакетот за удобност). 

    Помош при поаѓање на нагорнина

    Оваа иновација спречува да се вратите назад кога поаѓате на нагорнина. Откако ќе ја отпуштите педалата за сопирање кога не се движите, технологијата ги сопира тркалата и му помага на возачот безбедно да тргне.

    Пасивен систем против кражба (PATS) 

     

  • Безбедност 

    Кога треба да го оставите вашиот нов C-MAX или Grand C-MAX некаде, сакате да знаете дека тој може да се грижи за себе. Токму затоа вградивме толку многу безбедносни особини:

    • Бравите се со голема безбедност, отпорни на пробивање и заштитени со зајакнати држачи
    • Напредниот имобилизатор Ford PATS го исклучува моторот додека вашиот клуч со единствен код не го стартува
    • Аларм за периметар со откривање на звук во внатрешноста
    • Централно заклучување што се управува преку приврзокот за клучот и клучот
    • Затворање на сите прозорци кај електричните прозорци

    Двојно заклучување со централно отворање/затворање

    Клучот со двојно заклучување на новите C-MAX и Grand C-MAX значи дека можете да ги затворите сите електрични прозорци, како и вратите од далеку. Ако некој натрапник успее да влезе со кршење на прозорецот, нема да може да ги отклучи вратите од внатре. Можете да го активирате двојното заклучување едноставно со притискање на копчето за заклучување на приврзокот за клучот. Исто така можете да ги отворите сите прозорци кога ќе го притиснете и ќе го држите притиснато копчето за отклучување. За да ги затворите, едноставно повторно притиснете го и држете го притиснато копчето за заклучување.


    Електронско заклучување на вратите

    Едноставен прекинувач ви овозможува да ги обезбедите вашите скапоцени патници на задните седишта. Можете електронски да го активирате или деактивирате заклучувањето на задните врати полесно од конвенционалните механички брави за заклучување. Прекинувачот на панелот на вратата од возачот исто така ја контролира и функцијата за деактивирање на задните електрични прозорци. А важна карактеристика е дека заклучувањето се деактивира во случај на незгода.

    Алармни системи

    Комбинираниот аларм и имобилизатор Thatcham Category 1 не само што го прави вашето возило безбедно, туку помага и во намалување на сумата за осигурување. Овој аларм се вклучува ако некој се обиде да  ги отвори прозорците, хаубата или багажникот. Исто така го заштитува и аудиосистемот и користи препознавање на звук за да го следи движењето во возилото.

     

     

Bookmark & Share