Технички напомени

Надградена технологија

Кај новите C-MAX и Grand C-MAX, вие сте опкружени од паметна технологија – импресивна палета што може да се најде само кај луксузните возила. Овие технологии можат да ви помогнат со овозможување поголема безбедност и да ви помогнат поефикасно да маневрирате или, едноставно, само да ви овозможат поголемо уживање при возењето на ова ултранапредно возило. Тоа навистина е паметно.

 

  • Надворешност

    Бришачи со сензори за дожд

    Автоматските бришачи на новите C-MAX и Grand C-MAX имаат шест нивоа на чувствителност и се вклучуваат при првата капка дожд и ја зголемуваат брзината за да се справат со сѐ што времето може да ви донесе. Корисна карактеристика што ви помага да останете концентрирани во услови за возење што претставуваат предизвик.

     

  • Внатрешност

    Аудиосистем и контролна табла со инструменти

    За новите C-MAX и Grand C-MAX се достапни два целосно интегрирани, опционални системи за сателитска навигација со DAB аудио. Бидејќи се интегрирани системи, реагираат на тековната брзина на движење и на најновите услови на патот за да дадат поточни процени за времето на пристигнување и информации за патувањето.

    Системот за навигација Ford DAB опфаќа:
    Повеќенаменски екран во боја со висока резолуција од 5 инчи
    Контролна табла со копчиња
    Шест звучници за аудио
    DAB аудио

    Системот за навигација Sony DAB со задна камера опфаќа:

    Повеќенаменски екран во боја со висока резолуција од 5 инчи со Sony аудио, професионални аудиозвучници и завршница во пијано црна боја со големи копчиња и вртлива контрола.

     Контролните копчиња се осветлуваат кога се вклучени светлата на возилото.


     Задна камера (стандардно со системот за навигација Sony DAB)

    Без оглед на тоа колку се вртите назад за да проверите што има зад вас кога маневрирате, тешко е да ја забележите секоја пречка и точно да ја процените оддалеченоста. Задната камера е технолошко решение за двата проблеми. Едноставно ставете во рикверц и на екранот за навигација автоматски се појавува задниот приказ. Можете да видите колку сте блиску до објектите зад вас, а графиката што се прикажува над сликата ја покажува насоката на движење на возилото. (Стандард кај C-MAX и Grand C-MAX Titanium).


    Bluetooth® со гласовна контрола

    Беж жици и без користење раце, Bluetooth®* со гласовна контрола обезбедува најнапредно поврзување помеѓу мобилниот телефон и возилото. Контролниот систем што се активира со глас му овозможува на возачот да пристапи до главните функции на возилото со гласовни наредби додека вози, на пример да променува радиостаници или нумери на ЦД. Исто така, системот ви овозможува да воспоставувате и да примате повици од мобилен телефон којшто е компатибилен со Bluetooth®, па дури и директно да пристапите до вашиот телефонски именик.

     

    Постојан тек на аудио преку Bluetooth® го поставува поврзувањето на повисоко ниво со тоа што ви овозможува пристап до музиката на вашиот телефон што можат да се репродуцираат безжично преку аудиосистемот на возилото. 


    Приклучок за MP3 и USB

    Системот Bluetooth® со гласовна контрола исто така вклучува и УСБ-приклучок што овозможува уреди коишто немаат Bluetooth® да се поврзат со возилото. Ова значи дека преку аудиосистемот можат да се репродуцираат и да се контролираат MP3 музички датотеки од USB-меморија или MP3-уред како што е iPod®.

    *Трговската марка и логото Bluetooth® се дозволени и се во сопственост на Bluetooth SIG, Inc. и секое нивно користење на овие марки од компанијата Ford Motor Company Limited и нејзините сродни компании е според доделена лиценца. Другите трговски марки и трговски имиња се во сопственост на нивните сопственици. 

     

     

  • Возење

    Активна помош при паркирање

    Ви помага да се паркирате во простор што е само 1,2 пати поголем од возилото. Откако ќе потврди дека просторот е доволно голем, системот управува со управувачот, а вие со педалите. Звучните и визуелните упатства ви помагаат во маневрирањето. (Опција како дел од пакетот за удобност).

    Систем за информирање при „мртви агли“

    Оваа визуелна помош со висока технологија ви стои на располагање за да ви ги олесни долгите патувања. Штом некое возило ќе влезе во вашиот „мртов агол“, системот ве предупредува со вклучување светло за предупредување на ретровизорот на вратата.

    Ограничувач на брзината

    Овој систем е достапен е како дел од темпоматот и ви овозможува да ја поставите најголемата брзина помеѓу 30 и 180 km/h. Системот за управување со моторот обезбедува возилото да се движи во рамките на поставеното ограничување на брзината и ви помага да се концентрирате на патот пред вас, наместо на брзинометарот. (Стандард кај C-MAX и Grand C-MAX Titanium)..

    Помош при поаѓање на нагорнина

    Оваа иновација спречува да се вратите назад кога поаѓате на нагорнина. Откако ќе ја отпуштите педалата за сопирање кога не се движите, технологијата ги сопира тркалата и му помага на возачот безбедно да тргне..

    Електронска програма за стабилност (ESP)

    Најсовремениот ESP се наоѓа во основата на голем број карактеристики на активната безбедност. Овој систем го следи напредокот на возилото и секогаш е подготвен да интервенира, често незабележително, кога тоа е потребно. Системот не може да се отфрли, а новиот режим за намалена помош му помага на возилото во случаи на лизгава подлога, како на пример кога возилото излегува од длабок снег. ESP опфаќа многу од следните карактеристики на активната безбедност:

    Светла за итно сопирање

    Автоматски ги вклучува светлата за предупредување за опасност при маневар за итно сопирање за да ги предупреди возилата зад вас.

     

    Електронско пред-полнење на сопирачките

    Кога возилото ќе препознае потенцијална ситуација за итно сопирање, ESP однапред го полни системот за сопирање затворајќи го просторот меѓу плочките и дисковите за сопирање за да помогне во намалувањето на растојанието на сопирање.

    Помош за итно сопирање

    Помага да се постигне најдобро сопирање во итни ситуации со зголемување на притисокот на сопирање ако системот открие дека возачот применил недоволен притисок.

    Контрола на погонот

    Го елиминира непотребното вртење на тркалата за да обезбеди оптимален погон, изведба и стабилност. Со намалувањето на вртежниот момент на моторот, можете ефикасно да забрзате и да тргнете.

    Контрола за насочување на силата на вртежите

    Ја подобрува стабилноста во остри кривини со тоа што применува сила на кочење на внатрешното тркало и го пренесува погонот на надворешното тркало. Острите кривини се безбедни со зголемениот погон и подобреното управување.


     

     

  • Сигурност и безбедност

    Интелигентен систем за заштита (IPS)

    Новите C-MAX и Grand C-MAX имаат напреден Интелигентен систем за заштита на Ford (IPS) којшто е клучен за безбедносните параметри што се најдобри во класата. Ќе се чувствувате побезбедно ако знаете дека сте заштитени со оптимизирана и максимално силна структура на каросеријата што е цврста, јака и лесна. Дополнително, двата модели се дизајнирани поефикасно да ја апсорбираат енергијата во случај на удар додека работат заедно со сите технологии во возилото за спречување несреќа.

     

     

    Систем за потсетување за ставање на појасот

    Кај Grand C-MAX е вграден специјален нов систем за потсетување за ставање на појасот којшто го предупредува возачот ако некој од патниците во вториот или третиот ред погрешно го ставил појасот. Овој систем е особено корисен ако во возилото патуваат деца. Возачот добива визуелно предупредување на екранот на инструмент-таблата, како и звучен сигнал ако појасот се извади додека возилото се движи. (Само кај Grand C-MAX)


    Електронско заклучување на вратите

    Едноставен прекинувач ви овозможува да ги обезбедите вашите скапоцени патници на задните седишта. Можете електронски да го активирате или деактивирате заклучувањето на задните врати полесно од конвенционалните механички брави за заклучување. Прекинувачот на панелот на вратата од возачот исто така ја контролира и функцијата за деактивирање на задните електрични прозорци. А важна карактеристика е дека заклучувањето се деактивира во случај на незгода. (Стандард кај C-MAX Titanium и Grand C-MAX).


    Електронска програма за стабилност (ESP) со Контрола на погонот

    Најсовремениот ESP се наоѓа во основата на голем број карактеристики на активната безбедност. Овој систем го следи напредокот на возилото и секогаш е подготвен да интервенира, често незабележително, кога тоа е потребно. Системот не може да се отфрли, а новиот режим за намалена помош му помага на возилото во случаи на лизгава подлога, како на пример кога возилото излегува од длабок снег. ESP исто така вклучува и Контрола на погонот за да спречи преголемо вртење на тркалото и да гарантира оптимално влечење, изведба и стабилност.

    Пасивен систем против кражба (PATS)

    Кога треба да го оставите вашиот C-MAX некаде, сакате да знаете дека тој може да се грижи за себе. Токму затоа вградивме толку многу безбедносни особини:

    • Бравите се со голема безбедност, отпорни на пробивање и заштитени со зајакнати држачи
    • Напредниот имобилизатор Ford PATS го исклучува моторот додека вашиот клуч со единствен код не го стартува
    • Аларм за периметар со откривање на звук во внатрешноста (опционално)
    • Централно заклучување што се управува преку приврзокот за клучот и клучот
    • Затворање на сите прозорци кај електричните прозорци

    ISOFIX седење

    Појасите со три точки се поставени на сите задни седишта кај C-MAX и Grand C-MAX, додека двете странични седишта во вториот ред имаат приклучоци за држачи за детски седишта ISOFIX кај двата модела.

     

     

  • Околина и економичност

    Најмало испуштање CO2 во класата

    Во новите C-MAX и Grand C-MAX се вградени најновите технологии за мотори коишто обезбедуваат импресивна комбинација на брза реакција на вашите наредби и одлични перформанси со намалена потрошувачка на гориво и испуштања на CO2. Искористете ја импресивната економична потрошувачка на гориво без да правите компромис со перформансите или уживањето во возењето:

     

     

    • C-MAX со бензински мотор EcoBoost од 1,6 литри и 150 КС испушта CO2 од само 154 g/km
    • C-MAX со дизел мотор TDCi од 1,6 литри испушта CO2 од само 119 g/km
    • Grand C-MAX со дизел мотор TDCi од 1,6 литри испушта CO2 од само 129 g/km

     

     

Bookmark & Share