Единствениот автомобил кој има освоено четири Euro NCAP награди за безбедност

Ford Focus е првиот автомобил кој има добиено четири награди за напредна безбедност од страна на Euro NCAP организацијата. Овие награди се доделени поради новите безбедносни технологии кои се Предупредување на Возачот, Предупредување при Возење (вклучено со Адаптивен Темпомат), Активно Сопирање во Град и Помош за Задржување на Коловозна Лента. 

 

Focus истотака беше пргласен како “Најдобар во Класата” во категоријата “Мало Семејно Возило” одкако освои 5-звезди рејтинг и високи поени за главните четири безбедносни зони: заштита за возрасни патници, заштита за млади патници, заштита за пешаци и помош за безбедност. 

 

Дознајте повеќе за безбедносните карактериситики кои го прават Focus побезбеден и ви помага да возите побезбедно. 


  • Безбедност

    Euro NCAP напредна награда која ве чува безбедни

     

    Активно Сопирање во Град, Помош за Задржување на Коловозна Лента, Предупредување на Возачот и Предупредување при Возење поединечно имаат освоено Euro NCAP напредна награда: највисоката награда доделена од водечка Европската организација за безбедност. Наградата е наменета само за најнапредните избежни, судирачки и пост-судирачки технологии достапни во еден автомобил. Тоа е мерка за Фордовата посветеност кон безбедноста низ нашата палета, со што досега имаме освоено седум Euro NCAP напредни награди, сите за иновации дизајнирани да ве заштитат вас. 

     

    Координирани безбедносни системи кои се активираат во дел од секунда

     

    Ford Focus е опремен со напредениот Интелегентен Систем за Заштита кој координира бројни безбедносни системи за да ве заштитат вас и вашите патници. 

    Focus е опкружен од крута каросерија составена од напредни високо-затегнувачки челични легури со што може да ги апсорбира ударите. Поставени се и мнозина воздушни перници кои ги штитат патниците како и волански столб и педали кои се повлекуваат од возачот за да ја намалат шансата за повреда при удар. 

     

    Останете во контрола независно од условите

     

    Електронската Програма за Стабилност (ESP) постојано го следи движењето на возилото. Доколку осети отстапувања од патеката на движење системот автоматски ќе ја поправи патеката на движење за да ви помогне да останете во контрола. ESP кај новиот Ford Focus исто така ја користи опцијата за Подобрена Транзиционална Стабилност која овозможува подобрена стабилност при нагли вртења и ви дава подобра контрола. ESP исто така вклучува Контрола на Тракција за да спречи прекумерено вртење на тркалата и да ви обезбеди најдобро држење на пат, перформанси и стабилност кога ви се најмногу потребни. Системот е постојано активен, но ја имате опцијата да го исклучите со што може да ги подобри перформансите во специфични услови – како на пример да искочите од длабок снег, кал или песок. И за крај, нова генерација на предни сопирачки како и нови фрикциони материјали во предните и задните сопирачки – последната генерација на ESP технологија, ви ја подобрува сопирачката ефективност во тешки услови. 

     

    Напредни системи за поконтролирано сопирање

     

    Анти-блокирачки систем за сопирање (ABS) и електронско распределување на силата на сопирање (EBD) се комбинирани да ви обезбедат поконтролирано сопирање. Поставувањето на сопирачките е исто така подобрено за да ви обезбеди побрза реакција. 

     

     

    Помош Пред Судар

     

    Системот за Помош Пред Судар функционира низ целиот обсег на брзина и детектира предмети кои се во движење. Доколку открие дека е можно да настане судар и нема реакција од возачот, тогаш испраќа визуелно и звучно предупредување од инструмент таблата и потоа делумно сопира наместо вас. 

     

     

    За да избегне судар при мали брзини, Focus сопира за вас

     

    Овој систем е направен да ви помогне кога се движите во бавен сообраќај и при брзини побавни од 30 km/h. Ако сензорите откријат дека возилото пред вас ненадејно сопира, возилото автоматски ги активира сопирачките. Моментална реакција во моментот кога ви е потребна.

     

     

    Ултра-светли, ниско-енергетски би-ксенон предни светла

     

    Би-Ксенон предните светла со Адаптивно Осветлување автоматски го менуваат осветлувањето за да ви го обезбеди најдоброто светло за зададените услови. Осветлувањето се прилагодува зависно од тоа дали возите во град или пак на автопат а доколку има возилот кое приоѓа од спротива, светлата ќе се спутат за да не му пречат. 

     

    Автоматско Долго Светло. За подобра видливост, без да пречите на другите

     

    Корисна алатка при ноќно возење, Автоматското Долго Светло моментално ги спушта светлата кога ќе открие дека возила се движат од спротивната насока, за да не им пречите на другите учесници во сообраќајот. Отпосле повторно се враќа во првобитната позиција за да ви обезбеди максимална видливост. 

     

    Самозатемнувачки внатрешен ретровизор

     

    Ноќно време, побезбедно ќе возите доколку не ви пречат светлата од возилата позади вас. Иновативниот самозатемнувачки ретровизор детектира кога има возила позади вас и автоматски се затемнува за да небидете заслепени. 

     

     

     

    Потсетување за безбедносен појас за поголема безбедност

     

    Оваа опција ги оддржува вашите патници безбедни и сигурни додека се движите. Ви дава звучно и визуелно предупредување доколку некој од патниците нема ставено безбедносен појас. 

     

     

     

    Времено предупредување за издишан пневматик

     

     

    Доколку некој од пневматиците почне да губи притисок за време на вашето патување, Системот за Следење на Притисокот во Пневматиците (TPMS) веднаш ќе ве извести преку икона на инструмент таблата. На овој начин ќе имате шанса безбедно да застанете и го поправите проблемот. 

     

     

     

  • Помош за Возачот

    Два напредни системи за да ви помогнат да останете на прав пат

    Помош за задржување во лента ви асиситира во управувањето доколку детектира дека се исклучувате од лентата без да дадете сигнализација. Дополнително Системот за предупредување ве предупредува со вибрации на воланот и визуелен сигнал на инструмент таблата доколку открие дека се исклучувате од лента.

     

     

    Предупредување за возачот

    Предупредувањето за возачот е направено постојано да го следи возењето на возачот и да открие нарушувања предизвикани од замореноста на возачот. На екранот се прикажува икона за предупредување што ве советува да направите пауза. Предупредување токму какво што ви е потребно, особено ако возите сам. Оваа технологија ја доби престижната Euro NCAP награда за напредност.

     

     

    Помош при поаѓање на нагорнина

    Оваа иновација спречува да се вратите назад кога поаѓате на нагорнина. Откако ќе ја отпуштите сопирачката кога возилото не се движи, технологијата ги спречува тркалата да се движат, зголемувајќи ја контролата дури и кога тргнувате на стрмна нагорнина или кога запирате и тргнувате на лизгави површини.

     

     

     

    Систем за информирање при „мртви агли“

    Со користење на радарски сензори, системот за информирање при „мртви агли“ е направен да гледа предмети коишто вие можеби не можете да ги видите, возилата коишто се скриени во вашите мртви агли. Ако сензорот открие возило во вашиот „мртов агол“, ве предупредува со портокалово светло во вашиот ретровизор за да ве извести дека нешто доаѓа. Ретровизорите никогаш не биде толку напредни и корисни при возење на автопат.

     

    Приспособлив темпомат со предупредување за возило пред вас

    Приспособливиот темпомат (ACC) е напреден систем за контрола на брзината којшто го надгледува патот пред вас со помош на радарски сензор за уште поопуштено возење. Како и обичниот темпомат, ACC ви овозможува да ја изберете и да ја одржите брзината којашто ја сакате.Сепак, ако системот открие возило пред вас, ќе го забави вашето возило за да обезбеди одржување на однапред поставеното растојание помеѓу вашите возила. Штом патот пред вас ќе биде чист повторно, ќе го врати возилото на избраната брзина којашто може да се постави од 25-120км/ч. Исто така го опфаќа и предупредувањето за возило пред вас што претставува систем којшто ве предупредува ако се приближите премногу до возилото пред вас.

     

Bookmark & Share