Автомобил кој ве става во контрола

Благодарение на паметните технологии и интелегентниот дизајн, новиот Focus прави секоја помината минута во него да се чувствувате удобно, безбедно со уживање.

 

 

Иновативните технологии исто така обезбедуваат да бидете поврзани со патот исто колку што сте со музиката, пораките и телефонските повици во движење.

 

  • Возачка Технологија

    Најновата хендс-фри технологија

     

    Ford SYNC 2 со говорни команди и екран на допир го води постоечките инфо-забавен систем еден чекор понапред со дополнителен 8’ екран на допир во боја. Овој екран со висока резолуција дава интуитивна контрола на неколку клучни функции, вклучувајќи телефон, аудио, клима и опционалните навигација преку глас или допир.

     

    Паркирањето направено уште полесно

     

    Технологијата за Активна помош при паркирање може да ви помогне да паркирате без користење на рацете во паралелни простори и да го олесни перпендикуларното паркирање(како во големи паркинзи). Технологијата го детектира просторот и потоа го контролира управувањето додека влагате во рикверц. Дополнително технологијата за Помош при излегување од паркинг е дизајнирана да ви помогне да излезете од најтесните простори.

     

    Менувај брзини брзо, со твоите прсти

     

    Одберете автоматска трансмисија и ќе добиете опција на високо-перформански автомобил со Автоматско менување на брзините на волан. Лопатките се фиксирани на двете страни од воланот со десната менувате брзина нанапред а со левата наназад, ова овозможува брзо менување со вашите прсти, дури и кога вртите.

     

    Ford PowerShift. Брзо и штедливо на гориво

     

    Комбинирајќи ги предностите на автоматски со контрола на мануелен, овој напреден 6-брзински менувач  ја селектра следната брзина за вас за притоа да не губите од моќта кога менувате. Powershift-овата брзина на светлината на менување на брзини го прави возењето посмирено додека штеди гориво и ја намалува емисијата на CO2  споредено со нормалниот автоматик.

     

    Ви помага во сопирање при високи брзини

     

    Активниот систем за сопирање е иновативна нова безбедна карактеристика која работи кога возите побрзо од 45км/ч (на пример на автопат). Технологијата користи Радар да го скенира патот пред возилото и доколку детектира дека е можен судир, ве предупредува. Доколку не реагирате, системот ги подготвува сопирачките и почнува да сопира за да ви помогне да се успорите. Кога возите со брзина под 45км/ч тука е друга технологија да ви помогне: Активно Сопирање во Град. Комбинирани, овие две технологии ви даваат сигурност во асистенцијата за сопирање на секоја брзина со која ќе возите.

     

    Помош градското возење да биде побезбедно

    Несреќи во тргни-застани или спор сообраќај се случуваат многу често (посебно на улици каде има гужва од автомобили). Активното Градско Сопирање е дизајнирано да ви помогне да ги избегнете, или намалите нивниот удар. Доколку системот детектира  декан возилото пред вас ненадејно сопре, а вие возите со брзина помала од 45км/ч автоматски се активираат сопирачките. Како доказ на иновацијата, Активно Градско Сопирање ја доби Euro NCAP Наградата за напредна безбедност.*

    Наградено за Ford Focus 2013*

     

    Предупредувајќи ве за опасности

    Додека паркирате, сензорите на задните крила детектираат опасности од двете страни на возилото и ве предупредуваат, за да ги избегнете.

     

    Ги забележува возилата кои може да не ги видите

    Системот за предупредување на раскрсница е комплетно нова технологија која сега е дел од системот за Информирање на мртва точка. Кога излегувате од паркинг место во рикверц и имате ограничен преглед на ситуацијата во сообраќајот, Системот за Предупредување на раскрсница ги детектира возилата кои се движат во вашиот правец и ве предупредува со звук. Технологијата осветлува и сијаличка во страничните ретровизори (лево или десно во зависност од правецот во кои доаѓаат возилата).

     

    Ретровизори кои гледаат тоа што вие не можете

    Системот за информирање на мртва точка (BLIS) може да ви помогне да менувате ленти по безбедно. Тоа е така бидејќи Радар сензорите ги скенираат мртвите точки на двете страни од возилото. И доколку тие детектираат возило кое не можете да го видите, портокалово светло се пали во страничниот ретровизор да ве предупреди. BLIS исто така вклучува комплетно нова технологија, Систем за предупредување при минување на раскрсница.

     

    Ви помага да гледате, без да ги вознемирувате другите учесници во сообраќајот

    Корисна помош за ноќно возење, Автоматските Високи светла секундарно ги спушта ако детектира возила кои се движат во или кон вашиот правец како не би се попречиле другите возачи. Потоа тие се враќаат на високата позиција, автоматски, давајќи ви максимална прегледност. Автоматски Високи Светла се достапни како опција со Предупредувањето за задржување во лента (погледни ја страната Безбедност и Сигурност).

     

    Уморни? Предупредувањето за будност тоа може да го почувствува

    Предупредувањето за будност константно го следи возачкото однесување и е дизајнирано да детектира некои промени кој би можеле да бидат предизвикани од замор. Доколку систем открие дека станувате помалку ажурни, симбол за предупредување се појавува на дисплејот, кој ви сугерира да направите пауза. Доколку вашето внимание во начинот на возењето продолжи да опаѓа, пораката се повторува со звучен сигнал.

     

    Напреден систем кој ви помага да останете во лента

    Системот за задржување во лента користи предна камера да детектира доколку инцидентно излегувате од неа. Предупредувањето за задржување во лента се активира со вибрации на воланот и јавувајќи визуелно предупредување. Доколку сте преспори да реагирате или не реагирате, Помошта за задржување во лента овозможува управувачка асистенција да ви помогне да се вратите безбедно во правата лента. Технологијата е дизајнирана за патишта со повеќе ленти (автопати), така што автоматски се деактивира на брзини по 65 км/ч или може да биде исклучена рачно.

     

    Препознавање на сообраќајни знаци

    Сега можете да бидете спокојни ако пропуштите некој сообраќаен знак во новиот Focus. Технологијата за препознавање на сообраќајни знаци ги идентификува сообраќајните знаци и може да прикаже два различни знаци на инструмент-таблата. На пример, може да го прикаже ограничувањето на брзината и знакот за забрането претекнување на екранот за контроли. Дури и ќе трепка ако го надминете ограничувањето на брзината. Корисно потсетување за да внимавате додека возите.

     

    Приспособлив темпомат со предупредување за возило пред вас

    Приспособливиот темпомат (ACC) е напреден систем за контрола на брзината којшто го надгледува патот пред вас со помош на радарски сензор за уште поопуштено возење. Како и обичниот темпомат, ACC ви овозможува да ја изберете и да ја одржите брзината којашто ја сакате.

     

     

     

    Ви помага да држите безбедно растојание

    Инструменталната табла вклучува Означување на Растојание, достапно со Адаптивниот Темпомат. Оваа опција континуирано ја покажува раздалеченоста со возилото пред вас и ви сигнализира преку систем од симоболи во боја во зависност од тоа какви подесувања сте поставиле. Предупредувањето за растојание истоа така ве предупредува со црвен симбол да внимавате доколку се приближите премногу до возилото пред вас.

     

    Паметни предни светла

    Би-Ксенон предни светла со Адаптивно прилагодување на снопот светла автоматски за најдобра светлосна дистрибуција во дадени услови на возење. Ова осигурува нај ефективен светлосен сноп кој е продуциран автоматски за било кои дадени услови, на автопатите и градските улици. Вклучено во оваа технологија е функцијата за автоматско спуштање на светлата кога доаѓа возило од спротивниот правец.

  • Комфор и удобност

    Волан кој ви овозможува се да ви биде при рака

    Новиот волан со три краци е ергономски дизајниран специјално за новиот Ford Focus. Секое копче и контрола е до вашите прсти и позицијата на воланот е поставена за подобрување на користењето и прегледноста на инструменталната табла. За ваш дополнителен комфор, зошто не го одберете новиот волан со можност за загревање?

     

     

    Паметно складирање на вашите смарт-уреди

    Централната конзола вклучува простор за смарт-телефон како и обични мобилни телефони. Вклучува USB приклучок  како и напојување и гумирано обвивка за да стојат вашите уреди сигурни. 

     

     

     

     

    Систем Ford Key-Free

    Оваа паметна технологија реагира на сензорите на возилото и ви овозможува да го заклучите и да го отклучите возилото без да го вадите клучот од џебот или торбата. Многу корисно кога рацете ви се полни со торби.

     

     

     

     

    Стартувајте го вашиот Focus со еден допир

    Focus  автоматски го насетува присуството на сопствениот уникатен клуч, дури и ако е во вашиот џеб или торба. Па само притиснете го Ford Power копчето и моторот ќе го доведете во живот.

     

     

     

     

    Безгрижно споделување на кола со MyKey®Безгрижно споделување на кола со MyKey®

    Ford MyKey e иновативна програмска карактеристика која има за цел да охрабри безбедно возење. MyKey ви овозможува да програмирате свои индивидуални оции. Така што доколку ја позајмувате колата на некој друг, можете да ставите граница на максимална брзина, да ставите потсетник за појаси, дури и да ја контролирате јачината на аудио системот.

     

    Бришачи со сензори за дожд

    Бришачите на ветробранот на новиот Focus имаат шест нивоа на чувствителност и се вклучуваат при првата капка дожд и ја зголемуваат брзината за да се справат со сѐ што времето може да ви донесе.

     

     

     

     

    Ретровизори со електрично преклопување

    Електричните ретровизори коишто автоматски се преклопуваат се паметен детал и можат да спречат оштетување додека сте паркирани. Кога ќе се вратат назад, тие исто така ги заштитуваат и стилски вметнатите индикатори коишто придонесуваат за целосниот впечаток на патот.

     

     

     

    Ford Easy-Fuel

    Со Ford Easy-Fuel скоро е невозможно да дополните погрешно гориво во возилото едноставно затоа што погрешно црево за дополнување гориво нема да одговара. И поради тоа што е систем за дополнување гориво без капаче, никогаш повеќе нема да треба да фаќате нечисти капачиња.

     

     

     

    Одмрзнете ја шофершајбната за момент со Quickclear

    Оваа интелегентна карактеристика е дизјанирана да ви заштеди време во замрзнатите зимски утра. Само со стискање на едно копче системот го омрзнува стаклото за секунди, дури и ако е надвор температурата под нула.

     

Bookmark & Share