Моќност и економичност: уживајте во двете

Моторната технологија кај Focus има клучна улога, помагајќи да се намалат трошоците за одржување и емисиите додека испорачува извонредни нивоа на моќ и перформанси.

 

Палетата сега вклучува 1.5-литарски EcoBoost бензински и 1.5-литарски TDCi дизел мотори. Двата достапни со Ауто-Старт-Стоп, сега застапуваат намалена потрошувачка низ опсегот. 

 

Сите нови мотори се дизајнирани да ги задоволат строгите Еуро 6 норми додека 1.0-литарскиот EcoBoost мотор ги намалува емисиите до под 100 g/km CO2


  • Моќност

    Палета на напредни мотори го напојуваат новиот Focus. Сите поседуваат различни капацитети и моќности и се најновите дополнувања на опсегот. 

     

    1.0-литарски EcoBoost

     

    Верзија на изненадувачки моќниот 1.0-литарски EcoBoost мотор ќе понуди под 100 g/km CO2 емисии: првиот не-хибриден, бензински семеен автомобил во Европа кој го може тоа.  




    Моќ и ефикасност без компромис

     

    Новиот 1.5-литарски EcoBoost е нов прилог на успешниот EcoBoost опсег. Моторот е паметно намален од 1.6-литарскиот EcoBoost, за да обезбеди пониски емисии и подобра потрошувачка – без да ги компромизира моќта и управувањето. Достапно со: 150КС и 182КС варијанти со 6-степен рачен менувач и 6-степен автоматски менувач. 


    Потполно нова опција

     

    1.5-литарскиот TDCi мотор е потполно нов мотор ексклузивно изработен од страна на Ford, за Ford. Базиран на 1.6-литарскиот TDCi, тој ја нуди истата моќност во првото ниво со 95КС но зголемена моќност до 120КС кај второто ниво, додека поседува подобрена економичност и намалени емисии. Овој мотор е достапен со 6-степен рачен менувач и 6-степен автоматски менувач кај верзијата со 120КС. 

     

    Дизел моќност со ниски емисии

     

    2.0-литарскиот дизел мотор е исто така нов и достапен со 150КС, со 6-степен рачен менувач или 6-степен PowerShift автоматски менувач. За тие со аспирација за поголема моќност е достапен во изведба со 185КС и 6-степен рачен менувал. Новиот мотор испорачува значително намалување на емисиите за разлика од предходната генерација. 

  • Управување

    Возачкото искуство кај Focus е легендарно. Со понатамошно подесување и подобрување, новиот Focus испорачува напредни нивоа на држење, контрола и управување независно дали возите на автопат, низ свиоци или нагло сопирате. Со автоматска трансмисија, може да уживате во брзината и контролата достапна на допир преку лопатките за промена на брзини. 

     

    Подобрена Транзициона Стабилност

    Најновиот систем за Транзициона Стабилност ги зима во предвид брзината на движење, поставеноста на управувачот и брзината со која се врти управувачот за да предвиди дали ќе постои можност за пролизгување. Доколку системот воспостави дека тоа е можно, Електронската Програма за Стабилност пред времено реагира со успорување или закочување на индивидуалните тркала за да се избегне пролизгувањето.

     

     

    Максимална контрола при вртење

    Системот за Контрола на Векторот на Вртежниот Момент го балансира вртежниот момент меѓу предните тркала за да се приспособи за подлогата и условите на возење. Проверувајќи ги параметрите 100 пати во секунда, ви испорачува подобро држење на патот и ултра-прецизно управување поготово при забрзување низ свиоци. 

     

     

    Рафинирано возење

    Ревидираната задна суспензија испорачува мирно возење и прецизна реакција, интуитивни повратни информации од патот и тивко возење, дури и при забрзување. 

     

  • Економичност

    Користете помалку гориво со Ауто-Старт-Стоп

     

    Кога ќе застанете на семафор или кога автомобилот не е во движење, Ауто-Старт-Стоп автоматски ќе го исклучи моторот (додека сеуште обезбедува електрична енергија за вентилација, радио и Ford SYNC). Кога ќе бидете спремни да појдете, при менување во прва брзина автомобилот повторно ќе стартува. Ауто-Старт-Стоп е особено ефективен во град и во градски сообраќај. 

     

    Наполнете го акумулаторот поефикасно

     

    За разлика од традиционалните системи, Паметното Регенеративно Полнење го полни акумулаторот само кога е потребно, и кога е можно, избегнува да го полни кога ја притискате педалата за гас. Ова ви овозможува да заштедите повеќе гориво и уште повеќе да ги намалите емисиите. 



    Подобра аеродинамика за подобрена економичност

     

    Кога возите бавно, системот за Активно Затворање на Предната Решетка ја држи отворена за моторот подобро да се лади. Кога ќе ја зголемите брзината автоматски се затвора за да постигне подобра аеродинамика и подобри економичноста. Со текот на времето, оваа технологија може да направи голема разлика. 


    Поефикасно менување на брзини

     

    Осветлена стрелка на инструмент таблата ве известува кога да промените брзина за максимална економичност. Едноставен но ефективен начин да ви помогнеме секое патување да биде поекономично.

     

     

     

    Помош за економично возење

     

    Иновативниот Ford Eco Mode систем континуирано го проценува вашето возење и влијанието врз потрошувачката. Системот ја анализира вашата брзина, менување на брзини, сопирање и ниво на предвидување, плус бројот на кратки и долги патувања кои ги обавувате. Интелегентниот софтвер потоа ве советува како да ја подобрите економичноста. 

     

Bookmark & Share