Луксузниот Ford Galaxy веќе од €29.400

Со својата напредна технологија и совршениот дизајн, новиот Ford Galaxy го комбинира највисокиот квалитет на возење со највисоките нивоа на просторност, удобност и иновација. Едноставно, ова возило е најелегантното семејно возило со 7 седишта што собира најмногу што може денес да се најде на патиштата. Откријте ја целата понуда на Galaxy, до Titanium.

Ве молиме погледнете ги целосните карактеристики и спецификации за повеќе детали или контактирајте со вашиот продавач на Ford.

 

  • Клучни карактеристики

    Задни LED-светла

    Технологија на светла што веднаш се забележува. Светлите и долготрајни LED-светла ја подобруваат видливоста и го дополнуваат впечатливиот изглед навечер.

    Кинетички дизајн на Ford

    Елегантен и аеродинамичен стил на новиот Ford Galaxy ја отсликува нашата филозофија „енергија во движење“.

    Иновативна технологија за мотори

    Технологијата на бензиските мотори EcoBoost и технологијата на дизел моторите Duratorq даваат повеќе вртежи и моќ, како и намалена потрошувачка на гориво и помали испуштања на CO2 (ги исполнуваат најновите стандарди Euro 5 за испуштање штетни гасови).

    Менувач PowerShift

    Galaxy има автоматски менувач PowerShift со шест брзини и двојна спојка што го олеснува возењето, штеди гориво и нуди повеќе забава.

    Интелигентен систем за заштита (IPS) 

    Напредниот IPS кај Galaxy користи голем број напредни технологии за да обезбеди ваша заштита, вклучувајќи и челичен безбедносен кафез со голема цврстина.

    Динамика на возењето

    Напредните технологии на суспензија овозможуваат одлична динамика на возењето и следење на наредбите на управувачот.

    Флексибилна внатрешност 

    Големиот број иновации го прават Galaxy идеален за работа или игра. Луксузните материјали ви помагаат да се опуштите додека уживате во просторноста.

    Систем за преклопување на седиштата Ford Fold Flat (FFS)
    Преклопувањето на седиштата од вториот и третиот ред нуди дури 32 можни комбинации за седење и багажен простор.

    Безбедносни карактеристики

    Системите за пасивна и активна безбедност заедно со технологијата за помош на возачот се направени за да го направат возењето полесно и побезбедно без оглед на условите.

    Паметна технологија

    Иновативната технологија ви дава контрола и удобност што можете да ја очекувате кај возилата од висока класа.

    Ford Easy Fuel

    Невозможно е да дополните со погрешно гориво и не треба повеќе да фаќате нечисти капачиња за гориво.

    Квалитетна изработка

    Новите материјали и деталите во внатрешноста на Galaxy го прават ова одлично возило уште поелегантно.



     

  • Дизајн

    Ford Easy Fuel

    Often, people mistakenly add diesel to their petrol tank – or vice versa. It’s easily done – but not in a Ford Focus. Ford Easy Fuel is a capless refuelling system with a mis-fuelling inhibitor that can tell the difference between the fuel pump nozzles used for petrol and diesel.

    Tyre Deflation Detection

    We believe that potential problems should be tackled before they become real problems. The Tyre Deflation Detection technology is an option across the Focus range, with sensors that constantly monitor each tyre, and provides an alert on the instrument panel if there’s a loss of pressure (optional extra).

    Lighting technology

    The lighting technology in the Ford Focus has been designed to make night-time driving easier, safer and more comfortable. The headlights automatically turn on when the sensors detect a reduction in light conditions, which means you won’t need to turn them on at dusk, at night or when you are going through a tunnel. Adaptive front headlights are available as an option.

    Кинетички дизајн на Ford

    Со својата елегантна и современа појава, Galaxy е убав пример на кинетичкиот дизајн на Ford. Седнете во раскошната внатрешност и ќе забележите дека кабината е релаксирачки и многу флексибилен простор.

    Надворешен дизајн

    Со својата аглеста предница, предни светла во вид на скапоцен камен и аеродинамичната форма, Galaxy отсекогаш имал динамичен профил. А сега со дизајнерските дополнувања, како што се извајаната хауба, хромираните детали и пониските и понагласени браник и решетка, новиот Galaxy дава дополнително чувство на елеганција.

    Внатрешен дизајн 

    Светлата и релаксирачка атмосфера во Ford Galaxy е дополнително подобрена со мали детали, вклучувајќи и лукзузните нови ткаенини и дигиталниот аудиосистем Sony.

                       

    Во внатрешноста на новиот Galaxy има:

    • Мека кожа Windsor
    • Опции за бои со дополнителни дезени
    • Хромирани украси
    • Централна конзола во пијано-црна боја 

     

  • Што е ново

    Приспособлив уред за ограничување на брзината (ASLD) 

    Овој нов систем за помош на возачот е вклучен како дел од темпоматот. ASLD е направен за да му помогне на возачот случајно да не ги надмине брзините што ги определил, на пример да остане во рамките на дозволената брзина за време на долгите патувања. Со користење на напредните прекинувачи за темпоматот што се наоѓаат на управувачот можете да ја поставите вашата најголема брзина од 30 до 180 km/h (19 до 112 mph). Ако вашата брзина го надмине определениот опсег, системот за управување со моторот интервенира за да ве врати на брзината што сте ја поставиле. 

    Пренос Ford PowerShift

    Ford PowerShift нуди совршено искуство за ентузијастите за возење. Има нов, најмодерен автоматски менувач со двојна спојка и паметно ја избира следната најсоодветна брзина во вистинскиот момент, овозможувајќи секавично менување брзини без да се прекинува текот на моќноста.

    Исто така можете да ја искористите подобрената заштеда на гориво во споредба со конвенционалните автоматски менувачи. Покрај максималната ефикасност и штедливост при потрошувачката на гориво, Ford PowerShift има спортски режим што ви овозможува да ги менувате брзините без да притискате на куплунгот.


    Дизел технологија Duratorq на Ford

    Нашите дизел мотори ја користат најновата технологија за да ја комбинираат моќноста со одличната економичност во потрошувачката на гориво што придонесува за намалените испуштања на CO2. Значително подобрениот дизел мотор Ford Duratorq TDCi од 2,0 литри е дополнет со новата верзија со 163 КС (120 kW), а и двата мотори се тивки, високо-ефикасни и достапни со PowerShift пренос. Испуштањата на CO2 се 159 g/km (PowerShift) и 152 g/km (рачен пренос).

    Копче за стартување Ford Power

    Веќе нема потреба да го ставате клучот во бравата за да го стартувате автомобилот. Сега едноставно го притискате копчето за стартување додека го притискате кумплунгот (или педалата за кочење кај автоматски менувач) и го стартувате моторот. Исто така достапно со системот Ford-KeyFree: систем за влегување без клуч што ви овозможува да го заклучувате и да го отклучувате автомобилот без да го вадите клучот од џебот или торбата.

    Дигитален аудиосистем Sony

    Уживајте во моќното аудиоискуство во вашиот автомобил, а тука е и кристално јасниот радиоприем DAB. Екранот на дигиталниот аудиосистем може да прикажува и информации за програмата што ја слушате, како што е содржина на радиодрама.

    Луксузни материјали и дезени

    Сплетот на елегантна кожа или текстил, дополнет со шиењето со висок контраст, ја подигнува внатрешноста на повисоко ниво на раскош и престиж. Новите стилски лајсни на вратите и дезените на иснтрумент-таблата додаваат дополнителна елеганција, вклучувајќи ги и елегантниот нов дизајн Mercury или современата Chrome Brushed завршница.

    Систем за информирање при „мртви агли“

    Оваа визуелна помош со висока технологија е создадена за да ви ги олесни долгите патувања. Штом некое возило ќе влезе во вашиот „мртов агол“, системот ве предупредува со дискретни светла за предупредување што се вградени во ретровизорите на вратите кај возачот и совозачот. (Опција)

    Ford Easy Fuel

    Луѓето често дополнуваат дизел гориво во резервоарот за бензин и обратно. Ford Easy Fuel е систем за дополнување гориво без капак со уред за спречување на дополнување со погрешно гориво што може да ги разликува отворите на цревата за точење бензин или дизел гориво. Така никогаш нема да дополните погрешно гориво.

    Моторот Ford EcoBoost SCTi 

    На нашата палета турбо дизел мотори што се најдобри во класата сега им се приклучува и првиот од високо-ефикасните турбо бензински мотори Ford EcoBoost SCTi што се користи кај Ford S-MAX. Овие мотори ги комбинираат поголемата моќност и поширокиот опсег вртежи со намаленото испуштање штетни гасови и помалата потрошувачка на гориво.

     

    Моторот EcoBoost SCTi од 2,0 литри што е најдобар во својата класа дава 203 КС, со потрошувачка на гориво од само 8,1 l/100 km (34,9 mpg) (комбинирано), намалувајќи ги испуштањата на CO2 до 20% (испуштањата на CO2 се 189 g/km).

    Стил со Individual

    Individual е начин да го приспособите вашиот Galaxy со голем број уникатни стилски опции за внатрешноста и тркалата.

    Задна камера 

    Кога ќе изберете рикверц, задната камера се активира автоматски на екранот од системот за навигација и ви овозможува да ги гледате објектите зад вашиот автомобил. Специјална графика за наведување ја покажува ширината и централната линија на автомобилот според аголот на вртење за побезбедно и полесно маневрирање. (Опција)

    Електронско заклучување на вратите

    Со кликнување на само едно копче, оваа иновативна опција ви овозможува да ги обезбедите вашите скапоцени патници на задните седишта.

    Систем од шини на покрив со лизгачки попречни рамки

    Новиот систем од шини на покрив од зајакнат алуминиум додава нова, складна димензија на пренос на багаж на покривот. Лизнете ги попречните рамки на задната страна од покривот кога не е потребна нивната способност за пренесување тежок товар, за да се покажат елегантните линии на вашиот Ford Galaxy. (Попречни рамки - опција и дополнителна опрема)

    Украси на надворешноста

    Нови хромирани детали на држачи на рачките на вратите, лајсни на вратите, украси на врати и предна решетка.

    Технологија за LED-осветлување

    Се користи како одличен ефект и оваа технологија прва се забележува.

     

  • Околина

     

    Посветеност на иднината 

    Ние секогаш се трудиме да го подобриме тоа што го правиме и начинот на којшто го правиме тоа. Во пресрет на климатските промени, коишто се глобален предизвик, нашите насоки и темпото на иновации никогаш не биле поважни. Затоа развиваме цела палета многу напредни возила што испуштаат помалку штетни гасови.

    Моторот Ford EcoBoost SCTi 

    На нашата палета турбо дизел мотори што се најдобри во класата сега им се приклучува и првиот од високо-ефикасните турбо бензински мотори Ford EcoBoost SCTi што се користи кај Ford S-MAX. Овие мотори ги комбинираат поголемата моќност и поширокиот опсег вртежи со намаленото испуштање штетни гасови и помалата потрошувачка на гориво.

     

    Моторот EcoBoost SCTi од 2,0 литри што е најдобар во својата класа дава 203 КС, со потрошувачка на гориво од само 8,1 l/100 km (34,9 mpg) (комбинирано), намалувајќи ги испуштањата на CO2 до 20% (испуштањата на CO2 се 189 g/km).

    Мотори Ford Duratorq TDCi

    Направен за да понуди подобри перформанси и пониски трошоци на сопственост, новиот мотор Duratorq TDCi од 2,0 литри нуди импресивна економичност на потрошувачката на гориво и многу мали испуштања на CO2: 5,7 l/100 km (49,5 mph) (комбинирано) и просечно испуштање CO2 од 152 g/km.

     

    Моторот Duratorq TDCi од 2,0 литри е унапреден за да ги исполни построгите стандарди за испуштање штетни гасови Euro 5 и сега е достапен со 115, 140 или 163 КС. Дополнително, 140 и 163 КС се достапни со опционалниот автоматски менувач Ford PowerShift со шест брзини и двојна спојка.

     

    Забелешка: Сите податоци за испуштање на CO2 во g/km и податоци за потрошувачка на гориво се добиени од официјално одобрени тестирања во согласност со Директивата на ЕЗ 93/116/ЕЗ. Податоците за потрошувачката на гориво се добиени според Европската директива за потрошувачка на гориво ЕУ 80/1268/ЕЕЗ и ќе се разликуваат од резултатите за потрошувачка на гориво во други региони во светот.

    Euro 5 стандарди за испуштање штетни гасови

    Моторите на Galaxy целосно ги исполнуваат новите построги стандарди за испуштање штетни гасови Euro 5, односно испуштањето на штетни гасови и CO2 е помало.



Bookmark & Share