Внатрешен дизајн

Ford Galaxy без напор ги спојува стилскиот дизајн со флексибилната и пространа внатрешност. Од предните седишта со променлива климатизација до широкиот простор за глава и за нозе којшто е достапен кај сите три редови седишта, ова величествено возило е синоним за удобност и релаксација. Исто така, лесно може да се најде место за целиот важен багаж. Со системот за преклопување на седиштата на Ford FoldFlatSystem (FFS), седењето во возилото може да се преуреди на зачудувачки 32 различни начини за максимална флексибилност.
  • Комоција и удобност

    Ветробран што ги одбива сончевите зраци

    Овој ветробран е специјално дизајниран да блокира поголем дел од сончевата топлина во споредба со стандардното стакло. Ова значи дека внатрешноста потешко ќе се загрева во топлите денови, што ќе овозможи удобна околина за возење за вас.

    Предни седишта со контрола на климатизацијата

    Удобност на седиштето што ја контролира патникот за да се подобри удобноста при возењето, особено на подолги релации. Со изборот на пет нивоа на загревање и вентилација, овие седишта имаат вградени грејачи за да ја обезбедат саканата температура додека перфорираниот материјал на седиштата и вентилаторите во седиштата овозможуваат ладниот воздух од внатрешноста на автомобилот да циркулира меѓу седиштата и патниците кои седат на нив.

    Автоматско затемнување на ретровизорот

    Автоматски ја открива светлоста од предните светла на возилата зад вас и ја намалува осветленоста. Тоа спречува да бидете заслепени или зашеметени, а ноќното возење е полесно и побезбедно за вас.

    Двојна електронска автоматска контрола на температурата (DEATC)

    Кога патувате со Galaxy, удобноста никогаш не се доведена во прашање. DEATC ви овозможува да ја поставите температурата посебно според вашите желби, без разлика дали седите на возачкото или совозачкото седиште, а температурата во зоните може да се разликува до 4ºC. И за патниците на задните седишта има посебен компресор којшто обезбедува дополнителен ладен воздух ако е потребно.

    Загреан ветробран Quickclear

    Само со притискање на едно копче, грејачите во ветробранот се активираат веднаш и брзо и едноставно го чистат од мраз и кондензација.

    Загреани ретровизори на вратите

    Загреаните ретровизори на вратите што се управуваат електронски брзо се чистат од мраз, снег и кондензација и со тоа ја подобруваат општата видливост. Достапни со функцијата за меморирање и/или функцијата за преклопување.

    Копче за стартување Ford Power

    Веќе нема потреба да го ставате клучот во бравата за да го стартувате автомобилот. Сега едноставно го притискате копчето за стартување додека го притискате куплунгот (или педалата за кочење кај автоматски менувач) и го стартувате моторот. Исто така достапно со системот Ford-KeyFree: систем за влегување без клуч што ви овозможува да го заклучувате и да го отклучувате автомобилот без да го вадите клучот од џебот или торбата.

    Систем Ford Key-Free 

    Системот FordKeyFree е систем којшто е нов кај Galaxy и служи за влегување без клуч што ви овозможува да го заклучувате и да го отклучувате автомобилот без да го вадите клучот од џебот или торбата. Сензорите на автомобилот го откриваат присуството на „пасивниот клуч“ и соодветно ги активираат механизмите за заклучување.

    Електрична кочница за паркирање (EPB) 

    EPB е лесна за користење и се вклучува и исклучува со притискање на прекинувач на централната конзола. EPB ја заменува конвенционалната рачна кочница и со тоа ослободува место.

     

  • Флексибилност на седење

    Систем за преклопување на седиштата на Ford FoldFlatSystem (FFS) 

    Можеби сте љубител на „направи сам“ или треба да го носите велосипедот на вашата ќерка или можеби сте назначени за возач на бендот на вашиот син. Без разлика што и да треба да се носи, Galaxy е доволно флексибилен за да го исполни тоа. FFS значи дека секое од задните седишта се спушта на исто ниво со подот, а седиштата во вториот ред можат и да се лизгаат и закосуваат. Постојат вкупно зачудувачки 32 можни комбинации на седење.

    Повеќе простор за уште поголема удобност

    Galaxy е идеален за големи семејства благодарение на неговата просторност. А ако треба да пренесете голема опрема или голем товар, седиштата од вториот и третиот можат да се преклопат и да се добие огромен простор од 2.325 кубни литри во задниот дел.

  • Внатрешен дизајн

    Луксузни материјали и дезени

    Сплетот на елегантна кожа или текстил, дополнет со шиењето со висок контраст, ја подигнува внатрешноста на повисоко ниво на раскош и престиж. Новите стилски лајсни на вратите и дезените на иснтрумент-таблата додаваат дополнителна елеганција, вклучувајќи ги и елегантниот нов дизајн Mercury или современата Chrome Brushed завршница.

    Единствен квалитет од висока класа

    Внимателно избраните материјали и добрата рамнотежа на палетите со бои додаваат дополнителен стилски акцент. На располагање ви стои голем избор на бои и елегантни материјали. Материјалите коишто се меки на допир, како што е новата кожа Windsor, прекрасно ги дополнуваат дизајнерските детали и украси во кабината. Секој шев, секое парче ткаенина и кожа, секој детаљ во Galaxy е беспрекорно изработен.
  • Инструменти и контроли

    Интерфејс за комуникација меѓу човек и машина (Human Machine Interface - HMI) и Ford Convers+

    Овој интуитивен команден центар ви помага да имате целосна контрола врз голем број системи во возилото. HMI е достапен во стандардна или напредна варијанта, или како екран на Ford Convers+, и со него се управува со два прекинувачи поставени на управувачот за поставувањата за аудио и за возилото. Со левиот прекинувач можете да пронаоѓате и да променувате радиостаници и нумери на ЦД, како и да ја поставите јачината на звукот. Десниот прекинувач служи за контрола на групираниот приказ за параметрите на возилото и патниот компјутер. Кај групираниот приказ Ford Convers+, десниот прекинувач ви овозможува да лизгате во мултимедијалните списоци MultiMedia, да го контролирате телефонот, радиото и CD-уредот. Исто така е достапен и опционален приклучок за USB/MP3/iPod®.

    Bluetooth®* со гласовна контрола

    Сега, додека возите, можете безбедно да воспоставувате повици со вашиот мобилен телефон без да ги користите рацете со користење на технологијата за Гласовна контрола (Voice Control). Системот ви овозможува да го контролирате мобилниот телефон којшто е компатибилен со Bluetooth®*, како и аудиосистемот во возилото, системот за навигација со DVD и системот за контрола на климатизацијата.

     

    *Трговската марка и логото Bluetooth® се во сопственост на Bluetooth SIG, Inc. и секое нивно користење на овие марки од компанијата Ford Motor Company Limited и нејзините сродни компании е според доделена лиценца. Другите трговски марки и трговски имиња се во сопственост на нивните сопственици.

    Приспособлив темпомат (ACC) со Предупредување за растојание (FA)

    Со ACC можете автоматски да го одржувате избраното растојание од возилото пред вас. Ако возилото пред вас забави и го намали растојанието, ќе се намали и вашата брзина. А кога сообраќајот ќе забрза, вие автоматски ќе се вратите на претходната брзина. Во меѓувреме, FA го следи вашето растојание од возилото пред вас и ако возите премногу блиску, ќе се активира звук и светло за предупредување. Некои верзии исто така се достапни со Приспособлив уред за ограничување на брзината (ASLD).

    Приспособлив уред за ограничување на брзината (ASLD) 

    Овој нов систем за помош на возачот е вклучен како дел од темпоматот. ASLD е направен за да му помогне на возачот случајно да не ги надмине брзините што ги определил, на пример да остане во рамките на дозволената брзина за време на долгите патувања. Со користење на напредните прекинувачи за темпоматот што се наоѓаат на управувачот можете да ја поставите вашата најголема брзина од 30 до 180 km/h (19 до 112 mph). Ако вашата брзина го надмине определениот опсег, системот за управување со моторот интервенира за да ве врати на брзината што сте ја поставиле. 

    Двојна електронска автоматска контрола на температурата (DEATC) 

    Кога патувате со Galaxy, удобноста никогаш не се доведена во прашање. DEATC ви овозможува да ја поставите температурата посебно според вашите желби, без разлика дали седите на возачкото или совозачкото седиште, а температурата во зоните може да се разликува до 4ºC. И за патниците на задните седишта има посебен компресор којшто обезбедува дополнителен ладен воздух ако е потребно.

    Систем за мобилна навигација

    Вклучете го вашиот паметен телефон со Bluetooth®* (мобилниот телефон не е вклучен) во уредот за навигација. Едноставно внесете го чипот за навигација, внесете ги податоците за патувањето и телефонот ќе ги пренесе податоците за маршрутата до аудиосистемот на возилото и инструмент-таблата (достапно во комбинација со аудиосистемите Sony).

     

    *Трговската марка и логото Bluetooth® се во сопственост на Bluetooth SIG, Inc. и секое нивно користење на овие марки од компанијата Ford Motor Company Limited и нејзините сродни компании е според доделена лиценца. Другите трговски марки и трговски имиња се во сопственост на нивните сопственици.

     

  • Просторност

    Конзола над главата во целосна големина

    Оваа многу практична конзола е инспирирана од внатрешниот дизајн кај авионите и нуди голем број прегради, држач за очила за сонце и огледало за надгледување на децата.

    Простор за предмети во внатрешноста

    Со своите 24 прегради за предмети, пространата внатрешност на Galaxy никогаш не е натрупана, без разлика колку дополнителни предмети ќе земе вашето семејство. А додадовме и прегради под предните седишта, така што постои помала шанса да најдете предмети под нозете.

    Повеќе простор за уште поголема удобност

    Galaxy е идеален за големи семејства благодарение на неговата просторност. А ако треба да пренесете голема опрема или голем товар, седиштата од вториот и третиот можат да се преклопат и да се добие огромен простор од 2.325 кубни литри во задниот дел.

    Мрежа за заштита на багажот

    Трајната мрежа за заштита ги штити вашите предмети во делот за багаж на додека патувате. Ги исполнува заострените стандарди за безбедност на Европската комисија за Европа (ECE-R17.07/DIN 75410-2). (Опција и дополнителна опрема)

    Дополнителна опрема

    Без разлика дали одите на скијање или до продавницата за да купите нешто за вашата работилница, има голем избор на дополнителна опрема што го зголемува капацитетот за товар на Galaxy.

    Скиите и штиците за скијање можат да се стават на покривот или во Комплетот за активности којшто користи алуминиумски шипки и приврзоци за да ги заклучи предметите и да спречи нивно изместување.

    Тука е и багажникот за на покрив Thule за безбедно пренесување на дополнителен багаж во секакви временски услови.

    Дополнително, можете да изберете голем систем со целосна големина за заштита на кучиња за безбедно да носите дополнителен багаж или миленичиња во задниот дел. Системот за заштита на кучиња може да се прицврсти зад седиштата од вториот ред или зад седиштата од предниот ред кога седиштата од вториот ред се преклопени. Системот за заштита на кучиња ги исполнува безбедносните прописи на Економската комисија за Европа (ECE-R17) и може да се нарача.

     

Bookmark & Share