Стил на шасија и капацитет

Galaxy  е повеќенаменско MPV кое комфортно може да смести седум возрасни лица.

  • Просторност

    Складишен простор

    Со 24 оддели за складирање: под седиштата, над главите и од страна, просторната внатрешност на Galaxy е слободна од неред, без разлика колку додатен товар фамилијата ќе понесе со себе. Постои корисен оддел со капак во средината на панелот со инструменти и додадовме складишен простор под предните седишта, така што има помали шанси да пронајдете некои работи под Вашите нозе (стандардно со Ghia).

    Опрема

    Било да одите на оној добро-заслужен одмор за скијање или до продавницата за Направи Сам (DIY - Do It Yourself), имате на располагање широк избор на опрема за да го зголемите складишниот простор на Galaxy. Скиите и даските за скијање можат да бидат поставина на кровот или да се транспортираат внатре користејќи го приборот за активност кој користи алуминиумски прачки и додатоци за ги држи предметите безбедни во место. Постои и опција за Тули кутија на кровот за да пренесете додатен товар безбедно во сите временски услови.

     

    Исто така имаме цврст, целосно-висински штитник за кучиња во кој безбедно може да го чувате фамилијарниот багаж или Вашите миленици во задниот дел. Можете да го поставите штитникот за кучиња позади вториот ред седишта или позади предните седишта кога вториот ред е спуштен надолу. Штитникот ги исполнува сите безбедности барања на Економската Комисија за Европа (ECE-R17) и е достапен за нарачка.

     

  • Седишта

    Ford Fold Flat System (FFS)

    Седум комфортни седишта кои се лизгаат напред, назад и со индивидуални наслони. Плус, со Ford Fold Flat System (FFS), имате неверојатни 32 конфигурации на седиштата на располагање. Ако ви треба повеќе простор, седиштата од вториот и третиот ред се преклопуваат абсолутно рамно за неколку секунди, без потреба од нивно отстранување. Galaxy навистина срдечно ги пречекува патниците и што и да носат со нив.

    Повеќе простор

    Galaxy е идеален за фамилиите во развој, благодарение на додатниот простор. Ако треба да пренесете било каква голема опрема или голема количина на товар, со рамното преклопување на седиштата од вториот и третиот ред добивате неверојатни 2325 литри3 простор во задниот дел.

     

Bookmark & Share