Екстериер

Со својата аголна предница и аеродинамичен изглед, Galaxy прикажува стилски прв впечаток. Но, исто така е и разноврсен и практичен фамилијарен автомобил, кој може да смести додатни членови од Вашата фамилија, нивните пријатели и додатен багаж со леснотија.

  • Стил

    Извајан дизајн

    Galaxy има складни и компактни линии. Понискиот став му дава повеќе аеродинамичност, а тука се и големиот број стилски детали во кои спаѓаат:

    • Лежишта за рачки за врата со хромирана завршница
    • Хромирани лајсни на вратите
    • Украси со хромирани детали
    • Отвори за внесување воздух на предната решетка со светла завршница (освен кога возилото е опремено со приспособлив темпомат.

    Нов складен дизајн на решетките

    Горната решетка сега има три тесни хоризонтални ленти со хромирана завршница (освен кога возилото е опремено со приспособлив темпомат). Долната решетка исто така има хромирана завршница кај верзиите Ghia и Titanium што дава динамично нагласен изглед.

    Задни LED-светла

    Дизајнот на новите задни LED-светла го отсликува вниманието коешто се посветува на деталите што може да се забележи секаде низ Galaxy. Исто така, овој стилски дизајн штеди енергија во споредба со претходните верзии затоа што ја користи најновата LED-технологија.


  • Тркала

    Палета дополнителни тркала

    Секое карактеристично тркало го подобрува складниот дизајн на Ford Galaxy. А за дополнителна безбедност во случај на продупчена гума, изберете ги иновативните гуми кои не се издишуваат во случај на продупчување со Системот за следење на притисокот во гумите (TPMS) (достапни со лесни (алуминиумски) тркала од 17" со 5x2 краци).


    Galaxy 18" 5-краци алуминиумски фелни

    Galaxy 18" 5-краци алуминиумски фелни

    Galaxy 17"5x2-краци алуминиумски фелни

    Galaxy 17"5-краци алуминиумски фелни

    Galaxy 17" 15-краци алуминиумски фелни

    Galaxy 16" 5x3-краци алуминиумски фелни

    Galaxy 16" 5x2-краци алуминиумски фелни

     

Bookmark & Share