Мотори и технологија кај Galaxy

Новиот Galaxy нуди пријатно возење преку палета усовршени, моќни и штедливи мотори со високи перформанси.

 

Како дел од палетата на Ford ECOnetic Technologies, бензинските мотори Ford EcoBoost даваат повеќе вртежи и моќ, како и намалена потрошувачка на гориво и помали испуштања на CO2. Додека новите дизел мотори Ford Duratorq TDCi од 2,0 литри се направени да овозможат брзо следење на вашите наредби и ниски трошоци на сопственост.

  • Мотори и менувачи

    Моторот Ford EcoBoost SCTi 

    На нашата палета турбо дизел мотори што се најдобри во класата сега им се приклучува и првиот од високо-ефикасните турбо бензински мотори Ford EcoBoost SCTi што се користи кај Ford S-MAX. Овие мотори ги комбинираат поголемата моќност и поширокиот опсег вртежи со намаленото испуштање штетни гасови и помалата потрошувачка на гориво.

     

    Моторот EcoBoost SCTi од 2,0 литри што е најдобар во својата класа дава 203 КС, со потрошувачка на гориво од само 8,1 l/100 km (34,9 mpg) (комбинирано), намалувајќи ги испуштањата на CO2 до 20% (испуштањата на CO2 се 189 g/km).

    Пренос Ford PowerShift

    Ford PowerShift нуди совршено искуство за ентузијастите за возење. Има нов, најмодерен автоматски менувач со двојна спојка и паметно ја избира следната најсоодветна брзина во вистинскиот момент, овозможувајќи секавично менување брзини без да се прекинува текот на моќноста.

                                

    Исто така можете да ја искористите подобрената заштеда на гориво во споредба со конвенционалните автоматски менувачи. Покрај максималната ефикасност и штедливост при потрошувачката на гориво, Ford PowerShift има спортски режим што ви овозможува да ги менувате брзините без да притискате на куплунгот.

    Дизел мотори

    Нашите усовршени и тивки дизел мотори се протегаат од Ford Duratorq TDCi од 2,0 литри (100 КС) до одличниот Duratorq TDCi од 2,2 литри (175 КС) којшто моментално е најголемиот и најмоќниот дизел мотор којшто е достапен во некое од нашите возила.

    Бензински мотори

    Ако повеќе сакате бензин, нашата понуда ги вклучува бензинските турбо мотори Ford Duratec од 2,0 литри (145 КС), Duratec Flexifuel од 2,0 литри (145 КС) и нашиот ефикасен Ford EcoBoost SCTi.

     

    Забелешка: Сите податоци за испуштање на CO2 во g/km и податоци за потрошувачка на гориво се добиени од официјално одобрени тестирања во согласност со Директивата на ЕЗ 93/116/ЕЗ. Податоците за потрошувачката на гориво се добиени според Европската директива за потрошувачка на гориво ЕУ 80/1268/ЕЕЗ и ќе се разликуваат од резултатите за потрошувачка на гориво во други региони во светот.

    Euro 5 стандарди за испуштање штетни гасови

    Моторите на Galaxy целосно ги исполнуваат новите построги стандарди за испуштање штетни гасови Euro 5, односно испуштањето на штетни гасови и CO2 е помало.

  • Технологии за возење

    Интерактивна контрола на динамиката на возилото (IVDC) со Постојана контролирана амортизација (CCD) 

    IVDC дава забележливо подобрување при управувањето, стабилноста, како и самото сопирање. Секој амортизер се приспособува пет пати во секунда за да обезбеди најдобра можна удобност на патниците и контакт со подлогата. Исто така, можете да се префрлате меѓу моделите на суспензија, спортска, нормална и удобна, во зависност од вашето расположение. (Опција)

     

    CCD соработува со Електронската програма за стабилност (ESP) за да ги намали растојанијата на сопирање на нерамни површини кога има ABS-кочење.

    Електронска програма за стабилност (ESP) со систем за контрола на погонот (TA) и систем за итно сопирање (EBA) 

    ESP со TA ги следат вртежите на тркалата, како и аголот на управувачот, аголот на скршнување и движењето на страна. Ако сензорите откријат лизгање на предните или задните гуми, компјутерот ја променува силата на моторот и ги активира сопирачките на одредени тркала. Ова овозможува подобра контрола на погонот со намалување на вртежите ако тркалата се вртат кога забрзувате. На тој начин се подобрува можноста да се движите на лизгав коловоз или на нестабилни површини давајќи ви уште поголема безбедност во возењето.

    EBA овозможува да имате целосна сила на сопирање секогаш кога ви е потребна и помага да се намалат растојанијата на запирање во итни случаи. А ако треба да сопрете одеднаш, Предупредувањето за итно сопирање ќе ги активира задните стоп-светла за да ги предупреди другите возачи.

    Суспензија поставена под конструкцијата

    Подобрениот систем на суспензија во новиот Galaxy го намалува триењето и ја унапредува контролата при управувањето. Предната и задната суспензија се поставени под конструкцијата за да обезбедат оптимална изведба, одлично управување и удобно патување. Системите постигнуваат голема напречна и закосена цврстина, а истовремено и добра надолжна соодветност за ублажување на дупки.

    Управување и контрола

    Системот за управување што се приспособува по висина и длабочина со помош на хидраулика обезбедува најдобро можно управување. За да се постигне подобра стабилност, беше посветено големо внимание на приспособувањето на системите за суспензија и управување.

    Електронска помош при хидраулично управување (EHPAS) 

    EHPAS е достапна кај дизел моторот Duratorq TDCi од 2,0 литри. Системот лесно може да определи одредени ситуации за возење, како што се возење на отворен пат или паркирање и автоматски применува прецизно ниво на хидраулична поддршка. Како што се зголемува брзината, потребна е помала помош при управување и EHPAS автоматски го прави управувањето потврдо за подобра реакција и подобар контакт со подлогата.

Bookmark & Share