Безбедност и сигурност – дизајн за безгрижни патувања

Сигурноста што ја чувствувате додека го возите Galaxy произлегува од активната и пасивната безбедност што се комбинирани во еден сеопфатен систем. Почнувајќи од склопливиот столб на управувачот што спречува повреди, па продолжувајќи до паметната технологија што спречува да се вратите назад при поаѓање на нагорнини, главен мотив при дизајнирањето на Galaxy е вашата безбедност и безбедноста на вашето семејство.

  • Пасивна безбедност

    Интелигентен систем за заштита (IPS) 

    Штом Galaxy ги доби сите 5 ѕвезди за безбедност на патниците од Euro NCAP, тогаш знаете дека ова возило безбедноста ја сфаќа сериозно. Заедно со најновите технологии за заштита на возачот и патниците, главниот елемент во нашиот пакет за пасивна безбедност е IPS. Во него спаѓаат следните напредни системи кои се подготвени да се активираат во дел од секундата:

    • Воздушни перничиња за општа заштита. Тука спаѓаат: воздушни перничиња за предните седишта, воздушни перничиња на предната страна што се отвораат при удар, странична воздушна завеса на предниот и вториот ред (се отвораат од облогата на покривот) и воздушно перниче за колената на возачот
    • Појаси со 3 точки со затегнувачи и собирачи на предните седишта
    • Држачи кои се приспособуваат по висина на предните појаси
    • Систем за потсетување за ставање на појасот
    • Напреден склоплив столб на управувачот и педали на вовлекување кои се собираат подалеку од возачот за да ги намалат повредите во случај на удар – Систем за повлекување на педалите (Pedal Intrusion Prevention System - PIPS)
    • Напреден систем за заштита на вратот на предниот патник за избегнување повреда на вратот
    • Тврд челичен безбедносен кафез кој заедно со страничните носачи во вратите го минимизира ударот при судир
    • Прекинувач за деактивирање на воздушното перниче на совозачот – во зависност од продавачот
    • Приклучоци за детско седиште ISOFIX* на двете седишта во вториот ред
    • Автоматско предупредување за опасност – се активира автоматски во случај на незгода

    *Забелешка: Детското седиште никогаш не треба да се става на предното совозачко седиште кога возилото на Ford има функционално воздушно перниче на совозачкото седиште. Најбезбедното место за децата е правилно да седат на седиштата во вториот ред.

  • Активна безбедност

    Систем против блокирање на сопирачките (ABS) со електронска распределба на силата за сопирање (EBD) 

    Овој систем е поставен во Galaxy за да обезбеди полесно, постабилно и побезбедно сопирање за вас и за вашите патници.

    Електронска програма за стабилност (ESP) со систем за контрола на погонот (TA) и систем за итно сопирање (EBA) 

    ESP со TA ги следат вртежите на тркалата, како и аголот на управувачот, аголот на скршнување и движењето на страна. Ако сензорите откријат лизгање на предните или задните гуми, компјутерот ја променува силата на моторот и ги активира сопирачките на одредени тркала. Ова овозможува подобра контрола на погонот со намалување на вртежите ако тркалата се вртат кога забрзувате. На тој начин се подобрува можноста да се движите на лизгава подлога или на нестабилни површини давајќи ви уште поголема безбедност во возењето.

     

    EBA овозможува да имате целосна сила на сопирање секогаш кога ви е потребна и помага да се намалат растојанијата на запирање во итни случаи. А ако треба да сопрете одеднаш, Предупредувањето за итно сопирање ќе ги активира задните стоп-светла за да ги предупреди другите возачи.


    Би-ксенон HID предни светла 

    Би-ксенон HID предните светла кај Galaxy се повеќе од двапати помоќни од конвенционалните предни светла, а користат само две третини од енергијата. Оваа опција исто така вклучува статични странични светла и бришачи на предни светла.




    Интерактивна контрола на динамиката на возилото (IVDC) со Постојана контролирана амортизација (CCD) 

    IVDC дава забележливо подобрување при управувањето, стабилноста, како и самото сопирање. Секој амортизер се приспособува пет пати во секунда за да обезбеди најдобра можна удобност на патниците и контакт со коловозот. Исто така, можете да се префрлате меѓу моделите на суспензија, спортска, нормална и удобна, во зависност од вашето расположение. (Опција) CCD соработува со Електронската програма за стабилност (ESP) за да ги намали растојанијата на сопирање на нерамни површини кога има ABS-кочење.


    Помош при поаѓање на нагорнина (HSA) 

    HSA спречува да се вратите назад кога поаѓате на нагорнина. Откако ќе ја отпуштите педалата за сопирање кога не се движите, технологијата ги сопира тркалата и му овозможува на возачот безбедно да тргне..




    Систем за итно сопирање (EBA) 

    EBA овозможува да имате целосна сила на сопирање секогаш кога ви е потребна и помага да се намалат растојанијата на запирање во итни случаи. За да ги предупреди другите возачи ако треба да сопрете одеднаш, Предупредувањето за итно сопирање ќе ги активира задните стоп-светла.




    Систем за следење на притисокот во гумите (TPMS) 

    Системот доаѓа заедно со сензори на секое тркало коишто постојано го проверуваат притисокот во гумите, обезбедуваат точни податоци за притисокот и ве предупредуваат пред некое губење на притисок да стане проблем.

  • EuroNCAP

    Интелигентна заштита

    Напредниот Интелигентен систем за заштита (IPS) кај Ford Galaxy користи голем број напредни технологии за да ве заштити. Сите тие придонесуваат Ford Galaxy да ги добие максималните „5 ѕвездички“ во оценувањето на тестовите од Euro NCAP за возрасни патници што е највисока оцена којашто некогаш ја добило возило од оваа класа.

  • Сигурност

    Пасивен систем против кражба (PATS) 

    Кога треба да го оставите некаде вашиот Galaxy, сакате да бидете сигурни дека возилото ќе биде безбедно. Токму затоа вградивме толку многу безбедносни особини. Сите брави се со голема безбедност, отпорни на пробивање и заштитени со зајакнати носачи. А како дополнителна мерка, тука е нашиот патентиран PATS имобилизатор којшто го исклучува моторот сè додека вашиот клуч со единствен код не го стартува или не го препознаат сензорите.

    Електронско заклучување на вратите

    Со кликнување на само едно копче, оваа иновативна опција ви овозможува да ги обезбедите вашите скапоцени патници на задните седишта.






    Двојно заклучување со централно отворање/затворање

    Клучот со двојно заклучување на Galaxy значи дека можете да ги затворите сите електрични прозорци, како и вратите од далеку. Ако некој натрапник успее да влезе со кршење на прозорецот, нема да може да ги отклучи вратите од внатре. Можете да го активирате двојното заклучување едноставно со притискање на копчето за заклучување на приврзокот за клучот. Исто така можете да ги отворите сите прозорци на Galaxy кога ќе го притиснете и ќе го држите притиснато копчето за отклучување. За да ги затворите, едноставно повторно притиснете го и држете го притиснато копчето за заклучување.

    Алармни системи

    Комбинираниот аларм и имобилизатор Thatcham категорија 1 кај Galaxy не само што го прави вашето возило безбедно, туку помага и во намалување на сумата за осигурување. Овој аларм се вклучува ако некој се обиде да  ги отвори прозорците, хаубата или багажникот. Исто така го заштитува и аудиосистемот и користи препознавање на звук за да го следи движењето во возилото.

     

    Аларм Thatcham категорија 1 со внатрешни сензори и звучник со резервна батерија

    Звучникот со резервна батерија е дополнителен алармен систем што се вклучува автоматски кога ќе се заклучите возилото. Звучникот има сопствена батерија и ќе ја вклучи сирената на алармот дури и ако некој го исклучи акумулаторот или звучникот со резервна батерија.

Bookmark & Share