Технички карактеристики

Надграден со најновата технологија, новиот Galaxy е специјално дизајниран да го направи секое патување побезбедно, поедноставно и попријатно за возачите и патниците.

 

Galaxy поседува голем број нови технологии кои совршено одговараат на вашите практични потреби и на потребите на вашето семејство, а истовремено ја исполнува вашата желба за независност.

  • Паметна технологија

    Систем за информирање при „мртви агли“

    Оваа визуелна помош со висока технологија е создадена за да ви ги олесни долгите патувања. Штом некое возило ќе влезе во вашиот „мртов агол“, системот ве предупредува со дискретни светла за предупредување што се вградени во ретровизорите на вратите кај возачот и совозачот. (Опција)

    Систем за преклопување на седиштата на Ford FoldFlatSystem (FFS) 

    Можеби сте љубител на „направи сам“ или треба да го носите велосипедот на вашата ќерка или можеби сте назначени за возач на бендот на вашиот син. Без разлика што и да треба да се носи, Galaxy е доволно флексибилен за да го исполни тоа. FFS значи дека секое од задните седишта се спушта на исто ниво со подот, а седиштата во вториот ред можат и да се лизгаат и закосуваат. Постојат вкупно зачудувачки 32 можни комбинации на седење.

    Ford Easy Fuel

    Луѓето често дополнуваат дизел гориво во резервоарот за бензин и обратно. Ford Easy Fuel е систем за дополнување гориво без капак со уред за спречување на дополнување со погрешно гориво што може да ги разликува отворите на цревата за точење бензин или дизел гориво. Така никогаш нема да дополните погрешно гориво.

    Електронско заклучување на вратите

    Со кликнување на само едно копче, оваа иновативна опција ви овозможува да ги обезбедите вашите скапоцени патници на задните седишта.

    Статични странични светла

    Интегрирани во халогенскиот систем на приспособливи предни светла (AFS) и би-ксенон HID предни светла, статичните странични светла се активираат кога ќе го завртите управувачот за 30°. Овие светла даваат уште повеќе светло на остри кривини за да ви помогнат да избегнете потенцијален проблем.

    Загреан ветробран Quickclear

    Само со притискање на едно копче, грејачите во ветробранот се активираат веднаш и брзо и едноставно го чистат од мраз и кондензација.

    Копче за стартување Ford Power  

    Веќе нема потреба да го ставате клучот во бравата за да го стартувате автомобилот. Сега едноставно го притискате копчето за стартување додека го притискате куплунгот (или педалата за кочење кај автоматски менувач) и го стартувате моторот. Исто така достапно со системот Ford-KeyFree: систем за влегување без клуч што ви овозможува да го заклучувате и да го отклучувате автомобилот без да го вадите клучот од џебот или торбата.

    Систем Ford Key-Free 

    Системот FordKeyFree е систем којшто е нов кај Galaxy и служи за влегување без клуч што ви овозможува да го заклучувате и да го отклучувате автомобилот без да го вадите клучот од џебот или торбата. Сензорите на автомобилот го откриваат присуството на „пасивниот клуч“ и соодветно ги активираат механизмите за заклучување.

    Осветлување за безбедно оддалечување

    Предните светла и опционалните (или стандардни кај повисоките верзии) мали светилки остануваат вклучени уште неколку секунди додека се оддалечувате од автомобилот. Корисна карактеристика што треба да ви помогне безбедно да стигнете до вашиот праг навечер.

    Ладна преграда пред совозачкото седиште

    Преградата се лади со користење на воздухот од системот за климатизација.

     Електрична кочница за паркирање (EPB)

    EPB е лесна за користење и се вклучува и исклучува со притискање на прекинувач на централната конзола. EPB ја заменува конвенционалната рачна кочница и со тоа ослободува место.

     

  • Аудио и навигација

    Аудиосистеми

    Galaxy нуди опции за аудио коишто додаваат нова димензија на вашето музичко искуство во автомобилот. На пример, можете да го изберете модерниот аудиосистем Sony со дигитално радио DAB. Исто така, тука е и можноста за репродуцирање MP3 (со опција за Bluetooth®), како и надворешниот приклучок за AUX и приклучок за USB за поврзување и контрола на вашиот MP3-уред.

    Дигитален аудиосистем Sony

    Уживајте во моќното аудиоискуство во вашиот автомобил, а тука е и кристално јасниот радиоприем DAB. Екранот на дигиталниот аудиосистем може да прикажува и информации за програмата што ја слушате, како што е содржина на радиодрама.

    USB-интерфејс и постојан тек на аудио

    Кај Galaxy, можете да користите USB-поврзување за да го поврзете вашиот MP3-уред и да ги видите омилените нумери на екранот од контролната табла на возилото. За да управувате со музиката, едноставно користете ги контролите за HMI. Дополнително, постојаниот тек на аудио ви овозможува да пренесувате музика и текст од вашиот музички уред или мобилен телефон со можност за Bluetooth® на аудиосистемот во автомобилот. (Опција) Компатибилен со Системот за Bluetooth® Hands-Free и Гласовна контрола.

    Систем за забава на задните седишта Ford Individual (DVD) 

    Забавата во Ford Galaxy вклучува и вграден DVD-уред со два независни LCD-екрани од 7 инчи, далечински управувач и две безжични слушалки. Така дури и најпребирливите патници можат да уживаат во свој сопствен простор со филмови и компјутерски игри. Вклучува и приклучоци за AV компоненти. (Опција)

    Систем за навигација со DVD

    Има екран во боја од 7 инчи што е чувствителен на допир, компатибилен е со MP3, а вклучени се осум професионални звучници како и опционален надворешен ЦД-уред со капацитет од 6 дискови. Компатибилен со задна камера. (Опција) Исто така е достапен со аудиосистемот Sony Digital.

    Систем за мобилна навигација

    Вклучете го вашиот паметен телефон со Bluetooth®* (мобилниот телефон не е вклучен) во уредот за навигација. Едноставно внесете го чипот за навигација, внесете ги податоците за патувањето и телефонот ќе ги пренесе податоците за маршрутата до аудиосистемот на возилото и инструмент-таблата (достапно во комбинација со аудиосистемите Sony).

    *Трговската марка и логото Bluetooth® се во сопственост на Bluetooth SIG, Inc. и секое нивно користење на овие марки од компанијата Ford Motor Company Limited и нејзините сродни компании е според доделена лиценца. Другите трговски марки и трговски имиња се во сопственост на нивните сопственици.

     

  • Системи за осветлување

    Халогенски систем на приспособливи предни светла (AFS)

    Со AFS, предните светла се вртат лево или десно до 15˚ според вашата брзина и аголот на управувачот. Така, како што го вртите управувачот, кратките светлата се вртат за да го осветлат патот како што влегувате во свиокот. Ова ја зголемува видливоста на кривините и создава побезбедна околина за возење.

    Би-ксенон HID предни светла 

    Би-ксенон HID предните светла кај Galaxy се повеќе од двапати помоќни од конвенционалните предни светла, а користат само две третини од енергијата. Оваа опција исто така вклучува статични странични светла и бришачи на предни светла.

    Статични странични светла

    Интегрирани во халогенскиот систем на приспособливи предни светла (AFS) и би-ксенон HID предни светла, статичните странични светла се активираат кога ќе го завртите управувачот за 30°. Овие светла даваат уште повеќе светло на остри кривини за да ви помогнат да избегнете потенцијален проблем.



    Задни LED-светла

    Дизајнот на новите задни LED-светла го отсликува вниманието коешто се посветува на деталите што може да се забележи секаде низ Galaxy. Исто така, овој стилски дизајн штеди енергија во споредба со претходните верзии затоа што ја користи најновата LED-технологија.



    Предупредување за итно сопирање

    Задните стоп-светла се активираат и светнуваат неколку пати за време на сопирање во итни случаи и така ги известуваат возачите зад вас за потенцијално опасна ситуација.

     (Стандардно)

     

Bookmark & Share