Новата Ford KUGA

Новата Kuga е дизајнирана да инспирира и да Ви овозможи безбројни можности.Напредната SYNC 3 технологија ќе ги охрабри вашите сетила за авантура со тоа што ќе Ви ги прикаже најблиските настани и ресторани. Каде и да Ве води љубопитноста, новата Kuga ќе ве одведе со удобност и стил. Бензинскиот 1.5 литарски EcoBoost мотор ги поткрепува моќта и беспрекорниот одговор на командите со супериорна ефикасност на горивото и ниски емисии на штетни гасови.Кога ќе ја додадете паметната технологија, како што се All-Wheel Drive и Active Park Assist, новата Kuga ќе Ви го исполни секое патување со незапирливо задоволство.


Бидете хендс-фри со SYNC 3


SYNC 3 е нашата најнапредна верзија. Побрз е и поедноставен за користење, со подобрени гласовни команди и уште повеќе функционалности. Новиот интерфејс има крупни копчиња за полесно користење и 8-инчен екран на допир за интиутивна навигација кој ги препознава истите стискање и повлекување гестикулации како и паметните телефони и таблети. SYNC 3 поддржува и AppLink, CarPlay од Apple и Android Auto за да ги прикажува информациите од вашиот паметен телефон на екранот.


Бескрајно лесно паркирање


Active Park Assist Ви нуди нови и подобрени способности. Користи ултрасонични сензори за да пресмета дали вашата Kuga може да ја собере на паркинг местото. Ако може, системот безбедно ќе Ве насочи додека работите со менувачот и педалите - без разлика како се паркирате.



Побезбедно возење в град


Несреќите при тргни-застани или спор сообраќај се случуваат сé почесто (особено на фрекфентните градски улици). Active City Stop е дизајниран да Ви помогне да го намалите ударот и во некое случаи, целосно да ги избегнете ваквите ситуации. Ако системот забележи дека колата пред Вас ненадејно успорува, а Вие патувате со брзина под 50 километри на час, автоматски ги активира кочниците.

Bookmark & Share