Импресивни перформанси, без разлика на условите

Од интуитивниот SYNC 3 со гласовни контроли до рачна кочница на копче. Од паметниот систем кој Ви помага со тоа што кочи место вас до менувачот со кој може да менувате брзини со врвовите на прстите. Новата Kuga е опремена со плејада нови и подобрени технологии. Сите тие постојат за да го направат секое возење побезбедно, поефикасно, позабавно.


Попаметен од просечниот All-Wheel Drive

Интелигентниот All-Wheel Drive систем постојано ги надгледува условите за возење. За сето време, проценува каков зафат треба да се направи, какви се свиоците, рамнотежата и како треба да реагира и се приспособува на условите. Без разлика дали е влажно, суво или замрзнато, системот обезбедува повеќе моќ на предната или задната осовина кога е потребно, со што обезбедува извонредна контрола во секое време. При ниски брзини, системот го подобрува триењето. Пример, ако предните тркала се на мраз, но задните не, тогаш се обезбедува дополнителна вртежна сила каде што е потребно. Бидејќи системот се активира по потреба, заштедува гориво во помалку предизвикувачки околности.


Хендс-фри врата на багажникот

Од нејзиното лансирање, Ford-овата хендс-фри задна врата се покажа како голем успех, особено кај оние кои водат активен стил на живот. Ако рацете Ви се зафатени и го имате вашиот KeyFree токен со вас, мафнете со стапалото под задниот браник и багажниот автоматски ќе се отвори, бидејќи го претчувствува вашето присуство. Вратата на багажникот може да ја контролирате и до копчињата во внатрешноста на Kuga, со можност да го сопрете отворањето во кој било момент.



Паркинг сопирачка на копче

Со новата паметна Електронска Паркинг Сопирачка, класичната рачна кочница е дел од минатото. Сега безбедно може да ја активирате паркинг кочницата со помош на копче на централната конзола. Освен што ослободува дополнителен простор во кабината, оваа карактеристика ќе Ви го олесни животот и ќе ја намали потребата да ја прилагодувате кочницата на редовните сервис прегледи.



Помош при возење во рикверц

Cross Traffic Alert е нова технологија која помага помалку да се грижите и да погодувате кога ќе излегувате во рикверц. Детектира возила кои се приближуваат и доколку нешто навистина Ви приоѓа, звучно Ве предупредува и се вклучува сијаличка во соодветниот ретровизор.


Кука наизвлекување


За разлика од трајно прицврстените шлеп-куки на другите возила, новата Kuga има кука која безбедно се сокрива под задниот браник кога не е потребна, со што Ви ги штити нозете од непотребно удирање кога ќе го полните или празните багажникот.



Фарови кои „гледаат" зад аголот


Напредните би-зенонски фарови вклучуваат приспособливо осветлување со динамично осветлување на кривини. Само што фаровите се вртат како што го вртите воланот за да Ви осветлат во кривина, тие го приспособуваат зракот на условите за возење. Има осум поставки на светлината, како на пример за населени области, автопатишта, регионални патишта и градски центри. Под фаровите има ЛЕД лента за дневно возење која помага при осветлување преку ден.



Рачен менувач како од тркачка патека


Оваа технологија, инспирирана од тркачките патеки, Ви овозможува брзо и лесно менување на брзините. Рачниот менувач е достапен и во Kuga со автоматски пренос за рачно да може менувате брзини долку сакате возачко искуство со повеќе стимули. Бидејќи менувачот е сместен на самиот волан, може поефикасно да менувате брзини при вртење во кривина.



Динамичен SUV со премиум детали


Ford Kuga Vignale е израз на стил и рафинираност. Динамичните линии се поткрепени со елегантно дизајнирани детали, рачно изработени од врвни материјали. Целото искуство е подобро со плејадата услуги кои заштедуваат време и дедицираниот Vignale Relationship Manager.


  • Скромна моќ

    Новата Ford Kuga ја придвижува новиот 1.5-литарски EcoBoost мотор. Тој е помал, помоќен и поекономичен од претходниот 1.6 литарски мотор, резултирајќи со подобрена потрошувачка на гориво и помалку штетни емисии. Иновативните технологии вклучуваат директно вбризгување на гориво, турбо напојување и Двојни независни варијабилни брегасти осовини. Заедно прават моторот да е почувствителен на команди, поглаток и жив, што резултира со стимулирачко возачко искуство.

    Бензински мотор со високи перформанси

    Моторот на Куга 1,6-литри EcoBoost бензин овозможува исклучителни перформанси, со 150 КС, 6-степен мануелен менувач и 180 КС со 6-степен автоматски менувач, произведувајќи максимални 240 Nm вртежен момент.

    Избор на високо-моќни дизел мотори

    Двата дизел мотори испорачуваат многу моќ. Тука се 2.0-литри TDCi дизел (140 КС) Duratorg мотор со 6-степен мануелен менувач, кој овозможува високи нивоа на сила на ниски 320 Нм на 2,000 вртежен момент. Алтернативно, 163 КС 2.0-литарскиот дизел е по компатибилен за совладување на пречките во најтешките теренски услови.

    Ford PowerShift менувач. По задоволително возеење на помалку гориво

    Комбинирајќи ги предностите од автоматски со контрола на мануелен менувач, овој шест-степен, со двојна спојка ја однапред селектира следната брзина, како неби губеле воопшто сила кога ќе смените брзина. PowerShift со ултра брзото и лесно менување брзини не само што го прави возењето лесно и повеќе задоволително, исто така штеди бензин и ја редузира емисијата на CO2 споредено со нормален автоматик. Оваа ремек-дело технологија дури и компензира ако се најдете во погрешна брзина. На пример, кога преткнувате, може да спушти брзина за да ви даде снага да забрзате посилно и ви дава контрола за безбедно да поминете.

  • Економичност

    Заштедете над 10% на бензин со Auto-Start-Stop

    Кога сте со Куга на семафори или во гужва, оваа технологија автоматски го гаси моторот (додека сеуште продолжува да доставува енергија до еценцијалните елементи на возилото како климата и радиото). Во моментот кога сте спремни да тргнете моторот се рестартира. Идеално е за возење во град, затоа што ја намалува потрошувачката на бензин да 10%. (Вклучено само во 1,6-литарски ЕcoBoost 150 КС мотор)

  • Управување

    Менувачки индикатор за бензинска-ефикасност во менувањето брзини

    Сијаличка на инструментната табла сигнализира кога да смените брзина за максимална бензинска ефикасност. Ова е многу едноставен и ефективен начин да помогне секое патување да биде по ефикасно и по економочно.

    Интелегентен инфо систем кој ви помага да возите по ефикасно

    Иновативниот Ford Eco Mode систем континуирано ги оценува ефектите на возачкото однесување на вашата потрошувачка. Системот ја вчитува вашата брзина, промента на брзините, сопирањето и нивоата на исчекување, плус пропорцаијата на кратките и долгите патувања. Интелегентниот софтвер ве советува како да ја подобрите економичноста на потрошувачката на бензин, според уникатниот стил на возење.

    За инстантен зафат на променливи терени

    Интелегентниот погон на сите тркала систем на Форд Куга моментално реагира и се приспособува на променливите терени. Така што системот е по потреба, се активира само кога е потребен, и заштедува бензин кога условите на патот се помалку тешки. Доколку сакате да видите како вашите тркала се однесуваат во тек на возењето, AWD екранот за информации континуирано ви прикажува, графикон колку вртежен момент е испратен на секое тркало.

    Контрола на векторот на вртежниот момент

    Контролата на вектороt на вртежниот момент реагира на површината на патот 100 апти во секунда (тоа е 33 пати побрзо од едно трепкање со окото). Со помош на оваа информација, постојано се балансира количината на сила и сопирањето пренесено на предните две тркала. Ова го максимизира зафатот и го избиструва ракувањето, ова помага при влегувањето во свиоци и при сите други пречки на патот.Векторската контрола на вртежниот момент е најсовремена технологија која доаѓа во стандарндата опрема на Ford Kuga.

    Поголема зафатнина при свиоци

    Систем за Подобрена Динамична контрола на свиоци (еDCC) пропоционално ја контролира дистрибуцијата на снага до двете оски да се намали притисокот и да се подобри управувањето со возилото. Ова прави автомобилот да се чувствува по динамичен и подобро да одговара на вашите команди.

    При забрзување во свиоци, eDCC извршува кочење на предните внатрешни тркала и по потреба на задните и овозможува повеќе од снагата на моторот да оди до надворешните тркала, кои имаат поголема зафатнина во свиокот.

Bookmark & Share