Супериорна безбедност на пат и на терен

Дизајнирано да се справи со нај неприателскиот терен и најтешките услови, Ford Kuga вклучува широка палета иновативни технологии за безбедност и помош при возење, како Интелегентен систем за заштита, Електронска програма за стабилност и интелегентен погон на сите тркала. 

Ова високо ниво на заштита е признато од страна на најдобрите назависни организации за безбедност на возила, Euro NCAP, кој додели максимални 5 звезди за безбедност. 

Покрај тоа, Активно градско сопирање и Ford SYNC со Итна помош беа наградени како исклучителни технолошки иновации. 


  • Помош при пат

    Итна помош

    Во случај на несреќа и кога се активирани воздушните перничиња, оваа технологија (дел од SYNC) може да го искористи вашиот мобилен телефон за да ги повика службите за итна помош наместо вас и да ги извести за вашата локација. Системот за Итна помош ја освои наградата за “Best Mobile Innovation for Automotive Transport or Utilities” за време на “Global Mobile Awards 2012”.  

    Технологија која ве предупредува за автомобили кои неможе да ги видите

    Системот за информирање за слепа точка користи радар сензори да детектира возила кои би можеле да бидат скриени во вашата слепа точка. Тие се поставени на двете страни од возилото и ве предупредуваат со портокалова светлина , јасно прикажана на страничните ретровизори. 

    Два напредни системи да ви помогнат да останете во својата лента

    Доколку почнете да се одвлекувате надвор од вашата коловозна лента, системот за предупредување за напуштање лента ќе ве предупреди преку вибрзации на управувачот и визуелно предупредување на информативниот дисплеј (може да го подесите нивото на вибрации). Потоа, доколку бавно реагирате или воопшто не реагирате системот ќе ви потпомогне преку благо насочување на управувачот во правата насока. Системот за Предупредување за напуштање лента и Помош за држење лента имаат освоено Euro NCAP Advanced награда за неговите докажани безбедности бенефити.

    Предупредување на возачот ви кажува кога постанувате уморни

    Системот за предупредување на возачот константно го следи вашето однесување при возење и е дизајниран да детектира било какви промени предизвикани од замор. Доколку постанувате уморни, предупредувачка икона ќе се појави на екранот, предложувајќи ви да застанете на пауза. Оваа технологија ја освои престижната Euro NCAP Advanced награда. 

    Поставете лимит на брзината и Kuga ќе го почитува

    Интегриран заедно со темпоматот, ограничувачот на брзина ви овозможува да ја поставите вашата максимална брзина, едноставно преку контролите на управувачот. Потоа автомобилот нема да ја прекорачи избраната брзина за да може да обратите повеќе внимание на патот а не на брзинометарот. Кога ќе имате потреба да го прекорачите лимитот, едноставно притиснете ја педалата за гас.

    Никогаш повеќе нема да пропуштите сообраќаен знак

    Иновативниот систем за препознавање на сообраќајни знаци ги препознава сообраќајните знаци и потоа ги прикажува на инструмент таблата. Тој дури и ве опоменува кога ќе го прекорачите лимитот на брзина, помагајќи да возите легално и безбедно.  

    Дополнителна контрола при тргнување во угорнини

    Системот за помош при тргнување во угорнини ја отстранува можноста да возилото се врати надоле при поаѓање при угорнина. Ова го постигнува со тоа што го одржува потисокот на сопирачките додатни 2.5 секунди, давајќи ви време да ја поместите ногата од педалата за кочење на педалата за гас. Тоа е исто така корисно кога сопирате или поаѓате при лизгави површини. 

    Екстра моќност при итно сопирање

    Помош при нагло сопирање (EBA) и овозможува на новата Kuga да постигне максимална ефективност при кочење во итна ситуација. Системот детектира колку потисок имате применето на сопирачките и ако е потребно, автоматски го зголемува. 

  • Безбедност

    Со цел да избегнете судири при мала брзина, Kuga сопира за вас

    Иновативното  активно градско сопирање ви помага да избегнете судир при бавно-движечки метежи при брзини помали од 30 км/ч. Доколку системот детектира дека возилото пред вас неочекувано запрело, тој автоматски ги активира сопирачките. Активното градско сопирање има освоено Euro NCAP Advanced награда за безбедност. 

    Координираните безбедносни системи се активираат во дел од секунда

    Куга е опремена со напреден интелегентен систем за заштита (IPS) кој координира бројни безбедносни системи кои ве штитат вас и вашите патници. Како и крутата, ултра-силна каросерија проследена со низа воздушни перничиња. За да се намали шансата за повреда при случај на незгода, управувачкиот столб пропраѓа подалеку од возачот.

    Бидете во контрола без разлика на условите

    Електронската програма за стабилност (ESP) постојано го надгледува движењето на вашето возило. Доколку открие било какво отстапување од вашата одбрана траекторија на движење, како кога би започнале да излизгувате, автоматски ќе ја исправи вашата поставеност на патот, помагајќи да го задржите возилото под контрола.

    Системот е секогаш активен, но сега имате опција да изберете режим на “намалена асистенција”, каде може да биде корисен во одредени ситуации при лизгави површини, како на длабок снег. ESP исто така вклучува и контрола на тракција за да го елиминира непотребното вртење на тркалата за најдобрата можна тракција на површината, перформанси и стабилност, кога ви требаат најмногу.

    Последната генерација на ESP ви дава подобра повратна информација од педалата за кочење и ја максимизира ефикасноста на кочење при тешки услови.

Bookmark & Share