Ви го претставуваме потполно новото Ford MONDEO

Новото Ford MONDEO: Автомобил на Годината во Македонија

 

Совршен спој на технологија и изработка, перформанси и ефикасност, иновативен дизајн и прецизен инженеринг, потполно новото Ford Mondeo е дизајнирано да инспирира. 

 

Превземете електронска брошура... 

 

Погледнете инфографик за сите новитети...


Слика на рафинираност

Со својот динамичен дизајн, ниската линија на покривот и смелите детали: ова е поелегантно и поагресивно ново Mondeo за разлика од било кога. Впечатлив: дефинитивно. Софистициран: несомнено. Внатрешноста е подеднакво бескомпромисна, фузија на врвен дизајн и технологија, со прецизна изработка и внимание на деталите.

Предни светла кои ви овозможуваат подобра прегледност околу свиоците

Ford Динамичните LED предни светла не се само впечатливи, тие се и интелегентни. Наместо конвенционални сијалици користат LED светилки кои проектираат интензивна светлина, природна светлина која е блиска до дневната. Светлата прецизно го следат патот како што вие го вртите управувачот, подобрувајќи ја видливоста и безбедноста. Тие дури и го подесуваат начинот на осветлување, зависно од брзината и условите. 

Погледнете инфографик...

Технологија и уметноста на паркирање

Активната Помош при Паркирање има повеќе функции одколку што ве води во места за паралелно паркирање. Програмот за Асистенција при Излегување од Паркинг ви помага да искочите од паркинг местото. Системот за Нормално (под прав агол) Паркирање исто така ви помага при нормално паркирање, открива дали може да го собере автомобилот па потоа сам го паркира во рикверц. Доколку има препреки, системот за Аситенција при Странично Паркирање ќе ве предупреди.

Погледнете видео за автоматско паралелно паркирање...

Погледнете видео за автоматско нормално паркирање...

Напредна технологија со гласовни команди

Ford SYNC 2 со 8-инчен екран во боја кој е осетлив на допир ви овозможува да управувате со вашата музика и телефонски позиви од мобилниот телефон преку екранот, користејќи едноставни гласовни команди. Системот дури може и да ви ги прочита вашите SMS пораки, подеси температурата на климатизацијата и управува со навигациониот систем.

Детектирање на пешаци

Системот за Помош Пред Удар со Детекција на Пешаци може да открие луѓе на или близу патеката на движење, или пак луѓе кои би ја пресекле патеката на движење. Доколку системот открие потенцијален судир тој автоматски ги активира сопирачките доколку возачот не реагира на предупредувањата. Системот процесира информации собрани од камерата позиционирана на ветробранското стакло и радарот лоциран во предниот одбојник. Информациите ги споредува со сопствената датабаза за форми на пешаци со цел да разликува луѓе од типичните предмети и објекти кои се наоѓаат покрај патот. Ако системот открие пешак пред автомобилот возачот ќе добие визуелено и звучно предупредување. Доколку возачот не реагира, системот ги позиционира сопирачките во позиција за итно сопирање каде дисковите и пакните се поблиску едни до други. Доколку сеуште нема реакција од возачот тогаш системот сам го сопира возилото.

Погледнете видео... 

Додатна заштита за вашите патници

Во потполно новото Ford Mondeo, задните две седишта може да бидат опремени со уникатна безбедносна карактеристика: безбедносни ремени со вградени воздушни перничиња. Во случај на судир, ремените се надувуваат и ја распределуваат силата на ударот на површина пет пати поголема за разлика од конвенционалните безбедносни ремени. Со намалување на притисокот од ударот на градниот кош и подобрената контрола врз вратот и главата, оваа иновативна технологија е дизајнирана да ја намали шансата за повреда.

Погледнете видео...

Напредна филтрација на воздух

Ford во Новото Mondeo го воведува новиот систем за филтрирање на воздухот кој блокира 99 проценти од поленот, или речиси целиот азот-диоксид – кој е главниот причинител на астма како и други загадувачи и штетни мириси. Новиот Воздушен Филтер е изработен од активен медицински јаглен и има сличен ефект на гас маските, респираторите и оделата на космонаутите. Сензорот за квалитет на воздухот го детектира нивото на јаглероден-моноксид и азот-диоксид надвор од автомобилот и го исклучува протокот на воздух однадвор. Исто така автоматски го вклучува напредниот систем за филтрирање и циркулирање на воздухот. Системот е многу издржлив и е нешто што би го пронашле кај ултра луксузните автомобили со што се зголемува интервалот за промена на самиот филтер.

 

 

 

Bookmark & Share