Возачко искуство

Подобрено возачко искуство

Користејќи интелегентни технологии, возилото константо реагира на се што се случува околу него, континуирано одговара на условите на патот, другиот сообраќај и вашето возење. Поседува напредни опции кои ви го прават животот полесен.

 

Од LED предни светла кои го прилагодуваат нивниот сноп кон условите во околината до комуникациски систем кој го управувате со вашиот глас. Од една опција која ви помага лесно да паркирате до друга опција која ви помага да останете во лента додека возите. Откријте повеќе во деловите кои следуваат.


  • Возачка технологија

    Светла кои ви овозможуваат подобра прегледност во свиоците

    Ford Динамичните LED предни светла не се само впечатливи, тие се и интелегентни. Светлата прецизно го следат патот како што вие го вртите управувачот, подобрувајќи ја видливоста и безбедноста. Тие дури и го подесуваат начинот на осветлување, зависно од брзината, условите и околината. Осум различни нивоа вклучуваат специфични подесувања за кога возите на градски патишта, надвор од град, автопати или во неповолни временски услови. 

     

    Напредна технологија со гласовни команди и екран на допир

    Новата генерација Ford SYNC 2 со 8-инчен екран во боја кој е осетлив на допир ви овозможува да управувате со вашата музика и телефонски позиви од мобилниот телефон преку екранот, користејќи едноставни гласовни команди. Системот дури може и да ви ги прочита вашите SMS пораки, подеси температурата на климатизацијата и управува со навигациониот систем.

     

     

    Само кажете го зборот што сакате

    Со Ford SYNC 2 можете со говорна команда да побарате да ви се излистаат ресторани во ваша близина и други точки на интерес. Достапна е Wi-Fi конекција преку hotspot, и USB модем.

     

     

     

     

    Вашите музички опции

    Изберете или од SYNC 2 системот со четири премиум звучници, или напредната Sony единица со 12 Hi-fidelity Sony звучници. DAB радиото е исто така достапно како опција.

     

     

     

     

    Полесно движење во рикверц, бидејќи можете да видите што има позади

    Столбови, канти, ниски зидови... задната паркинг камера ќе ви покаже се што е позади вас на екранот вграден во централната конзола која се активира автоматски кога ќе ставите во рикверц. Не само што ќе ви помогне да ги видите работите кои инаку би ги пропуштиле, туки и ќе ви помогне да се паркирате преку прикажување виртуелни линии кои ќе ве водат до финалната паркинг позиција во најтесните простори.

     

    Напреден систем кој ви помага да останете во лента

    Системот за задржување во лента користи предна камера да детектира доколку инцидентно излегувате од неа. Предупредувањето за задржување во лента се активира со вибрации на воланот и јавувајќи визуелно предупредување. Доколку сте преспори да реагирате или не реагирате, Помошта за задржување во лента овозможува управувачка асистенција да ви помогне да се вратите безбедно во правата лента. Технологијата е дизајнирана за патишта со повеќе ленти (автопати), така што автоматски се деактивира на брзини по 65 км/ч или може да биде исклучена рачно.

     

    Ретровизори кои гледаат тоа што вие не можете

    Системот за информирање на мртва точка (BLIS) може да ви помогне да менувате ленти по безбедно. Тоа е така бидејќи Радар сензорите ги скенираат мртвите точки на двете страни од возилото. И доколку тие детектираат возило кое не можете да го видите, портокалово светло се пали во страничниот ретровизор да ве предупреди. 

     

     

    Паркирањето направено уште полесно

    Користејќи комбинација од различни технологии, Активната Помош при паркирање прави многу повеќе од тоа да ве внесе во паркинг место. Со технологијата за Асистенција при излегување од паркинг ви помага да излезете од паркинг просторите. Системот за перпендикуларно паркирање (PPA)  може да осети ако има простор во кој може да се вклопи вашето возило, и потоа вие да само да влезете во рикверц. И доколку има многу пречки, Страничната Помош при паркирање ве предупредува.

     

  • Комфор

    Поставете идеална температура за вас и вашиот совозач

    Со опционалната Двозонска Автоматска електронска клима (DEATC) можете да селектирате температури за вас и вашиот совозач поединечно и системот ја задржува со напредната клима.

     

     

     

     

    Самозатемнувачки внатрешен ретровизор

    Ноќно време, побезбедно ќе возите доколку не ви пречат светлата од возилата позади вас. Иновативниот самозатемнувачки ретровизор детектира кога има возила позади вас и автоматски се затемнува за да небидете заслепени.

     

     

     

     

    Одмрзнете ја шофершајбната за момент со Quickclear

    Оваа интелегентна карактеристика е дизјанирана да ви заштеди време во замрзнатите зимски утра. Само со стискање на едно копче системот го омрзнува стаклото за секунди, дури и ако е надвор температурата под нула.

     

     

     

     

    Ретровизори кои сами се заштитуваат

    Лесно е да ги оштетите страничните ретровизори кога возите во тесни простори, или паркирате во тесни улички. Опционалните преклопувачки ретровизори можат да ви помогнат да се избегне тоа со преклопување на внатре со едно притискање на копче. И бидејќи тие се загревани, можете да тргнете веднаш и побезбедно кога времето е ладно.

     

     

    Седишта кои овозможуваат додатна потпора и можат да ве измасираат

    Новите мулти-контурни седишта се достапни за возачот и совозачот и нивниот дизајн им овозможува да бидат потполно прилагодливи. Како резултат, тие може да ви обезбедат дополнителна поддршка каде што ви е потребна па дури и да ви понудат масажа за да бидете свежи при долги патувања. Контрола на климатизацијата дополнително го подобрува вашето искуство, овозможувајќи ви да ја поставите перфектната температура.

     

    Панорамски кров за посветло и пространо чуство

    Со притискање на едно копче, електричната лента на сончевиот покрив се собира и дозволува природна светлина да влезе во кабината. Во исто време, солрано рефлексивното стакло ке ве заштитува од штетните УВ зраци. Опциите за панорамски кров варираат од каросеријата: голем фиксен панорамски покрив е достапен за 5-врати верзијата; дво-делен панорамски покрив кај караван; или традиционален сончев покрив кај седан верзијата. 

     

    Амбиентално светло за вашето расположение 

    Со опцијата за амбиентално осветлување, мека светлина ја обзема внатрешноста на возилото при ноќно возење, со избор од осум различни бои на осветлување. 

     

  • Удобност

    Безгрижно споделување на кола со MyKey®Безгрижно споделување на кола со MyKey®

    Ford MyKey e иновативна програмска карактеристика која има за цел да охрабри безбедно возење. MyKey ви овозможува да програмирате свои индивидуални оции. Така што доколку ја позајмувате колата на некој друг, можете да ставите граница на максимална брзина, да ставите потсетник за појаси, дури и да ја контролирате јачината на аудио системот. 

    Оваа иновативна нова технологија е дизајнирана да помогне шоферите и патниците да бидат безбедни, мирни и спокојни

    Автоматски Долги Светла. Максимална видливост, без вознемирување на другите

    Корисна помош за ноќно возење, Автоматските Високи Светла привремено ги спуштаат предните светла кога ќе откријат сообраќај или возило пред вас, превентирајќи ги од вознемирување другите учесници во сообраќајот. Системот автоматски се враќа на долгите светла, давајќи ви максимална видливост. Автоматските Долги Светла се достапни како опција со Систем за Задржување во лента (погледни во Возачка Технологија)
Bookmark & Share