Перформанси и ефикасност

Возбуда со економичност

Палетата на мотори кај новото Мондео испорачува извонредни перформанси. Надградената суспензија заедно со обесгот на интелегентни технологии ве ставаат во апсолутна контрола врз рафинираната моќ. Резултатот: ултра-прецизно управување во секоја ситуација. 

 

Перформансите се проследени со ефикасност. Всушност, комбинацијата на паметен дизајн и напредно инженерство значи извонредна економичност и ниски CO2 емисии. 


  • Моќност

    EcoBoost: извлечете го максимумот од вашиот мотор

    Три EcoBoost бензински мотори кои комбинираат директно вбризгување и турбо-полнење ви стојат на располагање да испорачаат извонредни перформанси и економичност:

     

    Со 125 КС, револуционерниот (и повеќе кратно наградуван) три цилиндричен 1.0 литарски EcoBoost мотор ја испорачува сета моќ која би ја очекувале од конвенционален 1.6 мотор но со 25% подобрена економичност и намалени CO2 емисии

     

    Новиот 1.5 литарски EcoBoost испорачува 160 КС со потрошувачка од 5.9 литри/100км

     

    2.0 литарскиот EcoBoost испорачува импресивни 203 КС или 240 КС додека специјално дизајнираниот симпозер на звук ви дозволува да уживате во неговите дистинктивни звуци при нагли забрзувања. 

     

    Обсег на дизел опции

    Преферирате дизел? Тогаш одберете или 1.5 TDCi или 2.0 TDCi. И двата избора вклучуваат најнова моторна технологија за подобрување на моќта, вртежниот момент и економичноста додека ги намалува емисиите. 2.0 TDCi ви нуди три нивоа на моќност, достигнувајќи го врвот со импресивни 210КС и двојна турбина додека постигнува одлична економичност и ниски емисии. 

     

     

    Ултра ефикасни ECOnetic дизел верзии

    Двата дизел мотори се достапни како ECOnetic верзии кои додатно ја подобруваат економичноста. На пример: 1.5 TDCi ECONetic и 1.6 TDCi ECOnetic со 94g CO²/km, и 2.0 TDCi ECOnetic, 150КС & 180КС со 107g CO²/km.

     

     

     

     

    Рачни менувачи кои одговараат на вашиот мотор

    Постојат два 6-степени мануелни менувачи на располагање. Еден е полесен и е достапен за 1.0 и 1.5 литарските EcoBoost мотори како и 1.6 TDCi моторт. Другиот е со капацитет за повисок вртежен момент со што одговара на 2.0 TDCi.

     

     

     

     

    Напредни автоматски менувачи

    Најновото Мондео нуди две опции за автоматски менувач. Еден е 6-степениот автоматски менувач со висок капацитет за вртежен момент кој е вграден кај 1.5 и 2.0 EcoBoost моторите. Другиот е Ford Powershift, достапен кај 2.0 TDCi кој комбинира мануелна контрола со погодност на автоматски менувач – испорачувајќи брзи промени на брзини и високо нивно на моќност кога ви се највеќе потребни.

     

    Уживајте во бенефитите на Хибридна Електрична технологија

    Како што му доликува на еден автомобил кој е пионер во технолошки иновации, новото Mondeo е достапно како Хибридно Електрично Возило (HEV): за прв пат во историјата на Форд Европа. Комбинирајќи ги бенефитите на електрична и бензинска моќ, новото Мондео Хибрид ви овозможува да уживате во извонредна ефикасност и рафинираност со наградувачки перформанси и опсег на возење. Регенеративното кочење, иновативниот “Smartguage” со “Brake Coach” како и други паметни системи, ви овозможуваат дополнително да ја зголемите моќноста и економичноста на ова возило. 

     

    Систем кој учи како да ви помогне да заштедите гориво

    EV+ ги комбинира вградениот GPS на Ford SYNC со софистициран софтвер кој учи и ги помни најчестите дестинации. Што значи, кога ќе бидете блиску до некоја од дестинациите до каде често патувате, автомобилот ќе се обиде да работи само користејќи електричен погон додека не стигнете до дестинацијата.

     

  • Управување

    Напредно-подесена суспензија за порафинирано возење

    Mondeo има потполно нова “multi-link” задна суспензија. Овој напредн систем е лесен, цврст и перфектно подесен за одличена реакција, контрола и квалитет на возење. 

     

     

     

     

    Лопатки за менување брзини: уживајте во брзо менување на брзини при автоматски менувач

    Најчесто достапни само кај супер-спортски автомобили, Автоматските Лопатки за Менување Брзини се достапни кај 6-степениот автоматски менувач и PowerShift менувачот кај новото Mondeo. Оваа тркачка технологија ви овозможува брзи менувања на брзина при рака. Бидеќи контролите се поставени на воланот можете да менувате брзини поефикасно при свиоци. 

    Електричен серво управувач кој реагира на секоја ситуација

    Електричниот серво управувач (EPAS) автоматски се прилагодува на брзината на движење и условите на пат. 
    При мали брзини, системот го подесува управувачот да се врти полесно со помалку напор, подобрувајќи го маневрирањето. При големи брзини, кога ви е потребна подобра контрола, го зацврстува управувањето. Сега со новата контрола за пролизгување, EPAS исто така ги зима во предвид и страничните ветршта како и други услови при возење, додека активниот систем за отстапки на патот ги намалува несаканите вибрации во воланот. 

    За инстантен зафат на променливи терени

    Системот за Интелегентниот погон на сите тркала (IAWD)* на новото Ford Mondeo моментално реагира и се приспособува на променливите терени, праќа прецизно точен вртежен момент од моторот до секое одделно тркало на кое му е потребно најмногу зафат.
    Софистицираниот систем користи сензори и софтвер за проактивно да одлучи колку моќ да испрати до секоја оска, пред да се случи лизгање на тркалото. И бидејќи системот е по потреба, единствено се вклучува кога е потребен, заштедувајќи гориво кога патот е полесен.
  • Економичност

    Користете помалку гориво со Ауто-Старт-Стоп

    Кога ќе застанете на семафор или кога автомобилот не е во движење, Ауто-Старт-Стоп автоматски ќе го исклучи моторот (додека сеуште обезбедува електрична енергија за вентилација, радио и Ford SYNC). Кога ќе бидете спремни да појдете, при менување во прва брзина автомобилот повторно ќе стартува. Ауто-Старт-Стоп е особено ефективен во град и во градски сообраќај.

     

     

    Подобра аеродинамика за подобрена економичност

    Кога возите бавно, системот за Активно Затворање на Предната Решетка ја држи отворена за моторот подобро да се лади. Кога ќе ја зголемите брзината автоматски се затвора за да постигне подобра аеродинамика и подобри економичноста.

     

     

     

    Наполнете го акумулаторот поефикасно

    За разлика од традиционалните системи, Паметното Регенеративно Полнење го полни акумулаторот само кога е потребно, и кога е можно, избегнува да го полни кога ја притискате педалата за гас. Ова ви овозможува да заштедите повеќе гориво и уште повеќе да ги намалите емисиите. 

     

Bookmark & Share