Мондео Сигурност и безбедност

Пет ѕвезди и уникатна нова технологија

 

Најновото Мондео веќе ги доби петте ѕвезди од Европската водечка независна организација за безбедност, EuroNCAP. Впрочем, возилото е опремено со многу Ford технологии кој претходно беа препознаени со EuroNCAP награди за напредност за безбедни иновации. Ова возило е првото од гамата на Ford да биде опремено со Задни Појаси со воздушни перници. Откри повеќе за нив подоле.


  • Безбедност

    Дополнителна заштита за задните патници

    Двете задни седишта можат да бидат опремени со уникатни безбедносна опција; Појаси со Воздушни Перници. Во случај на удар појасите се надувуваат и заштитуваат површина на телото четири пати повеќе отколку обичните појаси. Со намалување на притисокот на градите и подобро контролирање на главата и вратот, оваа иновативна технологија помага да се намали шансата од повреда.

     

     

    За да се избегнат судири при ниски брзини, автомобилот сопира за вас

    Овој систем е направен да ви помогне кога се движите во бавен сообраќај и при брзини побавни од 40 km/h (20 mph). Ако сензорите откријат дека возилото пред вас ненадејно сопира, возилото автоматски ги активира сопирачките. Моментална реакција во моментот кога ви е потребна. Доказ за оваа иновација, Активното Сопирање во град доби со наградата за напредност на Euro NCAP. 

     

    Системот кој помага за заштита на пешаци

    Помошта пред удар со Детекцијата на пешаци детектира луѓе на патот напред, или кои би се појавиле во правецот на движење на пешакот, и ве предупредува за нивното присуство. Доколку вие не реагирате, системот автоматски ги вклучува сопирачките. Оваа нова технологија е дизајнирана за да се намали случувањето на незгоди, или комплетно тие да се избегнат, функционира на брзини до 80км/ч.

     

     

    Поставете ја вашата максимална брзина однапред

    Опционалниот Ограничувач на брзина (стандард кај Titanium) ви дава да поставите максимална брзина за целото патување, однапред. Системот ве предупредува доколку го надминете, или промените случајно, додека се движите по удолница на пример. Направата е исклучително корисна во реони со брзински ограничувања, бидејќи ви остава да се сконцентрирате на патот повеќе отколку цело време да проверувате во брзинометарот.

     

    Останете во контрола независно од условите

    Возилото е опремено со ESP Електронската Програма за Стабилност, која вклучува листа на технологии дизајнирани да ве остават во контрола. Сензорите детектираат било какви ненадејни промени во вртењето, сопирањето или однесувањето на возилото кои може да предизвикаат  губење на контрола, и тогаш ESP ја подесува брзината на секое тркало, правејќи го вашето возило по стабилно и помалку веројатно да излета. ESP вклучува Помош при тргнување во нагорнина, Итна помош при сопирање и Електронски Полнење на сопирачки.

    Помош при поаѓање на нагорнина

    Оваа иновација спречува да се вратите назад кога поаѓате на нагорнина. Откако ќе ја отпуштите сопирачката кога возилото не се движи, технологијата ги спречува тркалата да се движат, зголемувајќи ја контролата дури и кога тргнувате на стрмна нагорнина или кога запирате и тргнувате на лизгави површини.

     

     

     

    Дополнителна моќ за итно сопирање

    Итна помош при сопирање (EBA) помага вашето возило да достигне максимална ефективност при сопирање во итни ситуации. Контролирано е преку ESP системот, кој чувствува колку притисок е потребен на сопирачките и автоматски го зголемува, ако има потреба.

     

     

     

    Дополнителна моќ за итно сопирање

    Итна помош при сопирање (EBA) помага вашето возило да достигне максимална ефективност при сопирање во итни ситуации. Контролирано е преку ESP системот, кој чувствува колку притисок е потребен на сопирачките и автоматски го зголемува, ако има потреба.

     

  • Сигурност

    Вие одбирате кои врати да се заклучуваат кои да се отклучуваат

    Новото далечинско централно даљинско е посигурно од било кога. Тоа е така бидејќи можете да одбирате да отворите една индивидуална врата додека другите врати стојат заклучени, додека не ги приклучите на вратата кај шоферот. Истиот приклучок важи за заклучување и отклучување на сите врати на возилото.

Bookmark & Share