За Мустанг

„Мустанг е препознатлив по своите можности и издржливост. Има и статус на легенда како симбол на слободата и оптимизмот, дури и во делови на светот каде што не сме продале ниту еден модел од овој автомобил", изјави Стефан Одeл, извршен потпретседател на Форд за Европа, Блискиот Исток и Африка. „Новиот Мустанг го презема Фордовиот пристап на агресивно воведување на производот, потолно модерен и технички напреден, а во исто време, не го заборава ниту наследството кое воодушевува многу генерации корисници на возилата на Форд".

Од почетокот на продажба, 1964 година, купувачите презеле повеќе од девет милиони Мустанг возила. И на Фејсбук (Facebook), Мустанг е омилен автомобил, дел од забавните спотови и видео игри, а историјата го памети и по повеќе илјади прикажувања во филмови или телевизиски емисии. Сега се
придружи на палетата од 25 нови возила кои Форд ги воведува во Европа во наредните пет години.

Креаторите на новиот Мустанг беа насочени кон врвната издржливост, возната динамика и употрeба, а го опремија со бројни напредни технологии за помош на возачот, кои овозможуваат посамоуверливо возење.

„Новиот Мустанг е еден од најочекуваните автомобили на сите времиња и имаме исклучително задоволство што ќе овозможиме возачите во Европа да имаат искуство со модел за кој досега можеа да сонуваат", рече Ролент де Вард, потпретседател за продажба и услуги во Форд Европа.

Bookmark & Share