Карактеристики на Мустангот

„Само една можност е доволна да се стекне првиот впечаток, но кога прв пат ќе го здогледате овој автомобил, ќе сфатите што значи вистински Мустанг, возило преполно со снага", изјави Морај Калум, Фордов извршен директор за дизајн за Северна и Јужна Америка.

Новиот Мустанг е препознатлив по неколку основни дизајнерски карактеристики, во кои сосема сигурно се вбројуваат:

• Низок кров и ширината на автомобилот
• Елегантниот профил со искосена шофершајбна и задно стакло
• Тродимензионални задни светла со три барови/фарови
• Модерна изведба на карактеристичниот преден дел на легандарниот автомобил во облик на остри заби на ајкула

Возачите на Форд Мустанг кабриолет верзија ќе ги воодушеви серискиот платнен изолиран кров, изработен во повеќе слоеви, кој на автомобилот му даваат престижен изглед, а воедно овозможуваат тивко возење во внатрешноста. И склопениот кров има аеродинамичен профил за уживање во возењето со ветер в коси.

Големите и прегледни инструменти во просторната кабина, која е работена според пилотската кабина во авионот, на возачот му овозможуваат расположливост со сите информации за автомобилот, додека за пријатното управување се заслужни ергономските и на допир, згодни прекинувачи или копчиња. Ширината на возилото и новата задна суспензија овозможуваат поголем простор за рамената и колковите на патниците, додека багажникот е дизајниран во него едноставно да се сместат и две торби за голф.

Bookmark & Share