Мотор и суспензија

Изгледот, звукот и возењето се клучни елементи поради кои може добро да се почуствува Мустангот. Форд Мустанг воодушевува со својата снага, а фино изградената шасија ќе ги исполни очекувањата на европските возачи во однос на динимиката на возење.

На Фордовиот престижен 5,0-литарски мотор V8 со повеќе од 426 КС и 592 Nm обрти, се придружи и сосема новиот 2,3-литарски мотор EcoBoost, кој на Мустангот му овозможува најмодерна технологија, бидејќи и покрај се поефективната потрошувачка на гориво и смалената емисија CO2, заедно со турбо полначот, развива капацитет во согласност со очекувањата на европските корисници.

„Моторот EcoBoost со широка и директната крива на обрти ќе го воодушеви возачот на Мустанг токму тогаш кога тој ќе посака – на пример, кај забрзувањето при претекнување или во возење по кривулести патишта и завои", изјави Дејв Перичак, главен инженер на Мустанг.

Мустанговиот 2,3 литарски мотор EcoBoost делува со непосредно вбризгување, променлив тајминг на вентилите и турбо полначот, што гарантира исклучителна употребна издржливост. Единствената батерија и нејзината обвивка овозможуваат возни карактеристики во согласност со очекувањата на возачите на Мустанг, бидејќи моторот постигнува снага поголема од 309КС и развива 407 Nm вртежи. Доколку автомобилот е опремен со автоматски менувач, покрај воланот се сместени рачки за менување и возачот може да избира меѓу удобност и контролата.

Новиот Фордов Мустанг е опремен со сосема нови системи за предна и задна суспензија. Напред, новиот опсег на подрамка овозможува да зајакне предната структура, со смалена маса, нудејќи силна основа за предвидлива контрола на управувачот, што е добра за полесно управување и сигурно возење.

Новиот МакФерсон (MacPherson) систем на суспензија со двојни топчести зглобови, исто така, овозможува употреба на широки и силни сопирачи. Двата модели, Мустанг со 2,3-литарски мотор EcoBoost и Mustang GT со V8 мотор, за Европа ќе бидат опремени со спортски пакет за кочење со сериски вградени 19-инчни тркала.

На задниот дел се наоѓа, во потполност, независна странична суспензија. Геометријата, пружините, амортизерите и изолаторите посебно се модифицирани и прилагодени за спортска употреба, односно се прилагодени за европските патишта и возење со многу голема брзина. Новите алуминиумски задни зглобови ќе помогнат да се намали масата за да се обезбеди стабилно возење и управување.

Bookmark & Share