Паметна технологија

Новиот Мустанг е опремен со бројна иновативна технологија која на возачот му овозможува подобри информации, поголема контрола и поврзаност, кога тој ќе посака.

На искривените патишта и на спортските патеки, со одбирање на одговарачкиот начин на возење со едноставни преклопни прекинувачи на конзоли, возачот може многу брзо да го прилагоди управувањето, одговорот на моторот, менувачот и електронската програма за стабилност, а со тоа му е обезбедено создавање на целосен Мустанг за во секоја пригода.

Новиот Мустанг ќе биде меѓу првите Фордови возила кој на располагање има SYNC 2 систем. Фордовиот напреден систем за информации и забава вклучува 8-инчен екран на допир со висока резолуција и напредно гласовно управување за полесен пристап кон функциите на аудио и системите за навигација, клима уредите и поврзните мобилни телефони.

SYNC 2 вклучува систем за навигација кој овозможува приказ на заеднички екран и детали на пресекот, звучно изговарање на имињата, 3D приказ на крстосниците на патиштата, приказ на значајните околни места и Мишелиновата (Michelin) навигација. SYNC 2 на возачот му овозможува употреба на едноставни говорна навигација и наредби кон системот, на пример, да се емитува слика на посакуваниот изведувач. Едноставното притискање на копчето за гласовно управување и опцијата „гладен сум" ќе прикаже листа на ресторани до кој ќе Ве води системот за навигација.

Bookmark & Share