Потполно нов Ford S-MAX

Најновите интелигентни технологии и воодушевувачкиот изглед, одличната динамика и прецизното управување – со сето ова, во потполност, се издвојува новиот Ford S-MAX од масата. Флексибилноста, практичноста и економичноста ги има во гените.

Благодарение на богатата палета интелигентна технологија на новиот Ford S-MAX е едно од најинвентивните возила на пазарот во својата класа. Без оглед на тоа дали преферирате активен животен стил или давате предност на фамилијарната удобност, штотуку го најдовте автомобилот кој е создаден за Вас. Нуди простор во кој удобно и со стил, може да патуваат дури седум лица. Сега запознајте го подобро...

  • Преглед
    ford

    СИГУРНОСТ ЗАД ВОЛАНОТ

    Интелигентниот погон на сите четири тркала AWD, непречено може да го дистрибуира распоредот на погонската снага на моторот во зависност од тоа дали возите по влажна, сува или заледена површина. Според потребата, праќа поголема сила во предните или задните тркала. Резултатот е подобро управување и потрошувачка, бидејќи системот на задни тркала се вклучува само во случај на потреба.

    ford ОДЛИЧНА ФЛЕКСИБИЛНОСТ

    Флексибилниот систем на седење овозможува простор за пет или дури и седум лица, пришто можноста за индивидуално спуштање на седиштата во вториот или третиот ред нуди безброј многу различни конфигурации. Седиштата во вториот или третиот ред може да се спуштат со еден притисок на копче и со тоа, во тој момент, да се создаде место за спортска опрема или багаж.

    ford

    ПРОСТРАНА ВНАТРЕШНОСТ

    Доволно е да се притисне копче и блендата на електричното управување се подигнува за да овозможи, преку панорамскиот кров, во кабината да влезе природно дневно светло. Посебниот рефлексен слој на стаклото обезбедува да не се прегрее внатрешноста, истовремено штетејќи Ве од УВ зраците. Вашите сопатници при убаво време сигурно ќе ги развесели прекрасниот поглед на небото.



    ford

    FORD SYNC 2

    Благодарение на подобрената генерација на мултимедијалниот систем Ford SYNC 2, со екран на допир, можете Вашиот мобилен телефон безжично да го споите со плочата за управување. Музиката или телефонот, системот за навигација и климатизација, може да ги управувате со едноставни гласовни наредби или преку 8" екран на допир во боја, на кој може д ги гледате своите фотографии.

    Бидејќи овој материјал содржи преглед на особините на новото возило Ford S-MAX, некои наведени елементи може да бидат дел од стандардната опрема во сите верзии на моделите, додека останатите може да бидат достапни со доплата или само во избрани ограничени верзии. Конкретни детали побарајте во одделот за опрема на новиот модел S-MAX или обратете се на својот најблизок трговец со Форд возила



Bookmark & Share