Технологија на возење и искуство

Нашите дизајнери креираа палета на бои, материјали, примероци на тепих, површински и декорациски материјали благодарение на кои новиот Ford S-MAX воодушевува во потполност. Што се однесува до надворешниот изглед, во понуда е широка палета на модерни нијанси, кои ќе Ви помогнат да ја изразите сопствената индивидуалност. Во внатрешноста, соврешно прецизно е изработен секој детаљ, секој бод или парче ткаенина и кожа. Фино координирната боја на седишта, тапацир и облата на вратните наслонувачи го надополнуваат модерниот дизај на возилата.

  • ТЕХНОЛОГИЈА НА ВОЗЕЊЕ


    fordСигурност при променливи услови

    Паметниот систем на погон на сите четири тркала (AWD) може да одмери колкав зафат е потребен, каква рамнотежа во возењето низ завои и колку треба да одговори автомобилот на мокра, сува или ледена подлога, односно на променлив терен. Оваа интелигентна технологија може да го пренасочи погонот на предната или задната осовина, зависно од условите на патот. Овој систем со „обрти по барање" има одлична спроводливост и уште поголема ефикасност.

    ford

    Електричен серво управувач за секоја ситуација

    Електричниот серво управувач (EPAS) автоматски ја прилагодува својата брзина на делување во согласност со условите на патот. Кај возењето при мала брзиан или при паркирање, системот се грижи полесно да се сврти управувачот со што се обезбедува поголема агилност, а при возење со поголеми брзини (на пример, на автопатишта), управувањето станува потешко и на тој начин овозожува поголема контрола и самодоверба. Иновативниот систем EPAS, сега и со контрола против пролизгување, во предвид го зема и страничниот ветар, како и останатите услови на возење, додека активната помош против тресење на воланот ги смалува несаканите вибрации.

    На двете страни ќе видите што се случува околу Ва

    Малата и незабележлива камера на предниот дел на новиот S-MAX, прикажува поделени слики на мултифункционалниот екран, така што од која било страна може да видите и автомобили, велосипедисти и пешаци кои се приближуваат на вашето возило. Оваа нова технологија (избор, како дополнителна опрема) е непроценлива, посебно кога се обидувате да излезете од тесно место за паркирање или кога имате намера да се вклучите во густ сообраќај на патот, кој го намалува погледот на неа.

    Паркирање без стрес со помош на сензори

    Употребата на различни технолошки системи за активна помош при паркирање го управува возилото кај страничното паркирање, но и повеќе од тоа. Помоштта за напуштање на паркигн просторот Ви помага при вклучување во сообраќај. Системот за правоаголно паркирање (PPA) ја проценува големината на просторот кој ќе одговара на Вашето возило, што потоа го паркира возилото наместо Вас. Системот за странично паркирање (SPA) Ве предупредува доколку вашето возило наидува на странична препрека.

    fordТемпомат кој се прилагодува автоматски

    Со помош на технологијата на прилагодлив темпомат може да ја одредите брзината на возење која Вие ја посакувате, а системот ќе ја сочува. Доколку вградениот сензор RADAR забележи возило пред Вас, ќе забави за да ја сочува претходно одредената раздалеченост. Кога патот пред Вас повторно ќе се ослободи, системот ќе забрза до одбраната брзина.

    Поедноставно возење наназад бидејќи гледате што се наоѓа зад возилото

    Паркирни столбови, ниски зиводи.. на мултифункционалниот екран, камерата за возење наназад прикажува се што се наоѓа зад вашето возило. Системот се активира автоматски кога ќе одберете возење наназад, а виртуелните црти помагаат да паркирате и во најтесните премини.

  • УДОБНОСТ И ПРАКТИЧНОСТ


    ford

    Панорамски корв за повеќе светло и чувство на пространост

    Со притискање на копчето електрично управување, кровната завеса ќе се повлече наназад, со што се обезбедува продор на природно светло, а стаклото, истовремено, штити од УВ сончеви здраци и ја задржува свежината.

    ford

    Задржете идеална температура

    Издржливот систем на клима и греење (HVAC) се грижи Вам да ви биде рамномерно топло, односно ладно. Двозонската климатска направа (стандардна опрема во серија Тренд и Титаниум) овозможува одвоено нагодување на температурата за возачот и совозачот. Може да се одлучите и за „трозонски клима уред" со кој може да се нагоди климата не само за возач и совозач, туку и за останатите патници во вториот и третиот ред на седишта.

    ford

    Шофершајбната лесно се чисти со функцијата Quickclear

    Со помош на оваа паметна функција во ледените зимски утра полесно ќе тргнете на пат. Едноставно притиснете на копчето и системот ќе го одмрзне или одроси стаклото за само неколку секунди, дури и температура под нула.


    ford

    Седишта со дополнително зајакнување ... и масажа

    Новите ергономски седишта Multi-Contour се на избор на возачот и совозачот, а нивниот дизајн овозможува потполно нагодување. Со тоа се добива дополнително зајакнување на местата на кои е потребно, а има и функција на масажа со што возењето на долги рути ќе Ви биде поопуштено. Седиштата Multi-Contour се на избор и со клима состав кој овозможува на нив да ја прилагодите својата идеална температура.

    Највисоко ниво на флексибилност со паметен систем за седење

    Флексибилниот систем на седишта нуди комфорен простор за пет или дури и за седум лица, при што можноста за самостојно спуштање на седиштата во вториот или третиот ред нуди небројно многу различни конфигурации.
    Пример, седиштата во вториот или третиот ред може да се спуштат до крај со притискање на копче и така ќе добиете дополнителен простор за спортска опрема или поголеми предмети.


  • ПРАКТИЧНОСТ

    Не грижете се дека ќе ја преминете границата на брзина

    Системот за автоматско прилагодување на бризната (ISA) е осмислен за поголема контрола над брзината, така што полесно ќе се насочите кон патот. Камерата за препознавање на сообраќајни знаци (TSR), најпрво, автоматски го препознаваат ограничувањето на брзината (доколку е активирана), а системот по ова, Вашата најголема брзина ќе ја прилагоди на ова ограничување.

    fordHands-free врата на багажникот за полесно отворање и затворање

    Едноставно, замавнете со ногата под задниот браник на автомобилот и бажаникот автоматски ќе се затвори или отвори.

    Без клуч значи и без напор

    Фордовиот KeyFree систем овозможува затворање и отворање на автомобилот без вадење на клучевите од џеб или ташна. Идеално решение доколку Ви се полни рацете.


    ford

    Стартувајте го автомобилот со едноставно притискање на копче

    Клуч веќе не е потребен. Едноставно притиснете го Фордовото копче Power Starter држејќи ја ногата на педалата (или на кочницата кај автоматиката) и моторот ќе се запали.


    HI-FI звук

    Аудио составот со девет звучници е дел од стандарднат аопрема за Ford SYNC 2 и целиот автомобил ќе го исполни со кристално јасен звук. Може да се одлучите и за Premium систем со дигитален радио приемник (DAB) и 12 Sony звучници кои ќе Ви понудат одлична и неповторлива атмосфера на слушање.

    ford

    Ford SYNC 2. Напредна hands- free технологија и екран на допир

    Идната генерација Ford SYNC 2 овозможува безжична поврзаност на вашиот мобилен телефон и MP3. Преку едноставни и иновативни гласовни наредби или преку 9-инчен екран во боја, на допир, овозможена Ви е репродукција на музика и употреба на телефон, систем на навигација и клима уред.

    ford

    Фордов Easy Fuel систем за спречување на полнење погрешно гориво

    Благодарение на Easy Fuel системот, практично, невозможно е да се наточи погрешно гориво бидејќи погрешната млазница, едноставно, нема даодговара. Кај Easy- Fuel систмеот нема капаче од резервоарот, така што нема ниту извалкани раце.

    MyKey® функција за безгрижно споделување на автомобилот

    Ford MyKey® овозможува да ја нагодите брзината, аларм како потсетник за сигурносниот појас, дури и да ја надгледувате гласноста на аудио системот. Оваа иновативна функционалност овозможува да ги прилагодите параметрите на возилот според индивидуални корисници. Доколку автомобилот му го позајмувате некому, може да ги програмирате ограничувањата кои ги посакувате.

    Напреден систем кој помага при одржување на насоката

    Системот за одржување на насоката на возење користи камера свртена кон напред за да може да реагира доколку ненамерно свртите надвор од сопствената возна патека. Системот на тоа ќе Ве предупреди со тресење на воланот и со визуелно преупредување. Доколку на ова преудпредување реагирате пребавно или доколку воопшто не реагирате, системот за одржување на смерот може да Ви понуди помош при управувањето за сигурно да ве врати во возната патека која Ви одговара.Технологијата е основана за патишта со повеќе патеки (пример, автопатишта), со што автоматски ќе се исклучи при брзина под 65km/h, а може да ја исклучите и рачно

Bookmark & Share