Уживајте во возењето

Со одзивно ракување и широк спектар на карактеристики за удобност и погодност, секој аспект на новата Fiesta Van е дизајниран да го направи патувањето бизнис задоволство. 

  • Возачка технологија

    Сензори кои го тргаат стресот додека паркирате

    Дизајнирани да ви помогнат да паркирате со повеќе самодоверба, опционалните далечински сензори ви помагаат да ја оцените оддалеченоста помеѓу вашето возило и пречките, како пред вас така и одзади. Кога сензорите ќе детектираат објект, тие активираат аудио предупредување кое се појачува колку поблиску се движите до објектот.

    Потивка и помирна кабина

    Промените во инструменталната табла ја намалуваат бучавата не само од моторот туку и од ветерот и патот.  
     

    Комфорна температура во секоја средина

    Ефикасниот и лесен за употреба систем за греење и ладење овозможува удобна средина во секое време. 

    Следете ја потрошувачката на вашето возило преку патниот компјутер

    Имајте навремена и точна информација уште колку гориво имате, за да знаете упте колку може да возите пред да треба да наполните пак. Со патниот компјутер, можете исто така да видите колкава е вашата просечна потрошувачка. 
  • Комфорт и удобност

    Форд SYNC. Напреднa хендс фри технологија

    Една од новите интелегентни технологии кај Fiesta VAN е Ford SYNC кој ви овозможува да ја контролирате вашата музика и да воспоставувате и примате повици на вашиот мобилен, користејќи едноставни директни говорни команди.Исто така ги чита вашите смс пораки, пушта песни од USB или MP3 и може да пушта песни од вашиот мобилен телефон преку Bluetooth конекција.

    Високо квалитетен звук додека сте во движење

    DAB Радио и CD доаѓаат со Trend ниво на опрема. Возилото исто така има и приклучок за iPod и други музички направи, за секогаш патувате со вашата омилена музика.

    Ford Easy-Fuel за безгрижно точење бензин

    Генијалниот инхибитор за бенизин прима само правилна пумпа за вашиот мотор, со што рпевентивно ве заштитува од честата грешка на ставања погрешно гориво и со тоа ви заштедува средства.

    Исчистете го ветробранското стакло брзо со Quickclear

    Оваа паметна функција е дизајнирана да наутро стигнете до вашата дестинација без да треба да посветите многу време и труд во чистење на замрзнатото ветробранско стакло. Само со допир на едно копче системот може да го одмрзне ветробранското стакло за неколку секунди иако температурата надвор е под нулата. 

Bookmark & Share