Дизајнирано да ве чува безбедни вас и работите што ги превезувате

We know how important it is to keep you, your passenger and your cargo safe and secure. That’s why new Fiesta Van is fitted with a comprehensive range of safety and security measures.

  • Безбедност

    Ford SYNC со Итна Помош

    Важна и со потенцијал за спасување животи е Ford SYNC технологијата со итна помош. Во случај на несреќа воздушните перничиња се активираат, оваа технологија го користи вашиот мобилен телефон да повика служби за итна помош за вас и да им ја посочи вашата локација. Може да изберете да го прекинете повикот или да разговарате со службите доколку е потребно.

    Навремено предупредување ако некоја од вашите гуми издишува

    Ако било која од вашите гуми почне да го губи притисокот или да издишува, Deflation Detection System ќе ве предупреди преку симбол светилка на контролната табла.

    ESC ви помага да ја задржите контролата без оглед на условите 

    Програмата за електронска стабилност (ESC) постојано го следи напредокот на вашето возило. Ги забележува отстапувањата од вашата избрана патека на движење, на пример ако почнете да се лизгате, и автоматски ја поправа вашата положба на патот и ви помага да ја задржите контролата над возилото. Исто така, оваа технологија помага да се намалат растојанијата на сопирање во итни случаи.

    За да избегнете судири при ниска брзина, Fiesta сопира за вас

    Несреќи при метежи со тргнување и сопирање премногу често се случуваат. Нашиот Активен City Stop систем е напредна технологија дизајнирана да ви помогне да ги избегнете. При брзини помали од 30 км/ч системот детектира дали возилото пред вас има ненадејно сопрено, и доколку вие не сопрете системот ќе го сопре возилото за вас. 

    Дополнителна контрола при тргнување во угорнини

    Системот за помош при тргнување во угорнини ја отстранува можноста да возилото се врати надоле при поаѓање при угорнина. Ова го постигнува со тоа што го одржува потисокот на сопирачките додатни 2.5 секунди, давајќи ви време да ја поместите ногата од педалата за кочење на педалата за гас. Тоа е исто така корисно кога сопирате или поаѓате при лизгави површини. 
     

     

  • Сигурност

    Периметарски аларм за дополнителна сигурност

    Новата Fiesta Van е исто така достапна со Периметарски Аларм, кој јавува звук ако било која од вратите се отвори..

    Вашата роба е побезбедна

    Задната шофершајбна содржи шипки кои овозможуваат уште поголема безбедност на стоките што ги превезувате и чувате.

     

Bookmark & Share