Уживајте во микс на способност и удобност

Новиот Ranger има технологии да ви помогнат да постигнете баланс и во off-road услови и во густ градски сообраќај. Но повторно, ги има сите опции дизајнирани да го направат возачкото искуство по удобно и релаксирачко.

  • Возачки технологии

    Од освојување на стрмнини опфатени со песок, кал или мраз до влегување во тесни паркинг простори, на Ranger има многу технологијата која ќе ви помогне во вашето возење.

     

    Селективен 4х4 погон ви овозможува вклопување на секаков терен

    Имате да одбирате од три нивоа на возење: 4х2 за регуларно возење, 4х4 (Висок опсег) за лоши патни подлоги и земјени стази и 4х4 (Низок Опсег) за исклучително тешки терени. Фактот дека Ranger до земјата има простор од 230 мм исто така помага да се поминат најтешките услови.

     

    Употребувајќи го Електронскиот пренос во движење можете да променувате помеѓу 4х2 и 4х4 Висок Опсег, додека сте во движење. Системот работи во комбинација со Елктронскиот систем за стабилност (ESP) и Електронската контрола на тракција (ETC).

    Ranger се приспособува на вашиот возачки стил

    Интелигентен автоматски менувач со напреден софтвер кој овозможува препознавање на гласот на возачот и го прави возачкото искуство според начинот кој вие ќе го изберете. На пример: економичност, перформанси, спортсло, нагорнини, спуст и влечење, како и 4x4 на високи или ниски фреквенции.

     

    Софтверот го учи 'стилот на возачот и се приспособува со употребата на пренос. Така релаксираниот стил на возење ќе испорача поголема префинетост и економија на горивото, а пооптимистичкиот стил на возење ќе бидат наградени со поостри реакции и поспортски изглед.

    Лесно и сигурно возење во рикверц со задната камера

    Како стандард кај Wildtrak, опционалната задна камера ви го прикажува погледот назад, во екран вграден во ретровизорите.

    Ова може да го направи возењето во рикверц далеку полесно и побезбедно  и ви ја прикажува куката за влечење за полесно возење рикверц со приколка. 

    Сензори кои ќе го отргнат стресот од паркирањето

    Кога Ranger е во рикверц (без приколка) од радио системот јавува звук кога некој објект е лоциран поблиску од 1.8м позади возилото. Фреквеницијата на овие звуци забрзува како што се доближува возилото до објектот, правејќи лесно да го избегнете. (Проверете модели за достапност)

    Темпоматот го прави долгото патување порелаксирано

    Само поставете ја посакуваната брзина преку контролите на воланот, и оставете на темпоматот да го направи вашето долго патување помалку заморно.

    Борд компјутерот овозможува корисни информации за вашето патување

    Ова ви дава важни информации за вашата километража, потрошувачката , брзината и надворешната воздушна температура. Вклучува исто така `оддалеченост до празен резервоар`: грубо колку можете да поминете со останатото гориво во резервоарот. Ова е од исклучителна важност на долги патувања или надвор некаде во дивината. 

    Вградена во таблата Сателитска Навигација која обезбедува да стигнете сигурно на вашата дестинација

    Само програмирајте ја вашата дестинација користејќи ги командите на таблата и ќе добиете аудио и видео насоки, плус информации за вашата моментална локација и околина. Сателитската навигација е паметно интегрирана во аудио системот за безбедност.

     

     

     

  • Комфорт

    Ентериерот на Новиот Ренџер е релаксирачки, без разлика на надворешните услови. 

     

    Поставете една температура за вас, една за вашиот патник 

    Со Двозонската Автоматско клима можете да поставите индивидуална температура за возачката и совозачката страна на кабината. Стандард со Wildtrak и Limited.

    Нов, современ стил на ентериерот 

    Сите три стила на кабини сега се пошироки, давајќи ви повеќе простор во пределот на главата и рамениците во предниот дел повеќе од претходно, со задниот простор за нозете тоа е еднакво великодушно. Всушност верзијата со Дупла кабина сега има најдобар заден простор за нозете во класата.

    По просторни кабини 

    Кога сте зад воланот, подигнатата возачка позиција го додава чувството на просторност. Исто така ви дава и единствен поглед на патот (теренот) пред вас.

    Нови подесиви предни седишта

    Новиот Ranger има подесиви предни седишта за екстра комфорт. Електрично подесиво во 8-правци седиште е исто така достапно на конкретни модели, кои ви овозможуваат да постигнете оптимален комфор поставувајќи ги со едно копче. Дури вклучува и лумбарна поддршка и интегрално загревање. Сите предни седишта имаат подигната позиција, давајќи ви чист поглед на патот или теренот пред вас. Тоа ви дава повеќе време да реагирате, подобрувајќи ја безбедноста на сите во возилото. 

    По комфорни задни седишта

    Кабината на новиот Ranger е по просторна и значи дека задните седишта во верзијата со Дупла кабина сега нудат простор за нозете кој е најдобар во класата. Во зависност од моделот постојат потпирачи за главата, централен потпирач за раце и држачи на чаши. На некои верзии, задните седишта можат да бидат преклопени и прицврстени, давајќи ви екстра товарен простор и пристап до просторот за одложување под седиштата. Задната Пристапна Кабина доаѓа опционално седиште на отворање за дополнителни патници. Сигурносните појаси во 3 точки се стандард на сите.

    Спектар од системи за забава во колата 

    Одберете од четирите нивоа на ICE системот. Најдобрата во својот ранг, интегрирана единица вклучува 5`` екран во боја, AM/FM, MP3 CD плејер, говорни команди, Bluetooth®, USB приклучување и Сателитска Навигација.

    Најдобар во класата аудио систем 

    Моќни шест звучници кои свират MP3 документи на CD плејер и испорачуваат одличен квалитет на звук. 

    Светла кои постепено се затемнуваат давајќи ви време да се прилагодите

    Театрално автоматско и постепено затемнување на внатрешните светла кога ќе се стави во контакт.

    Интиуитивно дизајнирана кабина

    Зад воланот, ќе забележите како природно контролата спаѓа на рака и можете лесно да ги читате добро поставените бројки и чистите екрани. Комфорен, подигнато возачко седиште кое ве става во одлична позиција да видите што е пред вас.


     

     

  • Удобност

    Карактеристиките на удобност во Новиот Ranger се дизајнирани да го направат животот поедноставен

     

    За хендс-фри сигурност: : Bluetooth® со говорни команди

    Можете да правите и да примате повици на мобилниот телефон, да ја променувате музиката и да оперирате со другите контроли на копчиња само со користење на говорни команди. Така што не треба да ги тргате очите од патот, или рацете од воланот.

    Ford Easy-Fuel

    Со Ford Easy-Fuel скоро е невозможно да дополните погрешно гориво во возилото едноставно затоа што погрешно црево за дополнување гориво нема да одговара. И поради тоа што е систем за дополнување гориво без капаче, никогаш повеќе нема да треба да фаќате нечисти капачиња

    Бришачи со сензори за дожд

    Бришачите на ветробранот на новиот Ranger имаат шест нивоа на чувствителност и се вклучуваат при првата капка дожд и ја зголемуваат брзината за да се справат со сe што времето може да ви донесе.

    Странични ретровизори што се преклопуваат самите за да се заштитат

    Кај Limited и Wildtrak моделите, електрично преклопливите ретровизори се преклопуваат навнатре со притискање на едно копче кога колата е заклучена, како би се избегнало оштетување. Загревани со странични индикатори и светилки за вирови, го осветлуваат подот кога излегувате. (Проверете модел за достапност)

    Quickclear загревано ветробранско стакло става крај на гребењето

    Оваа опција ви овозможува мразот да биде рапидно исчистен од стаклото без да го изгребе и овозможува лесно од-маглување . Стандард кај XLT, Wildtrak и Limited.

    Ranger автоматски ви го осветлува патот

    Се вклучува преку далечинско отклучување или со ставање во контакт, Сијалици за вирови, Пристапни и Водечки светла кои ви даваат подобра видливост кога го оставате Ranger-от во темница. Лампите за вирови, кои го осветлуваат подот до предните врати се достапни кај Limited и Wildtrak. Пристапните и Воде ме дома светла се достапни кај XLT, Wildtrak и Limited.

    Многу при рака простор за складирање на предмети

    Животот е полесен кога се е организирано. И Ranger-от може да помогне, со многу простор при рака за складирање на предмети. Има три централни конзоли за складирање(кратка, долга и долга со секција за ладење со клима) во зависност од кабината која ќе ја изберете. Тие содржат простор кој одговара за складирање на храна, како и шоља и држачи за шишиња, пепелници, и друг простор кој одговара за вашиот телефон и сл. Касетета која се отвора нуди огромни 11.9 литри простор, компактен чадор и повеќе. Исто така ќе најдете многу џебови околу кабината, додека Дуплата кабина има две големи, под седиштето простори за складирање. 

    Лесна за користење, ултра безбедна контрола на аудио системот

    Новата централна конзола ви дозволува да ги контролирате сите напредни функции на интегрираниот аудио систем користејќи централен џојстик. Лесно е за интеракција, за разлика од конвенционалниот сет-ап, невозможно за кражба.

    Водечки во класата екран за инструментален кластер

    Новиот инструментален кластер ви покажува на врвен екран витални информации: од брзинометарот, тахометар и одомер до пораки на Патен компјутер. Достапен како стандард на Wildtrak.

    Автоматско затемнување на ретровизорот

    Кога возите навечер, можете да возите и без да ве заслепуваат светлата од возилата зад вас. Иновативниот ретровизор што автоматски се затемнува автоматски ја открива светлоста на предните светла и го вклучува поставувањето за затемнување. Така можете да внимавате на возилата зад вас без големо одвлекување на вниманието и да стигнете дома помалку уморни. Стандард kaj XLT, Wildtrak и Limited.


     

Bookmark & Share