Нови нивоа на моќ и економичност

Новиот Ranger носи нов, подобрен ранг на мотори, кои овозможуваат повеќе моќ и подобрена горивна потрошувачка. Рамо до рамо со подобрените нивоа на економичност, доаѓаат пониските нивоа на емисија на издувни гасови: возилото сега постигнува CO2 бројки ниски колку 192g/Km. 

 

Дознајте повеќе за новите мотори и другите технички подобрувања кои резултираат со подобрени перформанси и ефикасност.

  • Моќ

    Дознајте повеќе за новите мотори и другите технички подобрувања кои резултираат со подобрени перформанси и ефикасност.

     

    По моќен, по економичен, по економични дизел мотори

    Новиот Ranger сега нуди повеќе нови Duratorq Нивоа V дизел мотори кои комбинираат дополнителна моќ и вртежен момент со извонредна економичност на горивото. 

    На пример, 150КС/110kW 2.2-литарски 4 цилиндарски обезбедува 375 Nm вртежен момент и скромни бројки на економичност на гориво од 8.6 литри/100km (комбинирано). Додека 200 коњскиот 3.2 литарски TDCi (дизел) ви овозможува 470Nm вртежен момент.

    Сега по моќните мотори користат Варијабилно Геометарски Турбополнач (VGT), кој го контролира количеството на моќ и вртежен момент кои се произведени. Ја подобрува стартноста и ви дава најдобар во класата вртежен момент на ниски брзини дури и без допирање на педалата за гас – минимизирајќи ја потрошувачката на гориво и емисијата на издувни гасови.

    Всушност, сите нови мотори се во склад со Европските Ниво V стандари за емисија. Новите мотори на Ranger се по ефикасни, како и по моќни. И возењето на возилото е по динамично што значи по агилно и сигурно на патот, која и да е подлогата. Се на се, возилото нуди комплетен пакт на перформанси.

    Новиот 6-брзински менувач го заштедува горивото и ја скратува емисија на издувни гасови

    Нов, лесен за менување 6-брзински мануелен менувач сега е достапен; дизајниран и достапен да одговара на новата линија дизелски мотори. Овој прецизен систем помага да се намали емисијата и да се заштеди на трошоците за гориво, додека овозможува по релаксирачко возење. Дополнително, напредната автоматска верзија е прецизно подесена да обезбеди мирно но брзо менување и да даде подобра потрошувачка ефикасност. 


     

     

  • Управување

    Нов систем за управување за подобро маневрирање

    Новиот систем за управување кај Ranger ви овозможува попрецизно и полесно управување. Дизајниран е да го подобри маневрирањето при ниски брзини, како при паркирање или возејќи по тесни неасфалтирани патишта. Потребни се само 3.5 вртења на управувачот од крај до крај а кругот на вртење е само 12.7m. 

    Нови поголеми тркала за оптимална тракција

    Новиот Ranger XL е опремен со 16-инчни челични тркала како стандард, додека XLT поседува алуминиумски тркала. Поголемите пневматици испорачуваат огромна тракција без разлика каков е теренот давајќи ви доверба и контрола. Тркала исто така пренесуваат повеќе сила благодарение на помоќните мотори испорачувајќи подобар вртежен момент и тракција независно на која површина возите. 

    Пет нови типови на пневматици

    За да се обезбедат оптимални перформанси, преку 100 нови опции за пневматици беа испробани на најекстремните и непростливи услови на земјата. Само пет преживеаа, кои беа доработени и рафинирани да бидат достапни за новиот Ranger. Дизајнирани за пат и теренско возење, комбинираат одлична тракција, ниска бучава и голема издржливост за да може да ги истрпат нај ригидните терени со големо ниво на комфор. 


  • Економичност

    Новиот Ranger поседува две уникатни особини кој уште повеќе ја подобруваат економичноста на новите Duratorq дизел мотори. 

     

    Помала потрошувачка со економични пневматици 

    Сите пет пневматици се дизајнирани да имаат помал отпор при возење. Како резултат, тие трошат помалку енергија што помага во намалување на потрошувачката.

    Системот за управување со електричната енергија заштедува на емисиите и на горивото

    Иновативниот систем за управување со електричната енергија дотставува електрична сила до Ренџерот и вклучува генерација од електрична моќ (алтернатор), склад на електричната енергија(во акумулаторот) и контрола на потрошувачката. Контролата на потрошувачката се состои од надгледување и подесување на потрошувачката на струја, на пример кога моторот е исклучен, при возењето (се продолжува животот на акумулаторот) и контрола на емисијата на издувни гасови од моторот. Системот исто така помага да се намали потрошувачката на гориво. 


     

     

Bookmark & Share