Првиот пик-ап со 5 ѕвезди рејтинг за безбедност

Новиот Ranger има водечки во класата, пакет за безбедност, кој вклучува се од стандардните возачки и совозачки воздушни перничиња, страничните воздушни завеси и возачките перници за колена до напредната ESP Електронска програма за стабилност. Затоа ова е првиот пик-ап да биде награден со Euro NCAP 5-ѕвезди ранг. Пакетот за безбедност е еднакво комплетен.

  • Безнедност на возилото

    Новиот Ranger бил тестиран немилосрдно во најтешките средини околу светот. Пронаоѓајќи го својот пат ни кал, вода, снег и песок, ќе ве чува заштитени и во контрола речиси во секоја ситуација.

     

    Остани во контрола кои и да се условите

    Електронската Програма за Стабилност претчувствува било какво скршнување од линијата на возење и автоматски ја исправува вашата позиција на патот, помагајќи ви да останете во контрола какви и да се условите. [линк до видео] Доле ќе откриете предности од главните напредни возачки технологии кои се дел од ESP

    Дополнителна контрола возејќи на удолнина

    Ридска Спуст Контрола (HDC) [линк до видео] ви дава поголема контрола на стрмни удолници, на пат и надвор од пат.

    Дополнителна контрола при тргнување на угорнина

    Помош при тргнување на Угорнина (HAS) [линк до видео] запира да се движите наназаф при тргнување на угорнина, со задржување на притисокот во сопирачките како што ја тргате ногата од кочницата до гаста. 

    Задржувајќи ја вашата приколка безбедно во линија

    Контрола на лулање на приколка [линк до видео] детектира нишање и навачување на приколката и ја намалува брзината на Ranger додека проблемот не исчезне, правејќи го влечењето по контролирана и побезбедно. Намалувањето на брзината се постигнува со намалување на вртежниот момент и зголемувањето на притисокот на сопирачките на сите тркала.

    Систем за итно сопирање (EBA)

    EBA помага новиот Ranger да постигне најдобро можно сопирање при итни случаи. Ако системот открие дека возачот не применил доволно притисок, тој ќе го зголеми притисокот на сопирачките.

    Предупредувачко задно светло кога сопирате нагло

    Светлото за сопирање во итни случаи ги вклучува сите трепкачки светла да ги предупреди другите шофери кога Ранџерот сопира одеднаш. 

    Постојана заштита против превртување

    Контролата против превртување го надгледува возилото и ги идентифицира опасните возачки услови кои можат да доведат до превртување. Системот го вклучува ESP да интервенира, да ја контролира брзината и да ја поврати стабилноста.

    Максимален зафат со мал напор 

    Со прецизна контрола на начинот на кој вртежниот момент на моторот е пренесен на тркалата, Системот за контрола на Тракцијата овозможува подобра тракција, забрзување и стабилност на лабави и лизгави терени.

    Контролни опции кои се адаптираат за вашиот товар

    Адаптивната контрола на товар [линк до видео] ја подесува Електронската програма за стабилност во насока на тоа дали Ranger е товаре или нетоварен, со паметно реагирање на вртењето на воланот. Ова овозможува контрола и стабилност под сите товарни услови.

    Максимална заштита со супер-јака надоврешна школка

    Супериорната конструкција на Ranger обезбедува штит кој ја редиректира силата на удар подалеку од патниците. Додатно, подигнатото седење и страничните решетки во вратата ја зголемуваат заштитата при страничен удар. 

    Напредни системи за контролирано сопирање

    Ranger ги комбинира анти-заклучувачки сопирачки (ABS) со системот за електронско пренасочување на сопирање (EBD), распоредувајќи го напорот при сопирање помеѓу предницата и задницата, зависно од тоа дали возилото е товарено или не. Резултатите се ефективно сопирање и стабилност при вртење, од особена важност кога сопирате во средина на свијок и подобрена и пократка патека на сопирање без разлика на условите.

    Воздушни перничиња за да ве заштитат од сите страни

    Покрај предните воздушни перничиња за возачот и совозачот, има и странични перничиња за заштита на градниот кош и воздушни завеси за заштита на главата. Има дури и воздушно перниче за заштита на колената на возачот. Доколку е потребно може да се деактивира совозачкото воздушно перниче.

    Деактивирање на совозачкото воздушно перниче

    Достапна ви е опцијата да го деактивирате воздушното перниче на совозачкото седиште во случај на превезување на дете со детско седиште.

    Напредна технологија за понапредни безбедносни ремени

    Безбедносни ремени се поставени на сите седишта кај Дупла Кабина. Ремените кај возачот и совозачот се опремени со пре-затегачи со цел да воздушните перничиња бидат поефикасни при несакана незгода. 

    Потсетник за безбедносен појас

    Доколку возилото е во движење и некој од безбедните ремени на возачот или совозачот не е наместен ќе бидете известени преку звучен сигнал и индикатор на инструмент таблата.

    Побезбедни седишта за помали патници

    Безбедност, комфор и заштита за вашите деца се на врвот. Затоа ќе пронајдете ISOFIX додатоци на седиштата како стандард. Тие вклучуваат и точки за фиксирање во горниот дел од седиштето со што значајно се намалува шансата за повреда.

    Склопувачки управувачки столб кој спречува повреда на возачот

    Управувачкиот столб се склопува во управувачката табла со што го намалува ризикот од повреда при судир. 

    Предни светла кои автоматски се вклучуваат кога ќе притребаат

    Ranger е опремен со сензори кои детектираат светлина дури и кога се намалува, и тогаш автоматски се вклучуваат предните светла со што го намалуваат ризикот при возење за време на зајдисонце. Тие исто така се вклучуваат кога влегвате во тунел. Автоматските предни светла се достапни како опција со сензори за дожд.


     

     

     

  • Безбедност

    Благодарени на неговиот сеопфатен сигурносен пакет може да имате мирна глава независно каде го паркирате. 

     

    Низа безбедносни мерки

    Достапно е централно заклучување кај сите три стилови на кабина како и заклучување на бравата за стартување.

    Нашиот Пасивен Систем Против Кражба (PATS) го онеспособува моторот додека уникатниот кодиран клуч не е детектиран во бравата за стартување, за да не може да се стартува возилото и доколку некој успее да влезе внатре. И доколку некој успее да го украде возилото, Ranger е опремен со видливо поставена идентификација на шасија (VIN) за да може лесно да се пронајде. 

     

    Нов врвен алармен систем

    Пософистициран Thatcham Category 1 алармен систем е достапен. Овој систем автоматски се активира кога ќе го заклучите возилото и моќен алармирачки звук е емитуван ако насилно се влезе, возилото е подигнато или сензорите за движење забележат било какво движење внатре.

    Додатен, независен помошен аларм

    Додатен помошен звучен аларм е достапен кој доаѓа со Thatcham аларм опцијата. Ова ќе ја активира сирената кога алармот е активиран. Има своја батерија па така ќе се активира дури и ако некој го извади акумулаторот.


     

     

Bookmark & Share