Работа или забава, Tourneo Connect од 23,135€

Tourneo Connect е одлично дво-наменско возило кое ги исполнува потребите за бизнис и за одмор. Неговата лесно достапна кабина и паметен распоред на седење овозможува комплетна флексибилност, овозможувајќи ви да го користите како елегантен превоз за луѓе, просторно семејно возило кое ја собира вашата целосна опрема за одмор, или двете.
Ова возило со стил е изработено според нашите строги стандарди за комерцијални возила, така што е јако и издржливо, и плус има одлична реакција на управување и удобност за патници коишто би ги очекувале од седан. Има три дизел мотори со ефикасна потрошувачка, од кои едниот ќе ви овозможи идеален баланс на сила и економичност на гориво.


Поради фактот што ова претставува краток преглед на Ford Tourneo Connect, некои споменати карактеристики може да се стандардни наспрема асортиманот додека други може да се дополнителна опрема за селектирани модели. За понатамошни информации, ве молиме контактирајте го вашиот Ford Дилер.

 

  • Главни карактеристики

    Надворешен стајлинг

    Современиот стајлинг и украсите го прават Tourneo Connect карактеристично возило за восхит.

    Асортиман на модели

    Возачите имаат одличен избор за пронаоѓање на нивниот идеал баланс на патнички и товарен простор.

    Пет или осум седишта

    Долгото меѓуосовинско растојание значи дека можат удобно да седнат осум патници.

    Лесен пристап

    Странични лизгачки врати и задни врати за широко отворање кои овозможуваат единствен увид кон внатрешноста.

    Флексибилен распоред на седење

    Седиштата може да се поместуваат нанапред и наназад, да се преклопуваат дури и да се тргнат како неверојатна подвижност.

    Практичен товарен простор

    Има доволно простор за чување неопходни работи достапни при возење, како и галантен багажен простор.

    Подвижен и лесен за управување

    Tourneo Connect има изобилие од карактеристики на возење кои се споени за да ви понудат импресивно справување на пат.

     

  • Дизајн

    Практичен товарен простор

    Прирачните прегради за предмети ги вклучуваат преградата под патничкото седиште и преградата во централната конзола за пенкала, парички, и за други ситници. Вториот ред на седишта се поделени 60:40 и може да се преклопат комплетно нанапред или да се постават вертикално при што ослободуваат дополнителен простор. Истото важи за третиот ред на седишта во верзијата на долго меѓуосовинско растојание на тркалата (LWB).Има две светла поставени на кровот кај одделите за товар за да може да видите што правите во темница. За љубопитните очи има опција за прекривач за багажниот простор (опција на LWB).

    Флексибилен распоред на седење

    Со цел да си овозможите перфетна позиција при возење, предното седиште на возачот може да се прилагоди на шест начина. Сите седишта имаат потпирачи за глава за дополнителна удобност и сигурност, додека вториот централен и третиот ред на седишта имаат ISOFIX точки на цврста подлога за сместување на седишта за деца. Вториот ред седишта се поделени 60:40 и може да се преклопат нанапред, да се постават вертикално или сосема да се отстранат за да се добие голем товарен простор од преку 3.5 кубни метри. Секој автомобил од асортиманот ви дава флексибилност удобно да превезувате луѓе и нивниот багаж.

     

  • Опкружување

    Обврска кон иднината

    Секогаш се стремиме кон намалување на нашето влијание врз животната средина. Речиси сите наши возила и нивните составни делови (до 95%) сега може да се користат во други возила или во други процеси на производство. Звучната изолација е всушност изработена од користени фармерки и рециклиран материјал за тапацирање. Во врска со емисиите, одберете го 1.8 литарскиот (110 PS) Duratorq TDCi и СО2 емисиите ќе бидат само 163 г/км.

     

Bookmark & Share