Дизајн и технологија со причина

Секоја опција и технологија во новиот Transit Connect е дизајнирана да ја максимизира ефикасноста на вашиот бизнис, како и да го олесни вашиот живот колку може повеќе.


  • Возачка Технологија

    Лепеза на напредни технологии, вклучени како стандарна и опционална опрема, се тука да го направат вашиот работен ден полесен, по продуктивен и помалку стресен. Неколку од нив исто така ве заштитуваат вас и вашата вредна инвестиција: Вашето комбе.

     

    Ford SYNC. Advanced hands-free technology

    Со гласовните команди на Ford SYNC може да ја контролирате вашата музика. Можете исто така да извршувате телефонски повици, без користење раце, користејќи едноставни гласовни команди. SYNC исто така ви овозможува да пуштате музика од USB или MP3/iPod, или да проследувате музика од вашиот мобилен користејќи ги истите едноставни гласовни команди. Се за да може константно да бидете со рацете на управувачот и пчите на патот. 

    Сензори кои го одземаат стресот при паркирање

    Опционалните паркинг сензори ви помагаат да процените колку слободен простор имате од позади и од напред. Кога ќе детектираат предмет, активираат звучен сигнал кој се засилува колку поблиску сте до предметот. Оваа опција е дизајнирана да ви помогне да се паркирате по самоуверено.

    Полесно движење во рикверц

    Столбови, канти, ниски зидови... задната паркинг камера ќе ви покаже се што е позади вас на екранот вграден во внатрешниот ретровизор. Не само што ќе ви помогне да ги видите работите кои инаку би ги пропуштиле, туки и ќе ви помогне да се паркирате преку прикажување виртуелни линии кои ќе ве водат до финалната паркинг позиција.

    Светла кои се пуштаат кога вртите, за подобра прегледност навечер

    Ако имате пуштено трепкач за вртење и вртите на пат или во паркинг место, светло во магленките(на страната) автоматски се вклучува и ви го осветлува патот на страната во која вртите за да ви даде подобрена прегледност при вртењето.

    Помалку заморни и по економични патувања

    Темпоматот со подесивиот ограничувач на брзина ви помага да останете во предходно поставената брзина. Ова ќе ви заштеди гориво, намали шансата да ја прекорачите дозволената брзина и како секој темпомат, да ја оддржи брзината за вас за да немора цело време да мислите на неа.

  • Комфорт и удобност

    Комбинирајќи ги паметните, современи дизајни и технологии што постојат да ги задоволат вашите потреби, новиот Transit connect е и ефикасно комерцијално возило како и практично, комфорна канцеларија на тркала.

     

    Совршен звук на терен

    Опционалниот Sony DAB radio/CD систем вклучува врвни аудио звучници.

    Секогаш имате топло седиште

    Колку и да е студено надвор, вие брзо може да се згреете во кабината со греачите на седишта.

    Предни светла кои автоматски се вклучуваат кога ќе притребаат

    Transit Cоnnect е опремен со сензори кои детектираат светлина дури и кога се намалува, и тогаш автоматски се вклучуваат предните светла со што го намалуваат ризикот при возење за време на зајдисонце. Тие исто така се вклучуваат кога влегвате во тунел. Автоматските предни светла се достапни како опција со сензори за дожд.

    Брисачи кои автоматски се прилагодуваат на дождот

    Брисачите со сензори за дожд се активираат во истиот момент кога ќе детектираат влага на вашето ветробранско стакло, потоа подесете го нивното темпо за да се справите со временските услови. Истотака може да изберете од шест нивоа на осетливост, со што ќе поставите на која количина на влага брисачите да се активираат. Брисачите со сензор за дожд се достапни како опција со автоматски предни светла.  

    Воланот се приспособува да ви одговара токму на вас

    За да ви помогне да ја најдете вашата идеална, најкомфорна возачка позиција, воланот лесно се приспособува на вашиот дофат.

    Вашето комбе ваша канцеларија

    Со вградена мобилна конекција во новиот Transit connect,  никогаш не било полесно да работите од каде и да сте. Кабината вклучува три различни типови на централни конзоли кои се дизајнирани да ви помогнат да имате се при рака. Зависно од кој модел и конфигурација на седење вие одберете, може да специфицирате затворена и отворена конзола(затворената е со наслон за рака), еден или два 12V приклучоци, Aux влез и USB конектор, плус држачи за чаши, простор за лап топ или А4 документи како и простор за складирање под седиштето.

    Поставете ја идеалната температура за вас и вашиот сопатник

    Со опционалната Двозонска Електронска Автоматска Климатизација (DEATC) можете да поставите температура за вас и вашиот патник и системот ќе ја оддржува со напредната климатизација.

    Quickclear загревано ветробранско стакло

    Оваа паметна опција е дизајнирана да го забрза вашето тргнување во ладните утра. Само притиснете копче и вградените загревани елементи ќе го стопат мразот или снегот за секунда, иако надвор може да бидат степените под нула.

    Ford Easy-Fuel, за да неможе да го промашите горивото

    Оваа карактеристика прави да е скоро невозможно да наточите погрешно гориво, поради тоа што погрешниот пиштол за точење нема да го собере. Плус со тоа што Ford Easy-Fuel е систем без капаче вие никогаш повеќе нема да бидете со валкани раце после точење гориво.

    Отворајте и затворајте ги вашите прозори со еден допир

    Со допир на копче можете целосно да ги отворите и затворите и возачкиот и патничките прозори, или одделно да ги подесите доволно за да влага воздух колку пто ви одговара.

    Надворешни автоматски преклопливи ретровизори

    Лесно е да се оштетат страничните ретровизори кога возите во тесни простори или паркирате во тесни улички. Опционалните електрични надворешни ретровизори сами се преклопуваат со допир на копче со цел да се избегне несакана штета. Ти се и загревани за да имате јасен поглед наназад и при ниски температури. Тие исто така се и со странични индикатори. 

    Полица која помага кабината да биде средена

    Складишна полица на возачот и совозачот го ефектуира секако неискористениот простор, со тоа што ја чува кабината средена и предмети лесни на дофат.

     

     

     

Bookmark & Share