Практичен, вреден, со ниски трошоци за одржување

Потполно новиот Transit Connect ви обезбедува флексибилен товарен простор се од 3.6 метри кубни(4,4 метри кубни кога флексибилниот преден товарен простор е користен) и 1.000 килограми товарен капацитет. Генијални и корисни карактеристики помагаат да се заштити вашиот товар и вашето возило од строгите мерки на работничкиот живот. А бидејки комбето е направено според жестоки стандарди за возила, не само што е направено да трае, туку е дизајнирано да го сведе трошокот за одржување на минимум. Многу карактеристики и технологии се достапни во Л1 (верзија со кратко меѓуоскино растојание) и Л2( верзија со долго меѓуоскино растојание), но вие можете да споредите практичните разлики во одделите за  Типови на каросерија и Капацитет


  • Менаџмент на товарот

    Продуктивно комбе е и профитабилно комбе. Па така потполно новиот Transit Connect e направен да го максимизира достапниот товарен простор и товарна должина( се до 2.15 метри со преграда во Л2 моделот) Иновативна преграда за товар ви овозможува да натоварите предмети и до 3.0 метри долги во Л1 моделот и 3.4 метри во Л2 моделот. Товарот и истоварот се исто така дизајнирани да бидат најбезбедни и најлесни што може.

     

    Простор за долги предмети со преграда за товар

    Достапна во сите верзии на комбето со двојни предни седишта, генијална товарна преграда ви дозволува да пренесувате предмети кои се се до 3 метри долги во верзијата со кратко меѓуоскино растојание(Л1) и се до 3.4 метри во верзијата со долго меѓуоскино растојание (Л2). Преградата има преклоплив отвор на дното низ кој можете да лизгате долги предмети во товарниот простор под предните патнички седишта. Позади преградата има простор за две Евро палети (во Л1) или 8’x4’ табли материјал (во Л2).

    Сега во кабината има место за седење за три патника

    Потполно новиот Transit Connect e достапен со двојни предни патнички седишта, кои ви овозможуваат да седите и до три патника во комбето. Централното седиште може да биде исто така преклопено правејки згодна рамна површина за работење на лап-топ и може да се преклопи нагоре за да се ослободи корисен простор за складирање.

    Точки за врзување кои ќе го обезбедат вашиот товар

    Точки за врзување кои се монтирани на страничниот зид ви помагаат да го одржите подот чист и се исто така ДИН и ИСО согласни. Постојат и странични држачи за товар монтирани на висина на половината и на висина на рамената, кои можат да носат до 30 кг товар.

    Посветол товарен простор за побезбедно и полесно товарење

    Нови светилки во товарниот простор се двојно посветли од оние на претходните модели и се вградени во серија. Вие исто така можете да ја одберете и опцијата на ултра светлите ЛЕД светилки.

    Заштита која е лесна за чистење во кабината и во товарниот простор

    Гумени патосници кои помагаат да се одржи вашата кабина чиста, високо издржлив товарен под кој ги штити елементите на товарниот простор и заштита на страничните товарни кутии може исто така да помогнат да се заштити вашето комбе од удари и гребаници од секојдневниот работнички живот.

  • Трошоци на сопствеништво

     

    Долги сервисни интервали за се помалку време поминато на сервис

    Секој дел и секоја компонента на потполно новиот Transit Connect е дизајниран да ја максимизира трајноста и да оди подолго без сервисирање. Затоа сервисните интервали се на 20000 милји или една година.

    Долга анти перфорирачка гаранција за додатна сигурност

    Како мерка на вградениот квалитет на комбето, потполно новиот Transit Connect доаѓа со 12 годишна анти перфорирачка гаранција.

     

     

     

Bookmark & Share