Moќен, ефикасен, со возни особини на кола

Дизел или бензин, вклучувајки го револуционернииот 1.0л. EcoBoost мотор, потполно новиот Transit Connect ви обезбедува многу опции за возење кои ќе им одговараат на вашите специфични потреби и лични параметри. Напредните технологии испорачуваат извонредна ефикасност на горивото без компромис на перформансите, дури и кога вашето комбе е потполно товарено.


  • Моќ

    Извлечете го максимумот од вашиот бензински мотор

    Новиот 1.0 литарски 3-цилиндерски EcoBoost бензински мотор ви испорачува 100 к.с. и 170н.м вртежен момент со шест брзински мануелен менувач. Комбиниран со други технологии кои штедат гориво како Авто Старт Стоп системот, овој наградуван мотор ви ја дава целата моќ што може да ја очекувате од стандарден 1.6 литарски мотор, но постигнува околу 24% помала потрошувачка на гориво и 25% пониски CO2 емисии од само 129г/км.

    Моќни и ефикасни дизел мотори 

    Ако повеќе сакате да возите дизел, вие може да одберете една од четирите верзии на 1.6 литарскиот Duratorq TDCI дизел мотор: 75 к.с, 220н.м со петостепен мануелен менувач, 95 к.с, 230н.м со петостепен мануелен менувач или 115 к.с со шестостепен мануелен менувач. Верзиите со 75 и 95 к.с се достапни со опционални пакети за економија на горивото што вклучува: Aвто старт стоп систем, систем за активно затворање на решетката, систем за управување со акумулаторот и паметно регенеративно кочење. Постои и високо ефикасната ECOnetic опција која е специјално развиена и конфигурирана верзија на единицата со 95к.с која го вклучува и пакетот за економија на горивото, и лимитер на брзината подесив на 113 км на час.

  • Економија

    Користете помалку гориво со Авто Старт Стоп системот

    Кога вашето комбе ќе застане на семафор или работи во место во колона, оваа опциона технологија може автоматски да го исклучи моторот(сеуште снабдувајки ги со струја важните фукции како клима уредот, радиото и FordSYNC) Кога ќе бидете подготвени да тргнете, само притиснете повторно на кумплунгот, одберете прва брзина и системот се рестартира.Авто Старт Стоп системот е посебно ефективен во град и низ градските улици, кад може да ја намали потрошувачката на гориво и до 10%.

    Интелигентен систем кој ви помага да возите поефикасно

    Иновативниот Ford Eco Mode систем континуирано ги оценува ефектите од вашите навики на возење врз потрошувачката на гориво. Овој систем ја анализира вашата брзина, менување на брзина, сопирање, и нивоа на исчекување, заедно со бројот на кратки и долги патувања кои ги правите. Потоа паметниот софтвер ве советува како да ја подобрите потрошувачката на гориво.

    Подобрена аеродинамика за подобрена економија

    Кога возите полека, системот за активно затворање на решетката ја држи решетката на маската отворена за да го лади моторот. Зголемувајки ја брзината, таа автоматски се затвора, подобрувајки ја аеродинамиката и помагајки ви да заштедите гориво.

Bookmark & Share