Безбедност и сигурност на кои можете да се потпрете

Целосно Новиот Transit Courier вклучува многу паметни технологии дизајнирани да ве заштитат Вас, Вашите патници и вашиот товар. На пример, технолгии кои можат да го намалат ризикот од пролизгување во влажни и замрзнати услови, да го појача сопирачкиот напор, асистира во повикување на итни служби и да го олесни тргнувањето на нагорнина. Дополнително системи кои овозможуваат заклучување и отклучување на вратите индивидуално; аларм со сензор на движење кои помагаат да заштите што и да носите и да го вклучат алармот, дури и ако акумулаторот е исклучен.

  • Помош за возачот

    Долгиот список на технологии за помош на возачот можат да го олеснат животот, да реагираат брзо во итен случај и можат активно да работат за да спречат незгода.

    Ford SYNC со помош во итен случај: може да повика помош дури и ако вие не можете

    Важен дел од Ford SYNC што потенцијално може да спаси живот е помошта во итен случај. Во случај на незгода, кога ќе се отвори воздушното перниче или кога пумпата за гориво ќе се исклучи, технологијата може автоматски да ги повика службите за итна помош. Може да изберете да го прекинете повикот или да разговарате со службите ако имате потреба. Најважно од сè, системот ќе ги достави најважните информации, како што се координатите за GPS, дури и ако ја изгубите свеста.* *Помошта во итен случај на Ford функционира во повеќе од 30 европски земји. Оваа функција работи во комбинација со компатибилен поврзан мобилен телефон што е со вас кога ќе се отвори воздушно перниче (освен перничињата за коленото) или сензорот што регистрира судар ќе ја исклучи пумпата за гориво.

    Дополнителна контрола при поаѓање на нагорнина

    Помошта при поаѓање на нагорнина привремено спречува да се вратите назад или да тргнете нанапред кога поаѓате на нагорнина. Системот го одржува притисокот во системот за кочење за дополнителни 2,5 секунди и така ви дава повеќе време и контрола кога ја преместувате ногата од педалата за сопирање на педалата за гас. Исто така помага кога запирате и поаѓате на лизгави површини

    Максимално прилепување со минимален напор

    Напредниот систем за контрола на триењето (TCS) го елиминира преголемото пролизгување и ви го обезбедува најдоброто можно триење, изведба и стабилност кога ви е најпотребно. Системот постојано ја следи и ја приспособува моќноста што се доставува до секое тркало и обезбедува максимален контакт и триење кога забрзувате.

    Ве предупредува ако притисокот во гумите се намали

    Секогаш е важно гумите да имаат правилен притисок, затоа што така ви помагаат да заштедите гориво, да ги заштитите нив и да бидете безбедни. Затоа сензорите на системот за следење на притисокот во гумите постојано го следат секое тркало и ве предупредуваат кога има проблем за да можете да застанете, да проверите и да ја надувате гумата или да го замените тркалото.

     

     

     

  • Безбедност

    Ford постојано е меѓу првите што развиваат иновативни, наградувани безбедносни функции и технологии. Ќе откриете дека во новиот Transit Courier се вградени многу од нив и дека секоја ви помага да бидете безбедни, секогаш кога ќе седнете зад управувачот.

    Самодоверба во незгодни услови

    Стандардната контрола на електронска стабилност (ESC) опфаќа повеќе технологии кои се направени за да ви овозможат поголема контрола над возилото и поголема безбедност. На пример, сензорите постојано ја следат брзината на секое тркало посебно, стапката на скршнување на возилото (аголот и насоката) и аголот на вртење. Ако треба нагло да свртите налево или надесно, на пример за да избегнете пречка, ESC прецизно ја балансира моќноста за сопирање меѓу секое од тркалата, а може и да ја намали моќноста на моторот. Тоа помага да се избегне преголемото или премалото свртување, а возилото е постабилно и полесно за контролирање. ESC и контролата на триењето можат да го намалат и ризикот од пролизгување на влажни или замрзнати подлоги.

    Дополнителна моќност при итно сопирање

    Помошта при сопирање во итни случаи (EBA) помага да се подобри ефикасноста при сопирање во итни случаи. Системот регистрира со колкав притисок сте ја притиснале педалата за сопирање и автоматски го зголемува за да се постигне максимален ефект на сопирањето.

    Предупредување зад вас кога нагло сопирате

    Системот за светлото за итно сопирање (EBL) ги вклучува трепкачите за опасност за да ги предупреди другите возачи дека нагло сопирате.

    Намалување на ризикот од превртување

    Спречувањето на превртување (ROM) постојано го надгледува возилото и препознава опасни услови за возење што можат да предизвикаат превртување. Тогаш системот активира интервенција на ESC, ја контролира брзината и повторно ја воспоставува стабилноста.

    Напредни системи за сопирање со поголема контрола

    Системот против блокирање на сопирачките (ABS) и електронската распределба на силата на сопирање (EBD) ви помагаат да ја задржите контролата во поекстремни ситуации на сопирање.

    Напреден систем на воздушни перничиња

    Кај новиот Transit Courier се достапни следниве воздушни перничиња: за возачот, совозачот, странични, воздушни завеси (само кај Kombi) и за колената на возачот (само кај Kombi). Напредните сензори се поставени на клучни точки во возилото за да обезбедат брзо и контролирано активирање.

     

  • Сигурност

    Големиот број мерки за безбедност помагаат во заштитата на товарот и возилото од крадци: што е многу важно ако не можете секогаш да одберете каде ќе се паркирате.

    Може да изберете која врата сакате да ја заклучите и отклучите

    Новиот Transit Courier има централно заклучување на вратите од далечина како стандардна опрема. А новиот систем на заклучување е уште побезбеден. Причината за тоа е што можете да одберете да отворите само една врата, додека другите остануваат заклучени сè додека не одберете да ги отклучите и нив.

    Нов, модерен алармен систем

    Алармот за периметар што е достапен како опција помага да го заштитите возилото така што ќе се вклучи ако вратите или хаубата се отворат насилно. За уште поголема заштита (и заплашување), изберете алармен систем Thatcham од категорија 1. Овој напреден систем автоматски се активира кога ќе го заклучите возилото и вклучува силен аларм ако регистрира насилно влегување или сензорите за движење регистрираат движење во кабината или ако некој го подигне возилото. Дополнителен, независен резервен аларм Резервниот звучник со акумулатор е дополнителен алармен систем што доаѓа со опцијата за алармот Thatcham. Тој вклучува сирена кога ќе се вклучи алармот и бидејќи има сопствен извор на напојување, ќе се активира дури и ако некој го исклучи главниот акумулатор.

     

     

     

Bookmark & Share