Квалитети на автомобил во комерцијално возило

Погон на предните тркала, возачката позиција, напредно серво управување и префинет дизајн на шасијата... Transit Courier ви овозможува возачко искуство што не го очекувате од комерцијално возило. А имате и избор на погони како кај автомобилите: дизел или бензин, вклучувајќи го и револуционерниот мотор EcoBoost од 1.0 L. Дури и целосно натоварен, технологиите ECOnetic ќе помогнат да се максимизира економичноста на вашето комерцијално возило.

Дознајте како денешните дизел мотори се најчисти во историјата и играат многу важна улога во намалувањето на испуштањето на CO2
Погледнете ги најновите информации на Здружението на производители и продавачи на моторни возила

  • Моќ

    Извлечете максимум од бензинскиот мотор

    Новиот бензински мотор EcoBoost 1.0 L со 3 цилиндри има 100 КС и вртежен момент од 170 Nm со рачен менувач со 5 степени. Заедно со другите технологии за заштеда на гориво, како што е системот за автоматско стартување-сопирање, овој наградуван мотор ви ја овозможува моќноста што ја очекувате од конвенционален мотор од 1,6 литри, но постигнува околу 24% поголема економичност и 25% помалку CO2 од само 119g/km со систем за автоматско стартување-сопирање што е достапен како опција.

    Моќни и економични дизел мотори

    Ако повеќе сакате дизел мотори, може да изберете од опциите за дизел моторите Duratorq TDCi од 1,5 или 1,6 литри: 75 КС, 190Nm со со рачен менувач со 5 степени или 95 КС, 215 Nm со рачен менувач со 5 степени. Моторите со 75 КС и 95 КС се достапни со систем за автоматско стартување-сопирање како опција, додека системот за управување со акумулаторот и паметното регенеративно полнење веќе се стандардни кај сите агрегати. А моторот со 95 КС со систем за автоматско стартување-сопирање и ограничувач на брзината на 62 mph испушта само 97 g/km на CO2, што го прави најдобар во својата класа.

     

     

     

  • Економичност

    Користете помалку гориво со системот за автоматско стартување-сопирање

    Кога возилото не се движи, како на пример на семафор или во колона, оваа технологија може автоматски да го изгаси моторот (но обезбедува напојување за неопходните системи како што се климатизацијата, радиото и Ford SYNC). Кога сте подготвени за тргнување, само притиснете го куплунгот и ставете во прва брзина како и секогаш и системот ќе стартува повторно. Системот за автоматско стартување-сопирање е особено ефикасен во град и на градските улици каде што може да ја намали потрошувачката на гориво и до 10% (градско возење).

     

     

     

Bookmark & Share