Практичен, издржлив и ниски вкупни трошоци

Можеби е компактен, но товарниот простор од 2,4 m3* ви овозможува 10% повеќе товарен простор споредено со другите возила од истата класа. Зад стандардната целосна преграда, има простор за палета „Euro“ и голем товарен капацитет од 660 kg. Генијалните функции ви помагаат да го заштитите товарот и возилото од суровоста на работниот живот. А бидејќи возилото е направено според строгите стандарди за комерцијални возила, не само што е направено да трае, туку и да има минимални трошоци за одржување. 

*Измерено според ISO 3832 и методологијата VDA со преграда со мрежа со преклопување.

  • Менаџирање на товар

    Продуктивно комерцијално возило е профитабилно возило. Новиот Transit Courier е направен да го максимизира достапниот товарен простор. Земете ја преградата со мрежа со преклопување со опција за „преклопување и спуштање“ на совозачкото седиште и товарниот простор со должина од 1,62 m што е најдолг во класата може да се продолжи до 2,59 m. Тоа ви овозможува да складирате подолги работи како што се скали, цевки или талпи и да ги ставите безбедно внатре. Товарањето и растоварањето е направено да биде што е можно побезбедно и полесно.

    Простор за долги работи со преграда со мрежа со преклопување

    Преградата со мрежа со преклопување не само што ви овозможува да пренесувате товар долг до 2,59 m, туку и помага да се заштити возачот од товарот затоа што тој стои врз преклопеното совозачко седиште. Функцијата е достапна на моделите Van и вклучува преклопување и спуштање на предното совозачко седиште.

    Точки за врзување за обезбедување на товарот

    Точките за врзување што се поставени на страните помагаат да го одржите чист подот во товарниот простор и се според стандардите DIN и ISO. Исто така, на каросеријата се поставени приклучоци на висина од половината и рамената и секој може да издржи товар од 30 kg.

    Заштита што лесно се чисти во кабината и во товарниот простор

    Опцијата за гумен под ви помага да ја одржите чиста кабината, го заштитува подот во товарниот простор и помага да го заштитите возилото и товарот од ударите и гребаниците од секојдневниот работен живот.

    Посветол товарен простор за побезбедно, полесно товарање

    Новите сијалички во товарниот простор се стандардна опрема. Исто така, може да ја одберете опцијата за ултрасветло LED-осветлување ако е потребно.

     

     

     

  • Трошоци за одржување

    Добро осмислениот дизајн помага трошоците да ги сведете на миниум. На пример, задниот браник од повеќе делови, заштита од страните на каросеријата и стратешки поставени предни и задни светла помагаат да се спречи или значително да се намали штетата од несреќа. Тоа значи помала загуба на време и пари за поправки, што може да ја намали и премијата за осигурување. Високиот квалитет на изработка заедно со издржливите делови се направени за да ви помогнат да заштедите време и пари затоа што временските интервали за сервисирање се подолги.

    Ригорозно тестирање

    Сите материјали во внатрешноста на кабината беа подложени на детално тестирање за да се обезбеди максимална издржливост. А помалку оштетување и абење значи дека возилото ќе го задржи својот паметен, професионален изглед подолго време, а истовремено ќе ви помогне да ја задржите неговата вредност за препродажба.

    Заден браник од повеќе делови за лесно поправање

    За разлика од другите возила во класата, нема потреба да го замените целиот браник на Transit Courier ако има вдлабнување на едниот крај. Причината за тоа е дизајнот од 3 дела што значи дека посебните делови можат да се заменат според потребите за поевтина поправка.

    Подолги временските интервали за сервисирање за помалку време надвор од патот

    Секој дел од новиот Transit Courier е направен за да обезбеди максимална трајност и да издржи подолго време без да има потреба од одржување. Затоа интервалите за сервисирање се поставени на 30.000 km (20.000 милји) или 1 година.

    Поддршка од стручњаци од центрите за Ford Transit

    Без разлика дали поседувате едно возило или работите со цел возен парк, центрите за Ford Transit можат да ви помогнат. Во овие стручни центри работат стручњаци за продажба и обучени сервисери и на лагер ги имаат најновите возила за да ги тестирате. Тие се опремени и да ги одржуваат комерцијалните возила на Ford додека ви обезбедуваат брза услуга што ви е потребна и надвор од работното време.

     

     

     

Bookmark & Share