Конектиран работен ден, без стрес

Технологијата во Transit Custom одзема дел од секојдневниот стрес на работниот ден, едноставно правејќи го возењето по едноставно – посебно при возење во град. За уште повеќе да го поедностави работењето, кабината функционира како подвижна канцеларија, со мнногу паметни складишни зони и преклопна масичка, која е идеална за лаптоп. Истотака, Ford SYNC со гласовни команди постојано ве држи поврзани (преку мобилен телефон) и забавувани, без користење на раце. Дури и возачкото седиште е целосно подесиво, како и новиот волан, за да ви овозможи да ја пронајдете одличната, нај комотна возачка позиција. 


  • Возачка Технологија

    Transit Custom поседува неколку напредни функции дизајнирани да го направат возењето што е можно полесно.

    Полесно движење во рикверц со задна паркинг камера

    Столбови, канти, ниски зидови... задната паркинг камера ќе ви покаже се што е позади вас на екранот вграден во внатрешниот ретровизор. Не само што ќе ви помогне да ги видите работите кои инаку би ги пропуштиле, туки и ќе ви помогне да се паркирате преку прикажување виртуелни линии кои ќе ве водат до финалната паркинг позиција. Како дополнителна практичност, камерата автоматски се вклучува кога ќе го поставите менувачот во рикверц. Задната паркинг камера е достапна како опција со помош за придржување во лента. (погледнете во Безбедност и Сигурност).

    Нови, покомотни предни седишта

    Возачкото седиште е целосно прилагодливо, заедно со воланот, за да може да ја пронајдете идеалната возачка позиција. Има вгаден потпирач за рака и прилагодлива лумбарна поддршка како и загревани седишта кои се опција. Всушност, додека седиштата ви нудат издржливост која се очекува од комерцијално возило, тие истотака ви нудат комотитет кој може да го најдете во автомобил. Значи без разлика дали имате потреба од комбе за кратки релации или за долги патувања, вие ќе уживате во порелаксирачки ден во вашата подвижна канцеларија. 

    Се што ви е потребно за да работите додека патувате

    Кабината на Transit Custom има многу функции кои се наменети да ви помогнат во вашиот работен ден. Доколку изберете двојно совозачко седиште, централното седиште е опремено со преклоплива масичка која е доволно голема за лаптоп. Вие исто така ќе имате корист од неверојатен волумен за складирање, нудејќи 93 литри простор, скриена преграда во инструмент таблата за вашиот мобилен телефон или MP3/iPod (вклучувајќи 12V приклучок), фиока која може да собере A4 папки и секако неколку држачи за шишиња и чаши. 

    Онолку забава колку што вие посакувате

    Широк спектар од најновите инфо-забавни опции ви се достапни, вклучувајќи во највисокиот пакет: DAB радио, CD, USB приклучок, мулти-функционален екран, навигација за цела Европа, задна паркинг камера, Ford SYNC и софистицирано поставување на звучниците.

    Брисачи кои автоматски се прилагодуваат на дождот

    Брисачите со сензори за дожд се активираат во истиот момент кога ќе детектираат влага на вашето ветробранско стакло, потоа подесете го нивното темпо за да се справите со временските услови. Истотака може да изберете од шест нивоа на осетливост, со што ќе поставите на која количина на влага брисачите да се активираат. Брисачите со сензор за дожд се достапни како опција со автоматски предни светла. 

    Предни светла кои автоматски се вклучуваат кога ќе притребаат

    Transit Custom е опремен со сензори кои детектираат светлина дури и кога се намалува, и тогаш автоматски се вклучуваат предните светла со што го намалуваат ризикот при возење за време на зајдисонце. Тие исто така се вклучуваат кога влегвате во тунел. Автоматските предни светла се достапни како опција со сензори за дожд.

    Quickclear загревано ветробранско стакло

    Само притиснете копче и вградените загревани елементи ќе го стопат мразот или снегот, за да немора вие да го гребете (достапно како опција).

    Ford Easy-Fuel, за да неможе да го промашите горивото

    Оваа карактеристика прави да е скоро невозможно да наточите погрешно гориво, поради тоа што погрешниот пиштол за точење нема да го собере. Плус со тоа што Ford Easy-Fuel е систем без капаче вие никогаш повеќе нема да бидете со валкани раце после точење гориво.

    Надворешни електрично преклопливи ретровизори

    Опционалните електрични надворешни ретровизори сами се преклопуваат со допир на копче со цел да се избегне несакана штета. Ти се и загревани за да имате јасен поглед наназад и при ниски температури. Тие исто така се и со странични индикатори.

    Автоматско долго светло. Ви помага за подобра видливост без да им пречите на другите

    Корисно при ноќно возење, системот за автоматско долго светло привремено ги спушта светлата доколку детектира дека се наближува возило од спротивната насока за да не им пречи. Потоа автоматски се активира повторно давајќи ви максимална видливост. Системот за автоматско долго светло е достапно како опција со системот за придржување во коловозна лента. *Мобилен телефон поддржан од SYNC Функцијата за текстуална порака не е достапна кај iPhone.

     

     

     

  • Удобност и погодност

    Паметен дизајн, осмислена внатрешност и врвна технологија се во комбинација да ви го направат работењето по комотно и по погодно како и повеќе поврзаност за возачот на Transit Custom.

    Ford SYNC. Напредна хендс-фри технологија

    Со гласовните команди на Ford SYNC може да ја контролирате вашата музика. Можете исто така да извршувате телефонски повици, без користење раце, користејќи едноставни гласовни команди. SYNC исто така ви овозможува да пуштате музика од USB или MP3/iPod, или да проследувате музика од вашиот мобилен користејќи ги истите едноставни гласовни команди. Се за да може константно да бидете со рацете на управувачот и пчите на патот. Уште една важна карактеристика е Emergency Assistance. Доколку вашиот телефон е поврзан со SYNC, оваа технологија може да го искористи да ви помогне да ги повикате итните служби доколку детектира дека сте имале сообраќајна несреќа

    Сензори кои го одземаат стресот при паркирање

    Опционалните паркинг сензори ви помагаат да процените колку слободен простор имате од позади и од напред. Кога ќе детектираат предмет, активираат звучен сигнал кој се засилува колку поблиску сте до предметот. Оваа опција е дизајнирана да ви помогне да се паркирате по самоуверено.

    Полсено маневрирање навечер

    Навечер, кога треба да свртите во тесен свиок, Transit Custom ви помага со новите свиочни светла (опција). Се активираат при брзини помали од 50км/ч, кога воланот е свртен или страничните трепкачи се активирани. Свиочното светло е позиционирано во горниот дел од предните светла и се вклучува автоматски да ја осветли адекватната страна од патот, да ви помогне по јасно да ја гледате. На тој начин може полесно да маневрирате. 

    Помалку заморни и по економични патувања

    Темпоматот со подесивиот ограничувач на брзина ви помага да останете во предходно поставената брзина. Ова ќе ви заштеди гориво, намали шансата да ја прекорачите дозволената брзина и како секој темпомат, да ја оддржи брзината за вас за да немора цело време да мислите на неа.

     

     

     

Bookmark & Share