Извонреден товарен простор и повеќе

Форд Транзит има високо заслужена репутација за способност и практичност. Потполно новиот Transit Custom е произведен со многу генијални и практични дизајнерски особини кои ќе ви помогнат да работите полесно и поефикасно – од исклучителниот товарен простор(и извонреден пристап до него) се до уникатен, интегриран багажник за на покрив. Идентично важно, возилото е дизајнирано за да ги задржи најниските можни трошоци за одржување, со сервисни интервали од 12500 километри или една година како и 5 години гаранција. Така Transit Custom не само што ќе ве поштеди од дополнителни обврски преку вашиот работен ден, туку и ќе ви заштеди значителни суми на пари на долг рок.


  • Распоред на товарот

    Уникатен товарен простор

    Transit Custom има уникатна карактеристика дизајнирана да го продолжи товарниот простор. Преграда со полна висина и ширина го дели товарниот дел од патничката кабина која исто така има средишен товарен ходник на нивото на подот. Ова ви овозможува товарна должина од 3 метри преку задните врати, се до просторот под двојните патнички седишта на комбето, дури и во верзијата со кратко меѓуоскино растојание. Оваа паметна карактеристика ви овозможува да чувате вредни материјали во внатрешноста на вашето возило, наместо видливо на покривот.

    Интегриран багажник за на покрив ја подобрува погодноста, економијата и бучавата

    Уникатен, иновативен багажник за покрив, се преклопува на исто ниво со покривот кога не се користи. Ве поштедува од непријатноста да го остранувате стандардниот багажник и ви дозволува да поминете под 2 метри висински забрани. Тој исто така ви помага да заштедите гориво, намалувајки го коефициентот на отпор на воздухот, и ја намалува бучавата од ветрот.

    Извонреден товарен простор и пристап

    Товарниот простор на Transit Custom е импресивен во сите три димензии: должина на товарот, ширина (од тркало до тркало) и искористлива висина во ентериерот. Како резултат на тоа, лесно може да пренесе стандардни штици со димензии 8x4 со лицето надолу или исправени, три евро палети и, благодарение на уникатниот товарен простор предмети долги и до 3 метри. Се на се комбето овозможува 6 метри кубни товарен простор со преграда- а тоа е само верзијата со кратко меѓуоскино растојание. Верзијата со долго меѓуоскино растојание нуди 6.8 метри кубни простор. Пристапот до товарниот простор е без конкуренција исто така, затоа што Transit Custom има најширока странична врата за внесување на товарот, исклучителна висина за отворање и најниската задна пристапна скала. Лизгачките врати исто така имаат нов механизам за проверка кој ги држи безбедно отворени при товарење.

    Посебно дизајнирана заштита за вашиот товарен под

    Опционален и лесен за чистење товарен под кој ве поштедува од поставување ваш сопствен покрив. Овој под го олеснува ставањето и вадењето на работи, го прави бришењето побрзо и полесно и ви помага да ја зачувате вредноста на вашето комбе.

    Подобро осветлување за полесно и побезбедно товарање

    Опционално супер јако, енергетски ефикасно ЛЕД осветлување во товарниот простор е непроценливо кога работите во темни услови. Тие се исто така едноставна, но практична иновација.

    Попрактични и побезбедни ограничувања на товарот

    Точки за врзување се вообичаено монтирани на подот. Но тие можат да бидат тешко достапни кога се обидувате да го фиксирате вашиот товар. Па така Transit Custom има точки за врзување поставени над подот на страничниот дел од товарниот простор. Ова го прави подот чист од препреки, го прави пристапот полесен, ги елиминара нечистите дамки и овозможува простор кој е нов и лесен за чистење . Додатни точки за врзување се спроведени во висина на половината и рамењата, вградени во структурата на возилото кои можат да поднесат импресивни 30 килограми товар.

  • Трошоци за оддржување

    Извонредни сервисни интервали

    Напредниот  Duratorq  дизел мотор на Transit custom е исклучително економичен, траен и доверлив. Компонентите кои се предмет на вообичаеното трошење и абење исто така се дизајнирани да издржат подолго без одржување. 

    Мир со анти перфорирачка гаранција

    Transit Custom  е подржан од уверувачки долга 12 годишна анти перфорирачка гаранција

Bookmark & Share